Магазин, Одговорна иднина

Визија и демократија за обликување земја во која сакаме да живееме

Сте­фан Ива­нов­ски
Ми­рос­лав Дра­га­нов

Ка­ко актив­ни чле­но­ви на за­ед­ни­ца­та „Гло­бал Шеј­перс“, ини­ци­ја­ти­ва на Свет­ски­от еко­ном­ски фо­рум, за вре­ме на пан­де­ми­ја­та ги пот­тик­нав­ме ко­ле­шки­те и ко­ле­ги­те од на­ши­от раз­гра­нок во Скоп­је за­ед­нич­ки да соз­да­де­ме ви­зии за раз­во­јот на Скоп­је и на Ма­ке­до­ни­ја за след­ни­те 50 го­ди­ни – до 2070 го­ди­на. До­би­е­ни­те ин­фор­ма­ции се обра­бо­те­ни во Водич, кој це­ли да нѐ обе­ди­ни ка­ко оп­штес­тво, за­ед­нич­ки и се­којд­нев­но да ра­бо­ти­ме на соз­да­ва­ње по­у­бав жи­вот во кој ќе мо­же­ме да го ос­тва­ри­ме на­ши­от ли­чен и ко­ле­кти­вен сон за по­до­бар жи­вот во на­ши­от жи­во­тен век. Це­ли и да нѐ инс­пи­ри­ра да би­де­ме од­го­вор­ни со на­ша­та моќ и вли­ја­ние во гра­де­ње на на­ше­то оп­штес­тво.

Ни изг­ле­да(ше) ка­ко да не­ма­ме де­фи­ни­ра­но пра­вец кон кој са­ка­ме да се дви­жи­ме ка­ко оп­штес­тво… По­ми­наа 30 го­ди­ни од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на зем­ја­ва и во ни­ту еден пер­и­од не по­чув­ству­вав­ме де­ка Ма­ке­до­ни­ја има дол­го­роч­на, се­оп­фат­на и де­мо­крат­ска ви­зи­ја за раз­вој. На­про­тив, „ви­зи­и­те“ што ги гле­дав­ме се во вре­ме­тра­е­ње од че­ти­ри го­ди­ни, исто тол­ку кол­ку што е дол­жи­на­та на ре­гу­лар­ни­от ман­дат на ко­а­ли­ци­ја­та што ја осво­и­ла вла­ста. По след­ни­те из­бо­ри, „ви­зи­ја­та“ по­втор­но се ме­ну­ва. По­ра­ди тоа, за да ја раз­бе­ре­ме се­оп­фат­на­та дол­го­роч­на ви­зи­ја, ги де­фи­ни­ра­ме и раз­го­ва­ра­ме за два­та клуч­ни кон­цеп­та: ви­зи­ја и де­мо­кра­ти­ја.

Успехот на властите да се мери преку тоа колку ни е чист воздухот

Ви­зи­ја­та има цел да ни да­де пра­вец кон кој се дви­жи­ме. Ви­зи­ја за ед­но оп­штес­тво зна­чи де­фи­ни­ра­ње на со­стој­ба­та што са­ка­ме да ја жи­ве­е­ме во не­кое ид­но вре­ме и ко­ја е зна­чи­тел­но по­до­бра во раз­лич­ни сфе­ри од се­којд­нев­ни­от жи­вот, откол­ку со­стој­ба­та што ја жи­ве­е­ме де­нес. На при­мер, си­те мо­же да се сог­ла­си­ме де­ка са­ка­ме да ди­ше­ме чист воз­дух. Мо­же­ме да си по­ста­ви­ме на­со­ка ка­ко оп­штес­тво де­ка за 20 го­ди­ни отсе­га ќе го ди­ше­ме нај­чи­сти­от воз­дух во Евро­па. Ус­пе­хот на се­ко­ја власт во овој пер­и­од, без раз­ли­ка да­ли е од ле­ви­от или дес­ни­от по­ли­тич­ки блок, ќе би­де ме­рен пре­ку тоа кол­ку при­до­не­ла кон зго­ле­му­ва­ње (или на­ма­лу­ва­ње) на ква­ли­те­тот на воз­ду­хот за вре­ме на сво­јот ман­дат. Ка­ко ин­ди­ка­то­ри за ква­ли­тет на воз­ду­хот мо­же да ко­ри­сти­ме на­ци­о­нал­ни и / или ме­ѓу­на­род­но приз­на­е­ни па­ра­ме­три и на тој на­чин об­је­ктив­но да го ме­ри­ме на­пре­до­кот кон ос­тва­ру­ва­ње на ви­зи­ја­та.

Де­мо­кра­ти­ја­та да е дел од се­којд­не­ви­е­то

Ако го зе­ме­ме зна­че­ње­то на два­та грч­ки збо­ра, де­мос – на­род и кра­тос – моќ, гле­да­ме на де­мо­кра­ти­ја­та ка­ко на за­си­лу­ва­ње на ин­ди­ви­ду­а­та и на за­ед­ни­ца­та со цел да ги за­до­во­лат сво­и­те жел­би,  по­тре­би и ви­зии, без да им на­ште­тат на дру­ги­те лу­ѓе или на жи­вот­на­та сре­ди­на, на пла­не­та­та. Та­ка, де­мо­крат­ски­от раз­вој на ед­но оп­штес­тво за­ви­си по­ве­ќе од са­мо­то тоа да­ли ние ќе има­ме пер­и­о­дич­ни фер, сло­бод­ни и де­мо­крат­ски из­бо­ри. Мно­гу е по­важ­но ни­во­то на раз­вој на на­ша­та еко­но­ми­ја, обра­зо­ва­ние, здрав­ство, ин­фра­стру­кту­ра и жи­вот­на­та сре­ди­на. От­ту­ка, де­мо­крат­ски­от раз­вој во на­ша­та др­жа­ва го гле­да­ме низ се­којд­нев­но пра­кти­ку­ва­ње де­мо­кра­ти­ја. Сле­де­ње­то на Олим­пи­ски игри ед­наш на се­кои че­ти­ри го­ди­ни не нè пра­ви олим­пи­ски спор­ти­сти, па та­ка и не­ма да ста­не­ме де­мо­крат­ски гра­ѓа­ни са­мо гла­сај­ќи ед­наш на се­кои че­ти­ри го­ди­ни. Не­оп­ход­но е де­мо­кра­ти­ја­та да би­де на­чин на жи­вот, а не ре­тка по­ја­ва!
Ај­де да се пра­ша­ме: Да­ли на­ши­те ра­бот­ни ме­ста се де­мо­крат­ски ор­га­ни­зи­ра­ни? Кол­ку моќ и вли­ја­ние има­ат вра­бо­те­ни­те во на­ши­те прет­при­ја­ти­ја? Кол­ку на­ши­те уче­ни­ци и сту­ден­ти има­ат моќ и вли­ја­ние да го де­фи­ни­ра­ат пра­ве­цот на сво­е­то обра­зо­ва­ние? Кој е сте­пе­нот на де­мо­кра­ти­ја во на­ши­те се­мејс­тва и ме­ѓу­чо­веч­ки од­но­си? Да­ли ние пот­тик­ну­ва­ме гра­де­ње на са­мо­до­вер­ба и ли­чен раз­вој на чле­но­ви­те на на­ше­то се­мејс­тво и со­гра­ѓа­ни­те та­ка што да би­дат по­под­го­тве­ни за ос­тва­ру­ва­ње на сво­и­те це­ли, коп­не­жи и ви­зии?
Ако са­ка­ме да гра­ди­ме де­мо­кра­ти­ја, не­оп­ход­но е таа да би­де дел од на­ши­от се­којд­не­вен жи­вот.

Овие и мно­гу дру­ги ас­пе­кти се обра­бо­те­ни во Водичот, кој да­ва 50-го­ди­шен пра­вец и ос­но­ва за дејс­тву­ва­ње на си­те фа­кто­ри во на­ше­то оп­штес­тво, низ 176 спе­ци­фич­ни ви­зии рас­пре­де­ле­ни во 16 ка­те­го­рии – од бла­го­со­стој­ба и жи­во­тен стан­дард, пра­во, ре­гу­ла­ти­ва и ин­сти­ту­ции, па сè до ту­ри­зам. Се­ко­ја ви­зи­ја се зас­но­ва на одре­де­ни вред­но­сти, кои се ос­но­ва за си­те актив­но­сти што ќе се пре­зе­ма­ат од кој и да е фа­ктор, без раз­ли­ка да­ли е тоа ин­ди­ви­ду­а­лец или пра­вен суб­јект од јав­ни­от, при­ват­ни­от или гра­ѓан­ски­от се­ктор.

Да­ли и вие сте инс­пи­ри­ра­ни да ни се при­дру­жи­те во де­фи­ни­ра­ње по­кон­крет­ни ин­ди­ка­то­ри, во спро­ве­ду­ва­ње­то и сле­де­ње­то на на­пре­до­кот во ос­тва­ру­ва­ње­то на ви­зи­и­те? 

(Авто­ри­те се чле­но­ви на здру­же­ни­е­то на гра­ѓа­ни „Гло­бал Шеј­перс“ Скоп­је)

Чи­тај­те по­ве­ќе на оваа те­ма од авто­ри­те во со­од­вет­ни до­ку­мен­ти за ви­зи­и­те за Ма­ке­до­ни­ја и за Скоп­је:

Напишете коментар