Одговорно претставување

Поттикни мир!

Време на читање: 3 минути
ДЕТСКАТА АМБАСАДА „МЕЃАШИ“ СО КАМПАЊА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВРЕДНОСТИ И НА ОПШТЕСТВЕНА ПРОМЕНА

Дали живееме во мир? Што е мир за секој/a од нас? Како го препознаваме? Чија одговорност е мирот? Како да градиме подобро општество за сите? Како да ги решаваме конфликтите без насилство? Како може да се поттикне мирот? Што може да направи секој/a од нас?

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Ова се само дел од прашањата што ги отвора кампањата на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, чијашто цел е, преку мировното образование, поттикнување заеднички и индивидуални акции што би придонеле кон градењето мир. Зашто, како што вели овој тим: „Мирот не е само отсуство на војна, ниту моментна состојба, туку константен процес, кој директно зависи и од нашите акции“.

– Глобалната пандемија ги изнесе на виделина и одново ги нагласи проблемите со кои се соочува човештвото, а донесе и сосема нови предизвици. Чувствувајќи се затечени и преплавени од, глобално, лошата состојба, на сите нас повеќе од кога било ни е потребно заедничко дејствување, конструктивност, акција и добри дела за да ја подобриме состојбата и да се охрабруваме да градиме заедничка подобра иднина – велат од „Меѓаши“.

Од Првата детска амбасада нагласуваат дека се фокусираат на човековите вредности и на преземање акција, поттикнување промена на локално и на индивидуално ниво:
– Сите ние имаме општествена одговорност да го градиме и одржуваме мирот.

Затоа, тие повикуваат на вклученост на секој од нас зашто, како што додаваат: „Повеќе од јасно е дека светот и секој човек, на едно поинтимно, индивидуално ниво, има потреба од дела на добрина, а уште повеќе од заедничка акција и, пред сѐ, комуникација!“

Важно е секојдневно да придонесуваме


–  Да поттикнуваме емпатија, разбирање и солидарност, да се залагаме за родова еднаквост, да градиме заедничко живеење, да комуницираме и да слушаме повеќе, да ги учиме новите генерации да не се плашат да дискутираат за работите што им се нејасни или непознати, постојано да  промовираме ненасилство.

– Да поттикнуваме разговор на овие теми, со нашите блиски или со некој што не го знаеме, разговор со некој помлад или повозрасен, да дејствуваме, сами или здружени.

– Да поттикнуваме разговори на овие теми меѓу родителите и децата, наставниците и учениците. Место навредување, критикување, казни и закани, на децата им се потребни родители и наставници од кои ќе можат да учат за човековите вредности и кои ќе им овозможат атмосфера на љубов, меѓусебно прифаќање, доверба, сигурност, почитување, поддршка.

Залагај се за праведност!

Еднаквост е кога сите луѓе се рамноправни. Еднаквоста ја подразбира различноста, односно подразбира еднаков третман на различни луѓе. Еднаквоста е важна во сите сфери на животот, општествената, политичката, економската, правната итн. Во свет во кој во мигов се активни повеќе од 40 конфликти, во кој повеќе од 690 милиони луѓе легнуваат гладни секоја вечер, а 125 милиони деца не одат во училиште (од кои 70 проценти се девојчиња), повеќе од потребно е постојано да работиме за сите човечки суштества, навистина, да се раѓаат слободни и еднакви, со достоинство и права. Поттикни мир преку залагање за праведност!

#ПоттикниМИР #NxitPaqe #PotakniMir #UštavipeSansari #SustsãniIrinji #BarışıTeşvikEt

Повеќе информации за кампањата:

http://www.childrensembassy.org.mk/mirovno-obrazovanie.nspx

https://www.facebook.com/detskaambasadamegjashi

https://www.instagram.com/firstchildrensembassy/

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар