Отворен конкурс за наградата „Илија Жупаноски“: 3.000 евра за трудови против дезинформации
Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ трета година по ред го објави конкурсот за доделување на годишната награда „Илија Жупаноски“, која се доделува за исклучителен придонес во справувањето со дезинформациите во земјава.
Конкурсот опфаќа две категории: „Најдобар новинарски или стручен труд“ и „Едукативна мултимедијална содржина за млади“. Наградата за првата категорија изнесува 2.000 евра, додека за втората категорија е предвиден износ од 1.000 евра.
За првата категорија може да се пријават новинарски истражувања, анализи, проверки на факти и други стручни трудови кои се однесуваат на дезинформации, нивното ширење, влијание и можни решенија. Организаторите особено ги охрабруваат трудовите кои разоткриваат сложени или широко распространети дезинформации, анализираат нивни последици или нудат нови пристапи за справување со овој феномен.
Втората категорија е насочена кон креативни и иновативни мултимедијални содржини наменети за млади од 18 до 28 години, со цел јакнење на нивната отпорност кон дезинформации преку современи дигитални формати.
Право на учество имаат автори кои објавиле материјали во периодот од 1-ви ноември 2025 до 1-ви октомври 2026 година, во печатени, телевизиски или онлајн медиуми. Пријавените трудови ќе ги оценува комисија составена од релевантни претставници од медиумската и јавната сфера.
При селекцијата, предност ќе имаат содржини кои се однесуваат на дезинформации со висок општествен ризик, кои засегаат поширок јавен интерес и кои нудат нови сознанија или решенија, како и оние што користат креативен и ефективен пристап во комуникацијата со јавноста.
Конкурсот е отворен до 1-ви октомври 2026 година, а пријавите се доставуваат електронски на адресата [email protected].
Сите информации, како и формуларите за пријава се на веб сајтот на „Метаморфозис“, на овој линк.
- Тоа е што е
- Шведска има и свој „Див Запад“: три места што функционираат по свои правила
- Секој четврти ученик на 15-16 години се коцкал за пари, предупредува ХЕРА Млади
- „МакеДокс“ од 20 до 27 август: 71 документарец, Шпанија во фокус и над 100 гости
- Различни патишта, исти желби: Битола го одбележува 12-ти август, Меѓународниот ден на младите