Магазин, Одговорна иднина

Играње „Монопол“ – вовед во финансиската писменост

Ол­га Рајчиќ и Бојан Китановиќ

На­ма­ле­ни приходи, зголемени трошоци, изгубени работни места, намалена бизнис-актив­ност, се дел од негативните ефекти што станаа секојдневие за многумина. Пандемијата ја истак­на потребата од финансиска писменост. Токму нивото на финансиска писменост на ед­на личност може да ѝ помогне во градењето капацитети и вештини за соочување со фи­нан­си­ска­та ситуација и за управувањето на сопствените финансиски ресурси.

Неопходна е поголема финансиска едукација во основните и во средните училишта

На­род­на­та банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) спроведе анкета меѓу сред­но­школ­ци­те, која укажува дека голем дел од младите имаат делумно знаење за фи­нан­си­ска­та писменост и сметаат дека имаат потреба од повеќе информации.

Тие мислат дека имаат најмалку познавање од доменот на пензискиот систем, оси­гу­ри­тел­ни­от сектор и финансиската политика. Најголем дел од нив посочиле дека за упра­ву­ва­ње на паричните средства што им се на располагање се информираат од членовите на се­мејс­тво­то, а помалку во училиштето. Овој податок ја афирмира идејата за потребата од по­го­ле­ма финансиска едукација во основните и во средните училишта.

НБРСМ спроведува активности за финансиска едукација, како клучна алка во своето ра­бо­те­ње, а финансиската едукација е една од приоритетните подрачја на институцијата. Фи­нан­си­ска­та (не)писменост, особено кај младите, како општествен проблем, е во фокусот на работа и на други организации и иницијативи од граѓанскиот сектор. Една таква ини­ци­ја­ти­ва е проектот Финансиска писменост за млади, на „Глобал шејперс Скопје хаб“ (огранок на Глобал Шејперс – ини­ци­ја­ти­ва на Светскиот економски форум), која има цел да допре до колку што е можно по­го­лем број млади и да го подигне нивото на финансиска писменост. Вклучува обуки за фи­нан­си­ска писменост, кои се во соработка со Народната банка.

Фи­нан­си­ска писменост не е нешто што се случува преку ноќ. Целиот процес почнува со бу­де­ње на интересот кај личноста да почне со истражување и со учење на овие финансиски кон­цеп­ти. Тоа може да се случи поради инспиративно предавање од некој професор, сен­за­ци­о­нал­ни наслови на вестите и на социјалните мрежи, играње „Монопол“, разговор за ин­ве­сти­ра­ње или, пак, прочитана статија во списание.

Ток­му затоа, „Лице в лице“ ќе биде уште еден канал за зголемена финансиска писменост ме­ѓу нашите граѓани. Тимот на „Финансиска писменост“ во следните изданија ќе прет­ста­ву­ва различни концепти како личен буџет, штедење, задолжување, инвестирање и оси­гу­ру­ва­ње, а со тоа, вие, како читатели, ќе добиете зголемено знаење и информации.

Во следниот број ќе добиете насоки како подобро да го управувате вашиот личен буџет, а до­то­гаш рационално трошете и заштедете барем 20 проценти од вашите приходи.

Што значи финансиска писменост?

Са­ми­от термин финансиска писменост претставува разбирање на финансиските концепти, фи­нан­си­ски­те ризици, како и поседување вештини, мотивација и самодоверба за при­ме­на на ова знаење во практика. Донесувањето ефективни одлуки и разбирањето на фи­нан­си­ски­те концепти се важни како за унапредувањето на финансиската благосостојба на по­е­дин­ци­те, така и за унапредување на општествено-економскиот развој.Са­мо финансиски писмени и едуцирани граѓани можат да донесат правилни одлуки, кои вли­ја­ат непосредно на нивниот живот и на целата економија.


(Автор­ите се дел од „Глобал шејперс Скопје хаб“)

Напишете коментар