Лице в лице интервју, Магазин

Бизнис-партнерства што создаваат вредности

Време на читање: 7 минути

ИНТЕРВЈУ СО ЕН-СОФИ ГУНАРСОН, ИКЕА

За­на­ет­чии од различни земји во светот, кои се соочуваат со општествени и со социјални предизвици, но­сат нова вредност преку партнерство со светската марка ИКЕА. Од една страна, компанијата до­би­ва уникатни предмети за разубавување и функционалност во домот, а дејствувајќи на полето на одрж­ли­ви­от развој има и подобар брендинг, а, од друга, влијае на обезбедување интеграција за ран­ли­ви сограѓани, поттикнува процеси на инклузија, вработување и поставува важни оп­штес­тве­ни прашања.
Со Ен-Софи Гунарсон, менаџерка на одделот за нови партнерства и соработка во шведската марка ИКЕА, се запознавме на Форумот на добри компании, каде што таа беше меѓу главните говорници.
– Оп­штес­тве­на промена и интеграција се основни точки и за бизнисот – децидна е Гунарсон.

Со неа разговараме токму за соработката со социјалниот бизнис и за промената што ја прават за­ед­но. Носи инспиративна приказна, со професионално искуство во маркетинг, развој на дигитални про­из­во­ди и менаџирање промена во компанијата. Самата вели дека ѝ е важно што има можност да работи на засилување ранливи луѓе:
– Са­кам да ги поврзам веб-развојот и развојот на интернет со ранливите луѓе. Интернет-сферата ну­ди начин да ги засилиме луѓето. Добивате пристап до знаења, содржини, информации, кои, ина­ку, на некои луѓе не би им биле достапни. ИКЕА постигнува многу со интегрирање на со­ци­јал­но­то претприемаштво во нашиот синџир на вредности и со создавање инклузивни работни места за маргинализираните и ранливи луѓе или граѓани, кои од различни причини се далеку од пазарот на труд – посочува Гунарсон.

Уникатност, долгорочност и лојалност

Гу­нар­сон бележи и идентификува социјален бизнис што нуди производ што може да се продава под името на ИКЕА, а во кој се вклучени како кокреатори. Заеднички го развиваат производот, има­ат заеднички бизнис-тимови и тимови за развој.  Соработката меѓу ИКЕА и социјалниот биз­нис, како што појаснува Гунарсон, најчесто се однесува на пазари каде што нема добро развиени си­сте­ми за социјална заштита и државни структури што на сигурен начин ги поддржуваат ран­ли­ви­те граѓани.

– Тие со кои соработуваме се приватни претпријатија или се здруженија на граѓани, а прават ви­стин­ска разлика. Тие можат да бидат инспирација бидејќи создаваат придобивки за ком­па­ни­и­те со кои соработуваат. Не станува збор за филантропија бидејќи ова е социјален бизнис!

Гу­нар­сон посочува дека е важно што во овие социјални претпријатија гледа потенцијал за пораст.
– Збо­ру­вам дури и за глобален пазар, па и да станат редовни снабдувачи на ИКЕА. Социјалните прет­при­ја­ти­ја што се наши партнери имаат уникатни вештини, изработуваат ракотворби или нив­ни­от бизнис припаѓа и на циркуларната економија. Тоа е една придобивка што ние ја спо­де­лу­ва­ме со нашите клиенти, тоа е уникатно, а за бизнис како ИКЕА уникатноста има големо значење – по­со­чу­ва Гунарсон.

Збо­ру­вај­ќи за клучните придобивки од ваквата соработка, таа нагласува и дека производите се од одрж­ли­ви или сурови материјали или, пак, ја применуваат циркуларноста како принцип во ра­бо­те­ње­то.
– Друг важен елемент е што нашите партнери размислуваат долгорочно. Овие социјални прет­при­ја­ти­ја не мислат на тоа да постигнат максимален профит за сопствениците, туку гледаат дол­го­роч­но како можат да ги унапредат бизнис-моделите за да можат да адресираат социјални и оп­штес­тве­ни предизвици преку бизнис. Ова, исто така, значи долгорочно влијание во општеството. Ви­стин­ска­та придобивка за 10 години значи дека се поттикнало размислување во нашето оп­штес­тво на кое сега никој не мисли, не го гледа – се ангажирале, се вработиле луѓе, кои, инаку, не би ја има­ле таа можност, некои материјали не завршиле на депонија, туку од нив е направен нов про­из­вод. Ова е стратегиски пристап. Социјалните претпријатија со кои соработуваме, исто така, вра­бо­ту­ва­ат луѓе, кои, со сличен менталитет на овој, остануваат во компаниите токму поради мисијата што ја имаат овие фирми – да направат промена. Ваквите луѓе се лојални и остануваат многу по­дол­го на работните позиции бидејќи работата не им носи само плата, туку подлабока смисла, ми­си­ја – вели таа.

Трансформација од печатен каталог кон комплексен веб-сајт што нуди интеракција

Неј­зи­но­то патување во ИКЕА почнува во 2005 година, како проектен менаџер за развој на веб-ре­ше­ни­ја. Споделува дека во тој период компанијата немала развиено присуство на интернет, па бил клучен процесот на менаџирање на промената, која била неопходна за бизнисот.
– Бе­ше основно да објаснам зошто воопшто на ИКЕА ѝ е потребно присуство на интернет. Тогаш има­ше каталог, обемен материјал, за кој сите мислеа дека е доволен – вели таа.

Гу­нар­сон појаснува дека работејќи како  заменик-менаџер во ИКЕА во Шведска, знаела дека про­ме­на­та може да дојде од неа. Така, лансирањето на концептната платформа „Одржливи решенија до­ма“ бил нејзиниот прв исчекор кон ново поле во нејзината професионална кариера во ИКЕА.

– Чув­ству­вав дека сакам да правам нешто комплетно поинакво. Идејата беше да направиме пла­тфор­ма за тоа како ИКЕА може да инспирира, да охрабри и да овозможи нашите консументи да има­ат поодржлив живот дома, преку решенија што го подобруваат знаењето, влијаат на свеста  и на употребата на нашите производи.  Зборувам за едноставни нешта, кои можат да ја намалат упо­тре­ба­та на енергија – на пример, ламби, завеси итн. Почнав нешто ново. Имав голем интерес за одржливост, приватно, живеев на тој начин, но немав формално образование. Шведска ста­ну­ва­ше пилот-пазар за глобални решенија и беше одлично време да го почнеме ова – вели таа.

По­јас­ну­ва дека партнерствата и соработката со социјалните претпријатија дошле откако создале и ре­ше­ние за глобално производство. Тоа бил следниот чекор.
– Се придружив на многу мал тим и работевме во циклуси, од почеток до крај, од наоѓање парт­нерс­тва до развивање производи што ќе бидат достапни за продажба. Ние бевме нешто како мала ком­па­ни­ја во компанија и имавме голем претприемачки дух бидејќи правевме сè од почеток, од прет­ста­ву­ва­ње, изложби, создавање стратегии за поддршка на земјите што го лансираат про­из­во­дот итн. Ова беше многу интересно и забавно, но мораше да се внимава на инфраструктурата на ИКЕА. Не можеш да користиш своја инфраструктура при ваков процес бидејќи тоа е екстремно те­шко во голема компанија. ИКЕА има многу добра функција и структурни процеси што работат од­лич­но, но само ако си дел од нив. Ако си надвор, тешко е да влезеш во приоритетите и процесите.  Ни требаа три години за тоа. Нашата социјално-претприемачка иницијатива стануваше сè по­за­бе­леж­ли­ва, сè повеќе луѓе беа свесни за нас, успеавме да ги издигнеме нашите партнери да имаат по­ве­ќе производи, да опфаќаме поголем пазар со нив. Останавме мала група, не се проширивме во број на луѓе, но се проширивме со начинот на работа затоа што сега постратегиски и тактички пла­ни­ра­ме и ги градиме внатрешните системи, ги поврзуваме тимовите за развој на производи и прет­при­ја­ти­ја­та низ светот – споделува таа.

Лидерство преку инспирација

Гу­нар­сон ја споредува работата сега, кога ИКЕА е партнер со социјални претпријатија од Азија – Ин­ди­ја, Индонезија, Виетнам, Јордан, но и од различни земји од САД и од Европа, со почетоците.
– Мно­гу е интересно и инспиративно ако се земат предвид нашите почетоци и сега. Тешко е да во­диш кога немаш целосен мандат за тоа. Немаме мандат за развој на производи или за ме­на­џи­ра­ње на партнерствата, тоа е дел што припаѓа на набавките, но имаме мандат за да поставиме на­со­ка, цели и тактика. Тоа е начинот на кој ние водиме, преку инспирација, свесност и осигурување де­ка луѓето што работат преземаат одговорност за резултатот и чувствуваат припадност и сопс­тве­ност. Само така  работите можат да растат. Затоа е важно да им се дадат тие предуслови на луѓето со кои работите – да ја чувствуваат сопственоста. За мене, херои на нашата организација се сите лу­ѓе што преземаат акција, од продажба, техничари, тие што работат директно со партнерите, ти­мот за развој, тие се мои херои затоа што преку нив се остваруваат целите.
По­со­чу­ва дека секогаш е предизвик да се донесе нов начин на размислување, да се приспособи по­стој­ни­от бизнис-модел за да се создаде нешто ново, поголемо, кое ќе донесе општествено вли­ја­ние.

Секогаш согледајте ги можностите што се нудат

Пра­ша­на за најважните сегементи на бизнис-еволуцијата и на пазарната еволуција – сплотувањето на бизнисот со општествената одговорност и неизбежните точки од кои треба да се почне, таа по­со­чу­ва дека секогаш треба да гледаме во можностите.
– Мож­но­сти­те што произлегоа од дигиталното присуство, пред сè, лежат во содржината, ви­стин­ска­та содржина што можеме да ја прикажеме на интернет. Споредено со каталог, на пример, мо­же­ме да отидеме многу чекори понапред, да воспоставиме интеракција со луѓето, да градиме не­што заедно со нив.  Се навраќам на една смешна анегдота од тогаш кога не можевме да им об­јас­ни­ме на луѓето колку е, во суштина, голем нашиот веб-сајт. Така, ги пренесовме сите чекори на хар­ти­ја, со сите потстраници. Потоа, менаџерот се шеташе наоколу со неколку метри хартија, со цел да се разбере колку многу содржина постои на веб, која е потребно да се уреди, да опре­де­ли­ме буџет за одржување, за дополнителна содржина, за да го развиваме. И потоа дојде менаџерот на каталогот и го покажа печатениот каталог од стотици странци, наспроти илјадниците листови од веб-страницата. Тоа беше добра визуализација затоа што беше презентирана комплексноста, но и длабочината што ја презентираш пред светот. Затоа е интересно да се посочи на тоа каде бев­ме пред 15 години, кога, едноставно, немавме знаење.

Рачна изработка што решава општествени предизвици

„Он иквал трмс“ е активност што компанијата ја реализира во партнерство со „Да ги спасиме децата“ (Save the Children).
ИКЕА придонесува со тоа што овозможува простор каде што младите луѓе можат да се собираат, да учат и да се дружат, а понатаму и да ги поддржи при нивно вработување. Се одвива во области во Шведска каде што живеат социјално исклучени луѓе. Соработката датира од 1994 година, кога ор­га­ни­за­ци­ја­та ѝ помогнала на ИКЕА да го создаде кодексот што се однесува на детски труд, а от­то­гаш се развива во повеќе насоки. Дел од оваа соработка се и познатите активности со изработка на кадифени играчки, кои се инспирирани од цртежи од деца.
„Ло­кал ту локал“ е уште еден од проектите што ѝ се драги на Ен Софи. Соработката со локални про­из­во­ди­те­ли од Европа и од САД, носи можност за локалната заедница, преку социјални прет­при­ја­ти­ја што се фокусирани на општествена промена, да дистрибуираат за различни видови ко­лек­ции со употреба на текстилни остатоци, кои, инаку, би завршиле во отпад. Овие производи се про­да­ва­ат во локални продавници на ИКЕА.

„Мар­ха­ба стег“ е социјален бизнис што работи со имигрантки што живеат во Шведска, кои, инаку, не би можеле да си го најдат своето место на пазарот на труд. Клиентите можат да изберат од тка­е­ни­ни­те што ги нуди ИКЕА, а преку оваа организација, се шијат навлаки за перници и завеси на­пра­ве­ни по мера.

Ини­ци­ја­ти­ва­та преку која се интегрираат бегалци на локален бизнис-пазар во Јордан е уште еден од многуте примери на партнерство на ИКЕА со социјалните претпријатија. Целта е да се при­до­не­се кон егзистенција на бегалците и, особено, на жените од Јордан, преку фондацијата  „Јордан ри­вер“. Жените од Јордан, кои се разведени, не добиваат пари од поранешните партнери, а имаат по­ве­ќе деца за кои се грижат. Вклучувајќи ги производите што ги изработуваат овие жени на па­за­рот на ИКЕА, се овозможува да заработуваат и да си го подобрат животот. Тие се вешти во рачно тка­е­ње килими и везови, техники што се користеле со генерации во Јордан.

Напишете коментар