Граѓаните можат, Магазин

Волонтерската работа е брусилка за идни животни предизвици

Тереза Кузманоска

Aко не­кој пред не­кол­ку ме­се­ци ме пра­ша­ше да го из­не­сам сво­е­то мис­ле­ње за важ­но­ста на во­лон­терската работа, нај­ве­ро­јат­но вкуп­но­то гле­ди­ште ќе бе­ше на­со­че­но кон тоа што ти, ка­ко во­лон­тер, при­до­не­су­ваш со сво­ја­та актив­ност во со­од­вет­на­та об­ласт во ко­ја ра­бо­тиш.

Де­нес, по мо­е­то пр­во искус­тво ка­ко во­лон­тер во об­ла­ста на јав­но­то здрав­ство при со­о­чу­ва­ње­то со пан­де­ми­ја­та со ви­ру­сот сарс-ков 2, мо­ја­та де­фи­ни­ци­ја за во­лон­тер­ска ра­бо­та е дра­стич­но про­ме­не­та, се­ка­ко, на по­зи­ти­вен на­чин.

Иа­ко, ко­га се збо­ру­ва за во­лон­тер, се мис­ли на ли­це што да­ва ус­лу­ги, зна­е­ња и ве­шти­ни во ко­рист на дру­ги­те, без при­тоа да има учес­тво на ди­ре­ктен ли­чен ин­те­рес, не би тре­ба­ло да се изо­ста­ви огром­ни­от број при­до­би­вки што до­а­ѓа­ат ка­ко на­гра­да за ва­ква­та ра­бо­та. Ако пр­вич­но, при мо­е­то при­ја­ву­ва­ње ка­ко во­лон­тер бев во­де­на од мо­јот до­ктор­ски ин­стинкт да се по­мог­не на чо­век ко­га има по­тре­ба од по­мош, спо­ре­ду­вај­ќи го со реф­лекс на чо­ве­кот ко­га се бра­ни од опас­ност, се­га, си­гур­но би се на­со­чи­ла и кон тоа што би мо­же­ла да изв­ле­чам по­зи­тив­но од це­ла­та актив­ност, што, пак, ќе до­ве­де до по­раст на мо­ја­та лич­ност, се­ка­ко, не за­бо­ра­вај­ќи го пр­вич­ни­от мо­тив.

Из­ле­гу­ва­ње од сопс­тве­на­та ком­фор­на зо­на

Од нас, сту­ден­ти­те, ка­ко па­сив­ни учес­ни­ци во здрав­стве­ни­от си­стем во те­кот на на­ши­те сту­дии, одед­наш се по­ба­ра да се аку­му­ли­ра­ат на­ши­те до­то­гаш­ни здо­би­е­ни ве­шти­ни и актив­но да из­ле­зе­ме на бој­но по­ле со не­при­ја­те­лот, кој е, на­ви­сти­на, во го­ле­ма пред­ност. Во тој мо­мент ни од­да­ле­ку не бев­ме свес­ни кол­ку на­ша­та мо­мент­на ра­бо­та ќе има вли­ја­ние врз на­ше­то гра­де­ње ка­ко лич­но­сти и ка­ко ид­ни ле­ка­ри. Обич­но, ко­га лу­ѓе­то се при­ја­ву­ва­ат за во­лон­тер­ска ра­бо­та, ги по­не­су­ва­ат со се­бе ве­ќе до­бро тре­ни­ра­ни­те спо­соб­но­сти и ве­шти­ни, со кои сме­та­ат де­ка се ком­па­ти­бил­ни за таа ра­бо­та. Но, не се се­ко­гаш под­го­тве­ни да би­дат под­ло­же­ни на те­сти­ра­ње и на мо­де­ли­ра­ње. Мо­е­то пр­во искус­тво го по­ка­жа ток­му тоа. По­чув­ству­вав ка­ко на­ед­наш из­ле­гу­вам од сопс­тве­на­та ком­фор­на зо­на и сум из­ло­же­на на те­сти­ра­ње на мо­ја­та ела­стич­ност и пла­стич­ност. Ка­ко ко­ор­ди­на­тор на 25 сту­ден­ти, ан­га­жи­ра­ни во ра­бо­та­та на Цен­та­рот за јав­но здрав­је во Скоп­је, за прв­пат бе­ше те­сти­ра­на мо­ја­та спо­соб­ност за ли­дерс­тво и тоа за ор­га­ни­за­ци­ја за ко­ја не­мав ни­ка­кво искус­тво.

Освен тоа, ра­бо­та­та ка­ко ко­ор­ди­на­тор ги ста­ви на ис­пит мо­и­те ор­га­ни­за­ци­ски спо­соб­но­сти, ра­бо­та во гру­па и упра­ву­ва­ње на сопс­тве­но­то вре­ме. Се­то тоа не го за­бе­ле­жав сѐ до кра­јот на мо­јот ан­гаж­ман. То­гаш сфа­тив кол­ку мно­гу при­до­би­вки но­си со се­бе во­лон­тер­ска­та ра­бо­та. До­пол­ни­тел­но, на­ша­та ра­бо­та ба­ра­ше овоз­мо­жу­ва­ње ко­ор­ди­на­ци­ја ме­ѓу нас ко­ле­ги­те – мен­то­ри­те епи­де­ми­о­ло­зи, си­те сту­ден­ти, си­сте­мот „Мој тер­мин“, ма­тич­ни­те ле­ка­ри, дру­ги­те ин­сти­ту­ции вклу­че­ни во бор­ба­та со пан­де­ми­ја­та, што, пак, од сво­ја стра­на, по­драз­би­ра­ше се­којд­нев­на ко­му­ни­ка­ци­ја со лу­ѓе со раз­лич­ни ста­во­ви, идеи, на­чин на ра­бо­та, ка­ра­ктер, ин­ди­ви­ду­ал­ност, со цел ре­ша­ва­ње еден проб­лем – па­ци­ент по­зи­ти­вен на сарс-ков 2 ви­ру­сот. При­тоа, при се­ко­ја но­ва ан­га­жи­ра­ност до­а­ѓав­ме со  одре­ден сет спо­соб­но­сти по­втор­но и по­втор­но те­сти­ра­ни за нив­на­та ком­пе­тент­ност. 

Нај­до­бар на­чин за да се про­нај­де­те се­бе­си е да се из­гу­би­те во служ­ба на дру­ги­те

Уште при пр­во­то во­лон­тер­ско ра­бо­те­ње, пред очи­те ми беа истак­на­ти лич­ни­те сил­ни стра­ни, но и сла­бо­сти, за кои мо­рав да на­пра­вам стра­те­гии за да ги по­до­брам, за да од­го­во­рам со­од­вет­но на за­да­ча­та. За жал, овие ра­бо­ти не се учат од кни­га и во шко­ло и со нив се со­о­чу­ва се­кое ли­це ко­га ќе ста­пи на сце­на­та на во­зрас­ни­те ба­рај­ќи со­од­вет­но ра­бот­но ме­сто. Осо­бе­но важ­но за ме­не, мо­мент­но ка­ко сту­дент и иден ле­кар што ќе тре­ба да се ис­пра­ви од­го­вор­но пред сво­и­те об­вр­ски, е здо­би­ва­ње­то са­мо­до­вер­ба и гра­де­ње ка­ра­ктер на ле­кар. За ед­на го­ди­на ќе тре­ба да ја до­би­е­ме до­вер­ба­та на на­ши­те па­ци­ен­ти, кои мо­мент­но на нас гле­да­ат ка­ко на не­и­скус­ни де­ца. Ра­бо­та­та ка­ко во­лон­те­ри ни овоз­мо­жи ко­му­ни­ка­ци­ја со па­ци­ен­ти­те еден на еден, што до­то­гаш не сме ја иску­си­ле, на­со­чу­ва­ње и прис­по­со­бу­ва­ње на на­ша­та ра­бо­та на нив­ни­те по­тре­би, со цел ус­пеш­но ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот и до­би­ва­ње бла­го­да­рен па­ци­ент. Се­пак, си­те зна­е­ме кол­ку е важ­но да би­де­ме при­фа­те­ни од сре­ди­на­та та­кви ка­кви што сме, во кон­крет­ни­ов при­мер, ка­ко мла­ди ле­ка­ри под­го­тве­ни за сво­ја­та за­да­ча, со цел да из­гра­ди­ме комп­лет­на фи­зич­ки и пси­хич­ки здра­ва лич­ност. Па та­ка, здо­би­ва­ње­то на овие спо­соб­но­сти пре­ку во­лон­тер­ска ра­бо­та, до­кол­ку тоа ни е овоз­мо­же­но, е на­ви­сти­на го­ле­ма при­до­би­вка за ко­ја тре­ба се­ри­оз­но да се раз­мис­ли. Ра­бо­та­та ка­ко во­лон­те­ри за мла­ди­те ли­ца функ­ци­о­ни­ра ка­ко бру­сил­ка. Од ка­ме­нот пра­ви сја­ен ди­ја­мант, спо­со­бен да зра­чи со сопс­тве­на­та гра­ци­оз­ност во на­та­мош­ни­те пре­диз­ви­ци. Или, ка­ко што ре­кол Ма­хат­ма Ган­ди: Нај­до­бар на­чин да се про­нај­де­те се­бе­си, е да се из­гу­би­те во служ­ба на дру­ги­те.  

Не пре­ста­ну­вај­те да ра­бо­ти­те на се­бе и во ко­рист на дру­ги­те, ко­га е воз­мож­но

Ме­ѓу­тоа, ако на­ша­та енер­ги­ја ја на­со­чи­ме кон да­ва­ње за да до­би­е­ме не­што за воз­врат, овој свет би ста­нал стра­шен за жи­ве­е­ње. За­тоа, би се вра­ти­ла на ви­стин­ска­та вред­ност на во­лон­тер­ска­та ра­бо­та – ко­хе­зи­ја на сопс­тве­ни­те зна­е­ња, ве­шти­ни и ус­лу­ги и нив­но при­ме­ну­ва­ње во одре­де­на об­ласт, со што би има­ле по­зи­тив­но вли­ја­ние на за­ед­ни­ца­та и на дру­ги­те лу­ѓе. По­до­бро ре­че­но, во­лон­тер­ска­та ра­бо­та ни овоз­мо­жу­ва да ѝ воз­вра­ти­ме на за­ед­ни­ца­та за сѐ што ни овоз­мо­жу­ва, од­нос­но ни да­ва на­чин да ја изра­зи­ме на­ша­та бла­го­дар­ност пре­ку слу­же­ње во неј­зи­на ко­рист.
Мо­ја­та по­ра­ка до чи­та­те­ли­те на „Ли­це в ли­це“, кои ра­бо­тат на сво­јот раз­вој, би би­ла ни­ко­гаш да не пре­ста­нат да ра­бо­тат на се­бе, да го ра­бо­тат тоа што го са­ка­ат и да ра­бо­тат во ко­рист на дру­ги­те, се­ко­гаш ко­га е тоа воз­мож­но. Се­ко­гаш ко­га алч­но­ста ќе исп­ли­ва на по­вр­ши­на и ќе ве од­вра­ти од ва­ши­те мо­ти­ви, не пре­пу­штај­те се на неј­зи­ни­те кан­џи, спро­тив­ста­ве­те се и оби­де­те се да ја пре­на­со­чи­те кон алч­ност за пра­ве­ње до­бри де­ла, алч­ност за лич­но гра­де­ње и ли­чен раз­вој. На кра­јот, се­ко­ја ра­бо­та и труд се вред­ну­ва, без раз­ли­ка да­ли тоа ќе би­де ма­те­ри­јал­но или не. 


(Автор­ка­та е сту­ден­тка на Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет при уни­вер­зи­те­тот „Св. Ки­рил и Ме­то­диj“ – Скоп­је )

Напишете коментар