Ставови на младите: Додека работам, треба и да уживам
 
								Како се менуваат генерациите, така се променува и начинот на размислување и начинот на живеење. Младите го поминуваат слободното време многу поинаку од повозрасните. Работното место веќе не се само исполнет дел од денот кој носи плата, туку носи моменти на уживање и развивање.
„Лице в лице“ разговараше со повеќе млади кај нас. Дадовме фокус на средношколци, студенти и млади кои не се во образование ниту тренинг, а кои живеат во регионот на Струмица. Голем дел од нив се активни во здруженија и во волонтерска работа. Нашите партнери од „Новус“ од Струмица, ни посочија дека работата на проекти, посветувањето на лични интереси и развој на нови вештини се приоритет на младите кога се работи за трошење на нивното слободно време.
Младите сакаат да бидат продуктивни, но често се соочуваат со предизвици. Живеењето во рурални средини, на пример, значи дека мораат да патуваат до градот за активности или за напредување, што бара време и средства. Некои велат дека образовниот систем не нуди доволно можности за развој во специфични области, што дополнително го отежнува нивниот напредок.
Сепак, младите не се откажуваат. Тие тежнеат кон учење нови вештини, посветеност на проекти и подобро користење на времето. Дружбата, истражувањето нови интереси и пронаоѓањето баланс меѓу обврските и задоволствата се дел од нивната секојдневна борба за поактивен и исполнет живот.
Кога размислуваат за работа, младите имаат јасна визија – работата треба да е нешто што ќе ги мотивира, ќе ги открие нивните способности и ќе им понуди простор за личен и професионален развој. Тие сакаат работа која не е само извор на плата, туку и место кое инспирира и поттикнува продуктивност.
Младите во Македонија, и покрај предизвиците, се полни со енергија и идеи. Секој ден им е нова можност да направат чекор напред, учејќи, создавајќи и градејќи подобра иднина за себе и за заедницата.
Слушнете ги нивните ставови, низ нивната призма и нивните зборови!
Видеа: Филип Koстов
Илустрација: Canva
- Модата како глас за промена -пораки против булинг и ревија за одржлива иднина
- Преку хумор до заедништво: серијата „Чаршија“ ги спојува различните култури
- Хербален туризам што ги зближува луѓето
- Од пасивни приматели до активни граѓани: силата на социјалното менторство во животите на корисниците на социјална помош
- Организацијата на жени од Свети Николе повторно во акција за здравјето на жените
 
	 
			 
			 
			 
			 
			 
			 
			 
			 
			 
			 
			