Час по родови прашања

Рурална супер моќ – кога жена менаџира дом, семејство, нива, задруга

Време на читање: 4 минути

Со­ли­дар­ност, при­до­нес за за­ед­ни­ца­та, под­др­шка, со­ра­бо­тка, здру­же­но и за­си­ле­но дејс­тву­ва­ње. Освен што се за­лож­би на за­дру­гарс­тво­то, овие еле­мен­ти се клуч­ни за зем­јо­дел­ки­те. Ру­рал­ни­те сре­ди­ни но­сат пре­диз­ви­ци, осо­бе­но за же­ни­те што жи­ве­ат та­му, а за­дру­гарс­тво­то се чи­ни ка­ко ед­но од ре­ше­ни­ја­та што функ­ци­о­ни­ра­ат во пра­кти­ка.

„Ру­рал­на ко­а­ли­ци­ја“ но­си по­да­ток де­ка 38 про­цен­ти од же­ни­те во ру­рал­ни­те сре­ди­ни се сме­та­ат за еко­ном­ски актив­ни, а ре­чи­си ед­на по­ло­ви­на од нив, по­точ­но 47 про­цен­ти, вр­шат неп­ла­те­на ра­бо­та во се­меј­ни фир­ми.
„Же­на­та е таа што го во­ди се­меј­но­то зем­јо­дел­ско сто­панс­тво, ги ра­ко­во­ди фи­нан­си­и­те, при­до­не­су­ва кон ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја­та на зем­јо­дел­ско­то про­из­водс­тво, но и ги ис­пол­ну­ва до­маш­ни­те об­вр­ски. Ток­му еко­ном­ско­то за­си­лу­ва­ње на же­на­та од ру­рал­на­та сре­ди­на тре­ба да го на­ма­ли ја­зот што по­стои ме­ѓу же­ни­те и фи­нан­си­ски­те ре­сур­си, ме­ѓу по­тен­ци­ја­лот на же­ни­те и уло­га­та што се оче­ку­ва од нив во оп­штес­тво­то“, се ве­ли во до­ку­мен­тот „Економско јакнење на жените од руралните средини – предизвик, можност или недостижна цел

Су­за­на Ди­ми­три­ев­ска е ме­ѓу ре­тки­те ме­на­џер­ки на зем­јо­дел­ска за­дру­га. Таа е упра­ви­тел­ка на „Еко Илин­ден“ од Му­ста­фи­но, за­дру­га што про­из­ве­ду­ва ор­ган­ско ви­но, а се за­ни­ма­ва со ло­зарс­тво, по­ле­делс­тво и со про­из­водс­тво и со про­даж­ба на сточ­на хра­на.

– Мно­гу е те­шко же­на од ру­рал­на сре­ди­на, ка­де што не­ма си­стем на под­др­шка ка­ко во гра­до­ви­те, ов­де мис­лам, пред сè, на гра­дин­ки за згри­жу­ва­ње де­ца, ре­сто­ра­ни за да ку­пи хра­на бр­зо и да не го­тви, да се ре­ши са­ма да во­ди и да е но­си­тел на сто­панс­тво. Та­ка, же­ни­те ре­тко се вклу­чу­ва­ат во зем­јо­дел­ско про­из­водс­тво, иа­ко та­му е нив­ни­от се­ри­о­зен по­тен­ци­јал – ве­ли Ди­ми­три­ев­ска.

Спо­ред „По­ве­ќе­ди­мен­зи­о­нал­на­та ана­ли­за на си­ро­ма­шти­ја­та“ на На­ци­о­нал­на­та фе­де­ра­ци­ја на фар­ме­ри, ко­га ста­ну­ва збор за из­вор на се­ме­ен при­ход, до­ма­ќинс­тва­та што жи­ве­ат со зем­јо­дел­ски при­ход се ран­ги­ра­ни на вто­ро ме­сто спо­ред ни­во­то на си­ро­ма­шти­ја (57,4 про­цен­ти), со нај­ви­со­ко ни­во за­бе­ле­жа­но кај се­мејс­тва со при­ход од со­ци­јал­на по­мош (90,6 про­цен­ти). По­ве­ќе од ед­на по­ло­ви­на од ру­рал­ни­те же­ни (58 про­цен­ти) не­ма­ат лич­ни при­ма­ња, што е двој­но по­ве­ќе од ма­жи­те во ру­рал­ни­те об­ла­сти.

Ди­ми­три­ев­ска по­јас­ну­ва де­ка за­тоа е клуч­на ед­на од ос­нов­ни­те це­ли на за­дру­гарс­тво­то – под­др­шка­та на ло­кал­на­та за­ед­ни­ца. Та­ка, оваа зем­јо­дел­ска за­дру­га се раз­ли­ку­ва и по­ра­ди тоа што се вло­жи­ле на свој на­чин:

– Акти­ви­рав­ме не­кол­ку са­мо­хра­ни мај­ки, ги вклу­чив­ме во про­из­водс­тво на зем­јо­дел­ски про­из­во­ди. Тие со тоа обез­бе­ду­ва­ат хра­на за сво­е­то се­мејс­тво, а дел и про­да­ва­ат, со што се за­си­лу­ва­ат и еко­ном­ски – ре­че Ди­ми­три­ев­ска.

Се на­вра­ќа на функ­ци­о­ни­ра­ње­то на со­ци­ја­ли­стич­ки­те за­дру­ги, ко­га за­дру­га­та во Му­ста­фи­но на­пра­ви­ла мост пре­ку ре­ка­та.

– То­гаш за­дру­ги­те беа фи­нан­си­ски моќ­ни. Пра­веа па­ти­шта до по­ли­ња­та, има­ше до­пол­ни­те­лен фонд што ги одр­жу­ва­ше па­ти­шта­та ко­га ќе за­вее снег. Тоа се ос­нов­ни ра­бо­ти – гри­жа и од­го­вор­ност, под­др­шка на ин­фра­стру­кту­ра, кои се­га се дел од уло­га­та на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва. Ко­га би би­ле за­дру­ги­те фи­нан­си­ски моќ­ни, ве­ру­вам де­ка ќе мо­жат да пра­ват ва­кви актив­но­сти.

Стра­те­ги­ски раз­вој на се­кто­ри и нив­но по­вр­зу­ва­ње

Бро­јот на ре­ги­стри­ра­ни зем­јо­дел­ки во пос­лед­ни­те две го­ди­ни бе­ле­жи на­го­рен тренд. Та­ка, спо­ред по­да­то­ци­те на Ми­ни­стерс­тво­то за зем­јо­делс­тво, шу­марс­тво и во­до­сто­панс­тво, од око­лу 170.000 се­меј­ни зем­јо­дел­ски сто­панс­тва, ре­ги­стри­ра­ни се 37.186 же­ни што се но­си­тел­ки на се­меј­ни зем­јо­дел­ски сто­панс­тва.

За по­го­ле­мо вклу­чу­ва­ње на же­на­та во зем­јо­делс­тво­то, во но­ем­ври ми­на­та­та го­ди­на бе­ше до­не­се­на и мер­ка­та 115. Таа прет­ста­ву­ва за­ед­нич­ка за­лож­ба на ра­бот­на­та гру­па за ро­до­ви пра­ша­ња во Ми­ни­стерс­тво­то за зем­јо­делс­тво, шу­марс­тво и во­до­сто­панс­тво и е пр­ва­та мер­ка што дејс­тву­ва на пот­тик­ну­ва­ње жен­ско прет­при­е­маш­тво во ру­рал­ни­те сре­ди­ни, зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на ре­ги­стри­ра­ни зем­јо­дел­ки и раз­вој на зем­јо­делс­тво­то.

По­да­то­ци на „Ру­рал­на ко­а­ли­ци­ја“, при истра­жу­ва­ње­то за еко­ном­ска­та актив­ност на же­ни­те од ру­рал­ни­те сре­ди­ни, по­ка­жу­ва­ат де­ка, од вкуп­но 347 же­ни вклу­че­ни во истра­жу­ва­ње­то, са­мо 75, или 21,6 про­цен­ти ап­ли­ци­ра­ле за фи­нан­си­ска под­др­шка од мер­ка­та 115 на­ме­не­та за акти­вен жен­ски член од се­меј­но зем­јо­дел­ско сто­панс­тво. Дел од при­чи­ни­те зо­што не ап­ли­ци­ра­ле се не­до­вол­на­та ин­фор­ми­ра­ност, ни­ски­от из­нос на средс­тва, вре­ме­то за да се обез­бе­ди по­треб­на­та до­ку­мен­та­ци­ја, не­ма­ње­то до­вол­но зна­е­ње и ка­па­ци­те­ти за по­пол­ну­ва­ње на ап­ли­ка­ци­ја­та.

Ди­ми­три­ев­ска по­јас­ну­ва де­ка же­ни­те би има­ле клуч­на уло­га и ко­га се збо­ру­ва на те­ма­та раз­вој на ре­ги­о­нот:
– Ед­на гру­па про­из­во­ди­те­ли ра­бо­ти­ме про­из­водс­тво на ор­ган­ски грав. Ако ус­пе­е­ме со­од­вет­но да го про­из­ве­де­ме и во до­бри ко­ли­чи­ни, мо­же­ме да го из­ве­зу­ва­ме, но и да го сме­ни­ме опи­сот на ло­кал­но­то на­се­ле­ние и на це­ли­от ре­ги­он, мо­же ре­ги­о­нот да ста­не поз­нат по ор­ган­ски грав. Та­ка, во со­сед­на Гр­ци­ја, на при­мер, си­те про­из­ве­ду­ва­ат ла­ван­да и има це­ли ре­ги­о­ни што се поз­на­ти по тоа – ве­ли таа.

Гле­да­но од биз­нис-точ­ка, ве­ли Ди­ми­три­ев­ска, за­дру­ги­те се важ­ни по­ра­ди на­ма­лу­ва­ње на ми­ни­мум на ри­зи­кот во биз­ни­сот.

– Здру­же­ни де­ли­ме ри­зик. То­ва­рот врз еден сто­панс­тве­ник е мно­гу по­мал – на при­мер, за­ед­нич­ки по­лес­но се по­пол­ну­ва кво­та што тре­ба да ја про­из­ве­де­ме. Или, ако има­ме кли­мат­ски не­по­го­ди во еден ре­ги­он, со за­дру­гар од друг ре­ги­он ќе ги над­ми­не­ме и овие пре­диз­ви­ци. Здру­же­ни, го на­ма­лу­ва­ме на ми­ни­мум ри­зи­кот и при тро­шо­ци за ре­про­ма­те­ри­ја­ли, на­ба­вка. Де­ли­ме ин­ве­сти­ции за ма­ши­не­ри­ја, сам зем­јо­де­лец не­ма да мо­же да на­ба­ви. Не е исто еден да ку­пи тра­ктор и 20 да го по­де­ли­ме тро­шо­кот – ве­ли Ди­ми­три­ев­ска.

За­дру­ги­те – нај­стар об­лик на здру­жу­ва­ње на про­из­во­ди­те­ли­те

За да се збо­ру­ва за уло­га­та на за­дру­ги­те во за­си­лу­ва­ње на же­ни­те во ру­рал­ни­те сре­ди­ни тре­ба пр­во јав­но­ста да има по­ве­ќе по­да­то­ци и за при­до­би­вки­те што ги но­сат за­дру­ги­те.

Ма­ке­дон­ска­та асо­ци­ја­ци­ја на зем­јо­дел­ски за­дру­ги, ме­ѓу дру­го­то, при­до­не­су­ва за за­си­лу­ва­ње на по­зи­тив­ни­те со­ци­јал­ни про­ме­ни во зем­јо­дел­ски­от се­ктор, зго­ле­му­ва­ње на све­ста на зем­јо­дел­ци­те за при­до­би­вки­те од за­дру­ги. Пре­тсе­да­те­лот на Управ­ни­от од­бор на МААЗ, Мен­де Ива­нов­ски, наг­ла­су­ва де­ка здру­же­ни­те про­из­во­ди­те­ли мо­жат по­лес­но да се вкло­пат на па­за­рот и во оп­штес­тве­на­та по­дел­ба на тру­дот, мо­жат по­е­фи­кас­но да ја из­др­жат кон­ку­рен­ци­ја­та  и са­ми да ја кон­тро­ли­ра­ат, по­вол­но да на­ба­ву­ва­ат ре­про­ма­те­ри­ја­ли, по­лес­но да дој­дат до кре­ди­ти, но и да вр­шат спе­ци­ја­ли­за­ци­ја и по­дел­ба на тру­дот вна­тре во са­ми­те за­дру­ги.

– За­тоа ни се по­треб­ни за­дру­ги што, во су­шти­на, се нај­ста­ри­от об­лик на здру­жу­ва­ње на про­из­во­ди­те­ли­те, но и до­вер­ба во мо­де­лот, зна­е­ње, пла­ни­ра­ње, по­све­те­ност.

Да ги вклу­чи­ме мла­ди­те за да ви­дат ка­ко мо­жат да при­до­не­сат

– Де­нес зем­јо­делс­тво­то по­драз­би­ра и ИТ-тех­но­ло­гии. Си­гур­на сум де­ка млад чо­век што се гра­ди во оваа об­ласт со за­до­волс­тво би ра­бо­тел во зем­јо­делс­тво. Но, за ова е по­треб­но пр­во и во сред­но да им се прет­ста­ви ка­ко по­зи­тив­на гран­ка, а по­тоа да слуш­нат и на фа­кул­тет, да ги по­вр­зат еле­мен­ти­те. Тех­но­ло­ги­ја­та е мно­гу по­треб­на. На при­мер, ние има­ме проб­лем со на­вод­ну­ва­ње, а оз­до­ла, зем­ја­та во не­кој слој има огром­но ко­ли­чес­тво во­да. За ова тре­ба тех­но­ло­ги­ја, да мо­же да се упо­тре­би, не мо­ти­ка – ве­ли Ди­ми­три­ов­ска.

Напишете коментар