Магазин, Одговорна иднина

Кога децата не се гледаат и не играат – го губат социјалниот момент на делење!

Време на читање: 4 минути
Илустрација: Зоран Инадески
- банер -

Мирослав Пендароски



Мен­тал­но­то здрав­је е са­мо ед­на од ком­по­нен­ти­те на вкуп­но­то здрав­је и да се збо­ру­ва за не­го ка­ко за од­де­лен ен­ти­тет што ве­штач­ки се ап­стра­хи­ра од вкуп­ни­от си­стем е ка­ко да се оби­де­те да ги изд­во­и­те во­до­ро­дот, азо­тот и кис­ло­ро­дот од воз­ду­хот. Тоа не би би­ло воз­дух, не­ли, ту­ку са­мо од­дел­ни еле­мен­ти што си има­ат сво­ја по­себ­на функ­ци­о­нал­ност, но са­мо за­ед­но го да­ва­ат не­оп­ход­ни­от еле­мент на сè жи­во – воз­ду­хот!
По­ми­на вре­ме­то ко­га на мен­тал­но­то здрав­је се гле­да­ше ка­ко ди­хо­то­ми­ја и опо­нент на т.н. фи­зич­ко здрав­је. Тие ди­хо­том­ни, двојс­тве­ни и се­па­рат­ни пог­ле­ди кон мен­тал­но­то здрав­је се на­пу­шта­ат и им го от­ста­пу­ва­ат ме­сто­то на мно­гу по­хо­ли­стич­ки си­сте­ми на пер­ци­пи­ра­ње на тол­ку сло­жен фе­но­мен ка­ко што е по­и­мот мен­тал­но здрав­је.
Мен­тал­но­то здрав­је е по­зи­ти­ви­стич­ка кон­струк­ци­ја соз­да­ва­на и одр­жу­ва­на низ по­сто­ја­на ра­бо­та на се­бе, а со чи­ја­што по­мош чо­ве­кот мо­же единс­тве­но да го по­чув­ству­ва жи­во­тот. Са­мо пре­ку овој ас­пект на здрав­је­то лу­ѓе­то го до­жи­ву­ва­ат сопс­тве­ни­от жи­вот и се свес­ни за него. Бу­бре­гот, ср­це­то, гла­ва­та и цр­ни­от дроб не чув­ству­ва­ат емо­ции и не­ма­ат свест и го­вор. Са­мо ду­ша­та, ако е во бла­го­со­стој­ба, умее да пог­лед­не де­ка, се­пак, вре­ди да се жи­вее.

Да­ли фи­зич­ко­то ди­стан­ци­ра­ње зна­чи и со­ци­јал­но оту­ѓу­ва­ње?

Mен­тал­но­то здрав­је на де­ца­та е по­себ­на при­каз­на за­тоа што и по­пу­ла­ци­ја­та е по­себ­на. Тие се ид­ни­те ге­не­ра­ции, кои на свои пле­ќи ќе го но­сат и пост­мо­дер­ни­от кон­цепт за мен­тал­но­то здрав­је за­тоа што ние не мо­же­ме да оче­ку­ва­ме тие да раз­мис­лу­ва­ат исто ка­ко нас. Тие се тие што ќе пи­шу­ва­ат за здрав­је­то то­гаш ко­га нас одам­на ќе нѐ има на­пу­ште­но на­ше­то здрав­је, а и на­ши­от жи­вот.
Ако пог­лед­не­ме на мен­тал­но­то здрав­је, не са­мо хо­ли­стич­ки, ту­ку и ка­ко на не­што што се соз­да­ва, одр­жу­ва и уна­пре­ду­ва си­от жи­вот, до­а­ѓа­ме до не­оп­ход­но­ста од сог­ле­ду­ва­ње на те­ков­ни­те про­це­си и нив­но­то вли­ја­ние врз дет­ска­та пси­ха и осо­бе­но врз нив­на­та до­бра со­стој­ба , ко­ја е пос­пе­ци­фи­чен на­зив за мен­тал­но­то здрав­је ка­ко ге­не­ра­ли­зи­ра­на це­ло­ви­тост.
Во вре­ме на со­ци­јал­но ди­стан­ци­ра­ње се слу­чу­ва­ат не­кои со­цио-кул­тур­ни и пси­хо-со­ци­јал­ни фе­но­ме­ни, кои не се за­бе­ле­жу­ва­ат на прв пог­лед, а осо­бе­но не нив­ни­те сил­ни не­га­тив­ни вли­ја­ни­ја врз здрав­је­то на де­ца­та и осо­бе­но врз нив­но­то мен­тал­но здрав­је. На при­мер, па­ра­диг­ма­та што пос­лед­на­ва го­ди­на не­кој се оби­ду­ва да ни ја про­да­де, а во ко­ја јас лич­но и про­фе­си­о­нал­но не ве­ру­вам, е чуд­на­та фло­ску­ла де­ка фи­зич­ка­та ди­стан­ца не оз­на­чу­ва и со­ци­јал­на ди­стан­ца. Мис­лам де­ка ако се на­вра­ти­ме на вкуп­но­то сфа­ќа­ње на здрав­је­то со си­те не­го­ви ком­по­нен­ти (фи­зич­ко, со­ци­јал­но, мен­тал­но, спи­ри­ту­ал­но), ќе раз­бе­ре­ме де­ка тие се не­од­во­и­ви. Ако се вр­за­ни са­до­ви, ка­ко е то­гаш мож­но фи­зич­ко­то ди­стан­ци­ра­ње да не го афе­кти­ра пр­во вкуп­но­то здрав­је, а по­тоа и мен­тал­но­то. Да, фи­зич­ка­та ди­стан­ца зна­чи и со­ци­јал­на ди­стан­ца, ба­рем во одам­на ево­лу­ци­ски и при­род­но поз­на­та­та фор­ма на ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу лу­ѓе­то – фи­зич­ка­та, не­по­сред­на­та, ди­рект­на­та…
Ако е тоа та­ка, то­гаш ди­стан­ци­ра­ње­то во фи­зич­ка смис­ла кај де­ца­та се­ка­ко де­ка оз­на­чу­ва и со­ци­јал­но ди­стан­ци­ра­ње. Со тоа што не се ед­ни со(до) дру­ги во про­стор­но-вре­мен­ска­та ди­мен­зи­ја, тие го гу­бат ос­нов­ни­от суп­страт на сво­е­то за­ед­ниш­тво и сво­е­то со­ци­јал­но би­ти­су­ва­ње. Зна­чи, ко­га не се гле­да­ат, слу­ша­ат, до­пи­ра­ат, игра­ат, те­па­ат, бр­ка­ат и што и да е дру­го ка­ко еле­мент на фи­зич­ки­от кон­такт, тие авто­мат­ски го гу­бат со­ци­јал­ни­от мо­мент на де­ле­ње и на за­ем­но дејс­тву­ва­ње. Ако, од дру­га стра­на, го пог­лед­не­ме со­ци­јал­но­то и фи­зич­ко­то ди­стан­ци­ра­ње од ас­пект на т.н. но­ва ре­ал­ност (исто та­ка, сом­ни­тел­но ско­ван на­зив за не­што тол­ку но­во за да ста­не при­род­но и тол­ку не­поз­на­то за да му ве­ру­ва­ме!) то­гаш, мо­же­би во еден дел мо­же­ме да се сог­ла­си­ме де­ка фи­зич­ка­та ди­стан­ца не оз­на­чу­ва и со­ци­јал­на али­е­на­ци­ја, от­ту­ѓу­ва­ње, но са­мо по­ра­ди вир­ту­ел­ни­от ас­пект на ко­му­ни­ка­ци­ја што са­мо де­лум­но е овоз­мо­же­на со ди­ги­тал­ни­от на­чин на оп­ште­ње ме­ѓу лу­ѓе­то. Се­пак, кол­ку и да ве­ру­ва­ме де­ка фи­зич­ки­от кон­такт не е не­оп­хо­ден за ге­не­рал­но да се за­чу­ва единс­тве­но ко­му­ни­ка­ци­ска­та ком­по­нен­та на со­ци­јал­но­то оп­ште­ње, на крај на кра­и­шта­та ги гу­би­ме од вид дру­ги­те важ­ни ком­по­нен­ти на со­ци­ја­ли­за­ци­ја­та – емо­ци­о­нал­ни­от раз­вој, ево­лу­ци­ја­та во ког­ни­тив­ни­от свет на де­ца­та, кул­ту­ро­ло­шки­те по­вр­зу­ва­ња итн…

- банер -

Вир­ту­ел­но­то за­до­во­лу­ва са­мо еден ас­пект од сло­же­ни­от си­стем на раз­вој

Не­кој со пра­во ќе ре­че: „Па, да, де­ца­та и ва­ка учат, де­ца­та и ва­ка се по­вр­за­ни“ и сл. Да, ама ка­ко? Да, ама што, всуш­ност, зна­чи тоа, освен са­мо лажно, не­це­лос­но и на­каз­но со­ци­јал­но би­ти­су­ва­ње и тоа баш кај по­пу­ла­ци­ја­та што сѐ уште не ги раз­би­ра ни ап­стракт­ни­те опе­ра­ции, а не, пак, вир­ту­ел­на­та ре­ал­ност. Да, ама тоа ќе го уни­шти се­то пси­хо­мо­тор­но и кон­та­кти­бил­но соз­на­ние на де­ца­та за функ­ци­ја­та на нив­ни­те ор­га­ни и тки­ва. Да, ама тоа ќе зна­чи де­ка тие уште пред да се за­поз­на­ат ќе мис­лат де­ка ве­ќе се зна­ат, исто ка­ко што и вие, дра­ги чи­та­те­ли, са­мо по­греш­но ве­ру­ва­те де­ка го поз­на­ва­те чо­ве­кот на ули­ца са­мо за­тоа што се се­ти­вте де­ка ви е при­ја­тел на со­ци­јал­ни­те мре­жи… Опас­но е тол­ку лес­но да се пре­пу­шти­ме (а, за жал, тоа се слу­чу­ва!) на вир­ту­ел­но­то  за­тоа што за­до­во­лу­ва са­мо еден ас­пект од тол­ку сло­жен си­стем на со­ци­јал­но-емо­ци­о­нал­но-ког­ни­тив­ни­от раз­вој… Ка­де се дру­ги­те ком­по­нен­ти? Ги не­ма, се за­не­ма­ру­ва­ат и се про­фа­ни­зи­ра еден не­ко­ре­ктен и ед­но­стран на­чин на ко­му­ни­ка­ци­ја при кој де­ца­та го гу­бат по­и­мот за до­пир, вкус, ми­рис, пог­лед, емо­ци­ја, дви­же­ње (не­кои од нив не зна­ат ни пра­вил­но да тр­ча­ат!) и про­сто фи­зич­ко по­сто­е­ње со дру­ги­от.
За да ста­не не­што ево­лу­ци­ски оправ­да­но тре­ба да го по­ми­не дол­ги­от, ма­ко­тр­пен и не­пред­вид­лив пат на чо­ве­ко­ва­та адап­та­ци­ја, не е до­вол­но са­мо да сме за­не­се­ни од тех­но­ло­шки­те изу­ми и да оста­не­ме за­тво­ре­ни во сво­и­те со­би гу­беј­ќи го ду­ри и здра­ви­от на­чин на го­во­ре­ње и на по­сто­е­ње во при­род­на­та око­ли­на, а ние сме тоа, де­ца на при­ро­да­та! 

Да, со­ци­јал­на­та и фи­зич­ка­та ди­стан­ца мно­гу вли­јаат и до­пр­ва ќе вли­јаат врз мен­тал­но­то здрав­је на на­ши­те нај­ми­ли – де­ца­та! И, пред да дој­де­те во си­ту­а­ци­ја да за­бе­ле­жи­те де­ка ва­ше­то де­те са­мо отсут­но се ѕве­ри во екра­нот наш на­су­шен и гу­би збо­ро­ви од сво­јот ја­зик и цр­ве­ни крв­ни зрн­ца од сво­ја­та крв, уште се­га дејс­тву­вај­те и по­ка­же­те му де­ка све­тот е над­вор од про­зо­ре­цот за да не би­де на кра­јот комп­ју­тер­ски­от „Вин­до­ус“ единс­тве­ни­от не­гов све­тог­лед кон око­ли­на­та и дру­ги­те лу­ѓе!(Авто­рот е уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор, пси­хо­лог, пси­хо­те­ра­певт)

Напишете коментар