Велика Британија забрани употреба на пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши
Забраната за пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши стапи на сила во Англија.
Оваа одлука првично требаше да почне да се применува во април, а, според неа, продажбата на тие артикли е ставена надвор од законот. „Би-Би-Си“ пренесе дека се проценува дека луѓето во Англија годишно употребуваат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони лажички за мешање и 1,8 милијарди стапчиња за уши.
Борците за заштита на животната средина ја поздравија ваквата одлука.