Игнорирани потенцијали: почва, сонце, село
И ПОКРАЈ ТОА ШТО ОД СЕЛАТА НИ ДОАЃА НАЈВКУСНАТА ЕКОЛОШКА ХРАНА, СИСТЕМОТ И ПОНАТАМУ ГИ ЗАБОРАВА. АКО ПРОДОЛЖИ ОВА ТЕМПО НА ИСЕЛУВАЊЕ ЗА ДЕСЕТИНА ГОДИНИ ЌЕ ЈАДЕМЕ УВЕЗЕНА ХРАНА БЕЗ НИКАКВА ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ. ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ СКОПЈЕ, ТЕТОВО И БИТОЛА ЌЕ СТАНАТ УШТЕ ПОНЕХУМАНИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, А НАШИТЕ ПЛАНИНСКИ СЕЛА ЌЕ БИДАТ РЕЧИСИ ПРАЗНИ
Пред некое време, по повеќе години, се сретнав со една моја драга пријателка на убав настан во Тетово. Одеднаш се најдовме во разговор за селата во Македонија зборувајќи со жар колку се убави селата во Македонија и колку потенцијал за развој имаат, но истовремено и колку се тие системски заборавени. Се прашувавме што може да се направи… Се договоривме што поскоро да одиме заедно во едно шарпланинско село и да поразговараме со локалните жители за нивниот начин на живот и за нивните потреби.
Поради мојата професија – новинарство, а потоа и раководител на проекти во Македонското еколошко друштво, повеќе од 12 години патувам по нашите села, а ги истражував и причините за иселување од Галичник, како едно од најпознатите сточарски села во мијачкиот крај.
Околностите ми се добро познати како од историјата / теоријата така и од практиката. За жал, тоа на што сум сведок во последните десетина години откако често патувам по руралните средини во Западна Македонија, па последните години и во Источна Македонија, е фактот што не се празнат само селата, туку и помалите градови.
Сè поблиску сме до точката кога нема да можеме да купиме храна од локални жители
При моите теренски посети по планинските села и малите градови, сѐ поретко гледам млади на возраст од 18 до 35 години. Кај нив нема мотивза останување во родните места. Некои од нив се срамат дури и да се претстават дека потекнуваат од село, па ги кажуваат околните мали градови како место на живеење. Младите семејства најчесто се селат во градовите поради социо-економски фактори, како поплатена работа, градинка, училиште за децата, медицинска грижа и слично.
Што е следно, се прашувам често. Што ќе се случи во оној момент кога сите производители на храна, генерациите повозрасни од 50 години што живеат на село (земјоделци и сточари) ќе престанат со производство и кога веќе, буквално, ќе немаме од каде да купиме сирење, месо, компири, пченка, грав, јаболка, кога на нивните имоти ќе се направат големи фарми (по теркот на ЕУ земјите) и кога веќе храната ќе доаѓа од компании, а не од рацете на локалните жители. И каде суштински е погрешено за да не можеме да ја видиме вредноста на селанецот, земјоделецот, сточарот и да не им го дадеме значењето што, навистина, го имаат?
Целата тема е достапна во актуелното издание на „Лице в лице“ бр.40
Од кого купи „Лице в лице“?
Поддршката за продавачите на „Лице в лице“ може да ја изразите преку купување печатено издание од нашата е-продавница, со персонализиран купон: https://bit.ly/3fhM13Z
Доволно е во полето КУПОН да внесете код KupivOd (името на продавачот), а тој списанието ќе ви го испрати по пошта, или доколку сте организација или компанија, ќе ги достави списанијата до вашите простории.
Вашата поддршка може да стигне до продавачките од Poraka Negotino, Волково, (KupivOdMariche, KupivOdAnabela, KupivOdGorde, KupivOdKate и KupivOdPepi), како и до продавачите Кико и Игорче, (KupivOdKiko, IgorPoraka).
Со секое купено печатено издание од продавачките од „Порака Неготино” ќе добиете и подарок цртежи од нивните креативни работилници.
Вие читате, ние креираме. Промената ја носиме заедно.
Повеќе за акцијата – на линкот.