Во објаснувањето за победничкото дело на илустраторката и дизајнерка, со која „Лице в лице“ соработува во делот на честитките, Добри картички и насловници, покажува како љубовта ги надминува заедниците и поврзува различни луѓе без разлика на нивното потекло.
Нашата илустраторка и дизајнерка, Ружица Мандичевска (Руки Чуки), која живее и работи во Лондон, победи на повик за мурал кој се наоѓа на еден од ѕидовите на „Саутсајд шопинг центарот“, во срцето на Вандсворт, населба во главниот град на Обединетото Кралство.
Во објаснувањето на повикот се вели:
„Победничкиот мурал има светли бои кои ја прикажуваат живоста и различноста во заедницата, демонстрирајќи не само низа различни култури и потекла, туку и многу ликови во една личност. Исто така, покажува како љубовта ги надминува заедниците и поврзува различни луѓе без разлика на нивното потекло.“
Во продолжение, објавуваме кус разговор со Руки за нејзината инспирација за облагородување на ова место во нејзиното маало.
Kако се случи соработката со шопинг центарот во Лондон?
Пред неколку месеци, нашиот локален шопинг центар и општината објавија јавен конкурс на кој што се пријавив и јас. Помина доста време и ми соопштија дека сум дел од потесниот круг. Подоцна, ми соопштија и дека сум победникот. Супер вести 🙂
Koja беше твојата инспирација пак, за тоа што го гледа јавноста на муралот?
Инпирацијата дојде првично од мојот крај каде што живам од кога сме преселени во Лондон. Концептот се вика “The Bench Of Love” (клупа на љубовта). Клупата е многу важен дел во нашето секојдневие. Многу моменти поминати на купа, во училиште, во парк, кога се чекаме некаде, додека одмараме, зиме, лете… Никогаш не сум обрнала внимене на тоа а многу, многу време се поминало на клупа 🙂 Тоа беше почетокот на идејата. Потоа, сето тоа се надополни со една лимитирана колор палета инспирирана од нашата населба, боите околу нас, луѓето, нашата локална заедница. Сето ова ја надополни скицата со илустрирани карактери.
Тука е и клупата, какво е пак, нејзиното значење?
Како што ги анализирав луѓето околу мене што седат на клупа, така и си ги замислив моите карактери – седнати на оваа посебна клупа на љубовта. Во Лондон има клупи на пријателството (најчесто во училишта) и тоа беше огромен дел од инспирацијата. Има исто така и меморијални клупи кои што си имаат па друго значење. Оваа клупа на љубовта сакав да биде посебна точка во нашата населба, особено што просторот е во еден не многу популарен дел од овој шопинг центар. На овој начин, ќе му даде екстра значење, светлина и боја. Сега и општината веќе се согласи дека треба сè ова да се заокружи со една посебна обележана црвена клупа пред муралот што е супер!
Најави ново поглавје од твојата работа. На што се однесува тоа? На што работиш периодов?
Периодов е интересен за мене затоа што го чувствувам како некое враќање кон моите лични интереси, уметност, креирање и работа на себе. Тоа е моето ново поглавје. Малку треба да се разбудат и другите сетила освен мајчинството 🙂
Прочитајте и за други теми
- Ни треба противотров од штетната употреба на социјалните медиуми
- Почина писателката Оливера Николова
- Како започнавме и каде сме денес: Како се развива одржлив моден бренд?
- Најголем предизвик за младите денес е да живеат во реалноста
- „Лице в лице дурбин“ – Работилница за кокреирање приказни кои прават промена