Зелена република, Магазин

Концесиите се закана за природата, но и за човечкиот живот

Од си­те ри­би што жи­ве­ат кај нас, па­стрм­ка­та ба­ра иск­лу­чи­тел­но чи­сти во­ди, во спро­тив­но, за кра­тко вре­ме ќе ис­чез­не. И по­крај ре­ла­тив­но го­ле­мо­то и не­кон­тро­ли­ра­но за­га­ду­ва­ње, сѐ уште мо­же­ме да ја срет­не­ме, но сѐ по­ре­тко. Тоа  ука­жу­ва на  не­од­го­вор­но­то  од­не­су­ва­ње кон при­ро­да­та, ко­ја, очиг­лед­но, не­ма дол­го да ги тр­пи пос­ле­ди­ци­те од на­ше­то жи­ве­е­ње.  По­дол­го вре­ме во зем­ја­ва сѐ по­че­сто се збо­ру­ва и пи­шу­ва на те­ма за­га­ду­ва­ње. Ста­ну­ва­ме свес­ни  за ло­ша­та еко­ло­шка сре­ди­на во ко­ја жи­ве­е­ме и во ко­ја рас­тат на­ши­те де­ца, на кои ќе им го пре­да­де­ме тоа што не­ма да ус­пе­е­ме да го уни­шти­ме. За­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот, во­да­та и на поч­ва­та е пос­ле­ди­ца на чо­ве­ко­во­то не­со­вес­но  и не­кон­тро­ли­ра­но дејс­тву­ва­ње. Ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то се ја­ву­ва  по­вре­ме­но, во зи­ма, и тоа пре­теж­но во по­го­ле­ми­те ур­ба­ни сре­ди­ни и во нив­на­та не­по­сред­на око­ли­на. За­га­ду­ва­ње­то на поч­ва­та од не­кон­тро­ли­ра­на­та упо­тре­ба на пе­сти­ци­ди, ин­се­кти­ци­ди и на дру­ги хе­ми­ски суп­стан­ции се слу­чу­ва по­сто­ја­но, но, за сре­ќа, са­мо на обра­бот­ли­ви­те по­вр­ши­ни.  Но, со та­ло­же­ње­то на че­стич­ки­те од воз­ду­хот, ка­ко и со вр­не­жи­те што ја „ми­јат“ поч­ва­та, си­те тие опас­ни ма­те­рии се но­сат во ре­ки­те, а по­тоа во мо­ри­ња­та.

Еден друг, го­лем дел од отров­ни­те и опас­ни че­стич­ки се де­по­ни­ра во ре­зер­во­а­ри­те на под­зем­ни­те во­ди или се за­др­жу­ва во поч­ва­та. На тој на­чин, пре­ку воз­ду­хот, во­да­та и зем­јо­дел­ски­те про­из­во­ди, ние по­сто­ја­но вне­су­ва­ме опас­ни хе­ми­ски суп­стан­ции, кои пре­диз­ви­ку­ва­ат нај­раз­но­вид­ни бо­ле­сти, кои нај­че­сто за­вр­шу­ва­ат фа­тал­но.
Единс­тве­на свет­ла точ­ка и на­деж за нас се ви­со­ки­те пла­ни­ни и шу­ми­те, со кои изо­би­лу­ва Ма­ке­до­ни­ја и кои ни го обез­бе­ду­ва­ат не­оп­ход­ни­от кис­ло­род.

Мно­гу руд­ни­ци на ма­ла те­ри­то­ри­ја – го­ле­ма опас­ност!

Во мо­мен­тов, Ма­ке­до­ни­ја се со­о­чу­ва со ед­на за­ка­на од мож­но трај­но за­га­ду­ва­ње на ре­чи­си си­те над­зем­ни и под­зем­ни во­ди, за­га­ду­ва­ње на воз­ду­хот и на поч­ва­та, но и од фи­зич­ка де­струк­ци­ја на при­ро­да­та, пла­ни­ни­те, шу­ми­те, ре­ки­те, жи­вот­ни­те. Во не­кои слу­чаи има ди­рект­на фи­зич­ка опас­ност и за на­се­ле­ни­е­то, во бли­зи­на на ме­ста ка­де што се да­де­ни и ќе се до­де­лу­ва­ат кон­це­сии за иско­пу­ва­ње ру­да и дру­ги ми­не­рал­ни и ме­та­лни су­ро­ви­ни. Доз­во­лу­ва­ње­то отво­ра­ње тол­ку мно­гу руд­ни­ци, на ед­на тол­ку ма­ла те­ри­то­ри­ја, во бли­зи­на на из­во­ри на во­да, на ре­ки, на на­се­ле­ни ме­ста, во плод­ни­те кот­ли­ни, во ус­ло­ви на сла­ба или ни­ка­ква кон­тро­ла на др­жав­ни­те инс­пек­ци­ски служ­би, со огром­на стап­ка на ко­руп­ци­ја и со ми­нор­но вла­де­е­ње на за­ко­ни­те, не са­мо што прет­ста­ву­ва опас­ност по жи­во­тин­ски­от и рас­ти­те­лен свет, ту­ку е и аларм за фи­зич­ки­от оп­ста­но­кот на лу­ѓе­то.

Се­то ова се слу­чу­ва ко­га на­бр­зи­на, и од лу­кра­тив­ни при­чи­ни, се до­не­су­ва­ат за­ко­ни, се из­да­ва­ат кон­це­сии, без по­ши­ро­ка ана­ли­за и ела­бо­ра­ци­ја, без кон­сул­та­ци­ја и со­ра­бо­тка со струч­ни­те ли­ца и ин­сти­ту­ции, без вклу­чу­ва­ње на нев­ла­ди­ни­от се­ктор, без да се пра­ша на­ро­дот, кој ќе ги тр­пи пос­ле­ди­ци­те од та­кви­те „раз­вој­ни“ про­е­кти.

На­ма­ле­на транс­па­рент­ност и за­бе­леж­ли­во вли­ја­ние на ру­дар­ско­то ло­би

Ми­ни­стерс­тво­то за еко­но­ми­ја, од­го­вор­но за до­де­лу­ва­ње на кон­це­си­и­те, во мо­мен­тов се под­го­тву­ва по­втор­но да го ме­ну­ва За­ко­нот за ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни. Се пред­ла­га­ат из­ме­ни што се не­ги­ра­ат со де­мо­крат­ски­те прин­ци­пи, ка­ко што се ди­скре­ци­ски­те пра­ва да се до­не­се од­лу­ка спро­тив­но на вол­ја­та на на­ро­дот, на оп­штин­ски­от со­вет и на еко­ло­шки­те здру­же­ни­ја.

Еве са­мо дел од нив… Да им се да­дат но­ви кон­це­сии на тие на кои „мо­ра­ле“ да им ги од­зе­мат „не по нив­на ви­на“?  Да ги ос­ло­бо­дат од пла­ќа­ње се­дум от­сто да­нок при про­ме­на на сопс­тве­нич­ки­те уде­ли во кон­це­си­ски­те ком­па­нии. Да ги ос­ло­бо­дат од об­вр­ска­та за об­јас­ну­ва­ње ка­ко нив­ни­те ид­ни актив­но­сти ќе вли­ја­ат врз окол­на­та сре­ди­на, од­нос­но под­го­то­вка на ела­бо­рат за оце­на на вли­ја­ни­е­то врз жи­вот­на­та сре­ди­на, со што на­ро­дот ќе би­де ста­вен пред свр­шен чин, со не­мож­ност да ре­а­ги­ра на­вре­ме. Се пред­ла­га  да се уки­нат га­ран­ци­и­те,  кои тре­ба да ги при­ло­жи се­кој кон­це­си­о­нер по­ра­ди мож­ни­те ште­ти при нив­но­то ра­бо­те­ње…

Прав­да­ње­то на по­со­че­но­то ми­ни­стерс­тво за до­не­су­ва­ње на овие из­ме­ни по скра­те­на по­стап­ка, без јав­на рас­пра­ва и учес­тво на јав­но­ста, за­ра­ди по­вр­за­но­ста со дру­ги за­ко­ни, не­ма да нѐ убе­ди де­ка овие из­ме­ни ги пред­ла­га­ат са­мо за по­до­бру­ва­ње на за­ко­нот за­тоа што јас­но се гле­да вли­ја­ни­е­то на ру­дар­ско­то ло­би.

Ова се са­мо еден дел од вкуп­но 400 из­ме­ни што се пред­ла­га­ат, а со кои ме­сто да се зго­ле­ми, се на­ма­лу­ва транс­па­рент­но­ста на ра­бо­те­ње­то на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции. Се пра­шу­вам зо­што не се пред­ло­жи за пра­ша­ња од ло­ка­лен ка­ра­ктер, ка­ко што се до­де­лу­ва­ње­то кон­це­сии, пре­ку ло­ка­лен ре­фе­рен­дум, да од­лу­чи на­се­ле­ни­е­то во чи­ја­што ка­та­стар­ска оп­шти­на се на­о­ѓа по­со­че­на­та ло­ка­ци­ја, ка­ко што е ве­ќе пра­кти­ка во Европ­ска­та уни­ја? Зо­што уште се­га да не ја усво­ју­ва­ме по­зи­тив­на­та пра­кти­ка и за­ко­ни­те од европ­ско­то за­ко­но­дав­ство, кон кое се стре­ми­ме?   

Децата играат над Иловица

Ви­нов­ни сме ние, гра­ѓа­ни­те. Со прст не мрд­ну­ва­ме

Со огром­на до­за са­мо­кри­ти­ка, тре­ба да се истак­не, де­ка, се­пак, за ва­кви­те со­стој­би нај­ви­нов­ни сме ние, обич­ни­те гра­ѓа­ни, кои за­ва­ле­ни во удоб­ни­те фо­тел­ји, до­ма по­крај те­ле­ви­зо­рот или комп­ју­те­рот, сме „нај­па­мет­ни“, и „нај­сил­ни“, но со прст не мрд­ну­ва­ме за да ги спре­чи­ме ва­кви­те по­губ­ни по­ја­ви. Из­го­во­ри­те од ти­пот „не­ма­ме вре­ме“,  „сѐ е ве­ќе до­го­во­ре­но“ или „што им мо­же­ме, тие се мно­гу моќ­ни“, пра­шу­вај­ќи се ме­ѓу­себ­но „зна­еш ли кои се тие?“ – не­ма да нѐ оправ­да­ат. На­ша­та па­сив­ност, ко­ја упор­но се сти­му­ли­ра, на­ше­то мол­че­ње, зна­чи и одо­бру­ва­ње на та­кви­те по­стап­ки.

Да­ли тре­ба од­го­вор­но­ста за за­чу­ву­ва­ње на при­род­ни­те ре­сур­си, на­ци­о­нал­ни­те бо­гат­ства, да ја оста­ви­ме са­мо во ра­це­те на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции и на лу­ѓе­то што ги ра­ко­во­дат, на тие на кои сме им го да­ле пра­во­то, при­вре­ме­но да го упра­ву­ва­ат тоа што ни при­па­ѓа нам, на на­ро­дот?

Ако ко­ри­сте­ње­то на при­род­ни­те ре­сур­си зна­чи зај­ме­ње од ид­ни­те ге­не­ра­ции, тре­ба да би­де­ме со­вес­ни за тоа што ќе им оста­ви­ме на ид­ни­те по­ко­ле­ни­ја. Об­вр­ска на се­кој од нас е да обез­бе­ди по­до­бри ус­ло­ви за жи­ве­е­ње на сво­и­те де­ца и вну­ци, но не са­мо во ма­те­ри­јал­на смис­ла, пла­ни­рај­ќи да згра­би кол­ку што мо­же и да из­бе­га одов­де. На­ша об­вр­ска е да ги спре­чи­ме та­кви­те, кои мо­жат да до­не­сат из­бр­за­ни по­ли­тич­ки од­лу­ки со да­ле­ко­сеж­ни не­га­тив­ни пос­ле­ди­ци.  Ка­ко по­е­дин­ци, мо­же­би сме не­моќ­ни, но, здру­же­ни во гра­ѓан­ски здру­же­ни­ја, ини­ци­ја­ти­ви и ор­га­ни­за­ции, под­др­жу­вај­ќи се и обе­ди­ну­вај­ќи се во по­го­ле­ми гру­пи и здру­же­ни­ја, ста­ну­ва­ме мо­ќен бе­дем и бра­на за си­те зло­у­по­тре­би на за­ко­ни­те и на по­зи­ци­и­те на по­е­дин­ци во вла­ста. Ва­кви­те здру­жу­ва­ња, да­ва­ат по­до­бри и по­бр­зи ре­зул­та­ти ду­ри и од по­ли­тич­ко­то здру­жу­ва­ње за­тоа што со здру­жу­ва­ње за не­ко­ја бла­го­род­на цел и со неј­зи­но ре­а­ли­зи­ра­ње ко­рист ќе има­ат си­те што се за­сег­на­ти од не­кој за­ед­нич­ки проб­лем, без мож­ност за лич­на ко­рист.

Мо­жен е ин­ду­стри­ски на­пре­док и за­шти­та на при­ро­да­та во исто вре­ме

Искус­тва­та во за­пад­но­е­вроп­ски­те др­жа­ви, кои по­ра­но се со­о­чи­ја со еко­ло­шки проб­ле­ми, ка­ко и по­дол­ги­от стаж на де­мо­кра­ти­ја, во мно­гу об­ла­сти по­ка­жу­ва­ат  ус­пеш­ни ре­ше­ни­ја. Со по­го­ле­мо­то актив­но учес­тво на еко­ло­шки­те здру­же­ни­ја при до­не­су­ва­ње­то на за­ко­ни­те, се на­мет­наа но­ви за­ко­ни и стан­дар­ди во Европ­ска­та уни­ја,  што ре­зул­ти­ра­ше со мно­гу по­зи­тив­ни ре­зул­та­ти од та­кво­то од­го­вор­но оп­штес­тве­но од­не­су­ва­ње. 

Та­ков охра­бру­вач­ки при­мер е ре­ка­та Рај­на, ко­ја со сво­јот тек најм­но­гу се дви­жи низ  Гер­ма­ни­ја. Во неа по­ра­ди бр­зи­от ин­ду­стри­ски раз­вој при кра­јот на 19 и по­че­то­кот на 20 век, иско­пу­ва­ње­то ру­да, те­шка­та ме­та­лур­ги­ја и ис­пу­шта­ње­то на си­те от­пад­ни во­ди во ре­ки­те (не­ка­де око­лу ше­е­се­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век) бе­ше уни­штен вкуп­ни­от рас­ти­те­лен и жи­во­тин­ски свет. Но, бла­го­да­ре­ние, пред сѐ, на гра­ѓан­ски­те ини­ци­ја­ти­ви, под­др­жа­ни од вла­сти­те, во еден не тол­ку долг пер­и­од од два­е­се­ти­на го­ди­ни, со до­не­су­ва­ње и по­чи­ту­ва­ње на мно­гу за­ко­ни за за­шти­та и за за­чу­ву­ва­ње на жи­вот­на­та сре­ди­на и со огра­ни­чу­ва­ња на за­га­ду­ва­чи­те, де­нес во­ди­те на ре­ка­та Рај­на се чи­сти до тој сте­пен што е доз­во­ле­но ка­пе­ње во неа. Уште по­го­лем до­каз за чи­сто­та­та на во­да­та се па­стрм­ки­те, кои ги спо­ме­нав на по­че­то­кот, а кои де­нес жи­ве­ат и се разм­но­жу­ва­ат во во­ди­те на не­ко­гаш нај­за­га­де­на­та ре­ка во Евро­па. Овој слу­чај е  при­мер за мож­но­ста и за по­тен­ци­ја­лот на чо­веч­ка­та свест, упор­но­ста и по­бе­да на раз­у­мот над не­ра­зум­но­ста,  до­каз де­ка мо­же да има ин­ду­стри­ски  на­пре­док, но, во исто вре­ме, да се во­ди сме­тка и за за­чу­ву­ва­ње­то на жи­вот­на­та сре­ди­на.

Во­деј­ќи се од ва­кви­те по­зи­тив­ни при­ме­ри, актив­но учес­тву­вај­ќи во ре­ша­ва­ње­то на за­ед­нич­ки­те проб­ле­ми, за­ед­но со си­те за­сег­на­ти стра­ни, пре­ку кон­стру­кти­вен ди­ја­лог и раз­би­ра­ње, мо­же­ме да се на­де­ва­ме де­ка ќе ус­пе­е­ме да из­гра­ди­ме ед­но кул­тур­но и де­мо­крат­ско оп­штес­тво, со чув­ство на од­го­вор­ност на се­кој по­е­ди­нец.

(Авто­рот е дип­ло­ми­ран гра­де­жен ин­же­нер, член на Управ­ни­от од­бор на „Здра­ва кот­ли­на“ и пре­тсе­да­тел на „Екодо­ли­на“)

Напишете коментар