Лице в лице интервју, Магазин, Образование

Трансформација на свеста е услов за успешни образовни реформи

Време на читање: 9 минути
- банер -

ИНТЕРВЈУ СО МАРТИН ГАЛЕВСКИ, ДОКТОРАНД НА ДЕПАРТМАНОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОКСФОРД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Фотографии: Томислав Георгиев

Дали македонското образование е жртва на политика? Заробеник на ​интереси, место столб на потребите на учениците? Дали е пинг-понг топка за политикантски расправии, место есенцијален општествен актер за создавање генерации со вредности, подготвени да го направат светот подобро место за живеење на сите граѓани?

​Ре­фор­ми. Мла­ки, а нај­а­ве­ни ра­ди­кал­но. Ра­ди­кал­ни, а нај­а­ве­ни ти­вко. Ед­наш из­бр­за­ни, друг­пат за­доц­не­ти. Ни­ко­гаш на­вре­ме, во до­вол­на до­за и со ви­стин­ски це­ли.
Ка­де по­тфр­ла­ме? Има ли ви­нов­ник, ви­нов­ни­ци сме си­те или сѐ е ре­зул­тат на си­стем­ски­от, че­сто нон­ша­лан­тен, сти­хи­ен од­нос?
Мно­гу пра­ша­ња, ре­тко од­го­во­ри.
За ова из­да­ние на „Ли­це в ли­це“, на оваа же­шка те­ма, осо­бе­но важ­на сре­де ед­на гло­бал­на кри­за пре­диз­ви­ка­на од пан­де­ми­ја­та, ко­ја цр­та но­ви кон­ту­ри на ли­це­то на обра­зо­ва­ни­е­то, наш со­го­вор­ник е Мар­тин Га­лев­ски, докторанд на Департманот за образование на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија. Работи како консултант за образование во рамки на канцеларијата на Светска Банка во Северна Македонија и Србија. Не раз­го­ва­рав­ме за исто­ри­ја, за ге­о­гра­фи­ја, му­зич­ко, ли­ков­но, за се­ксу­ал­но­то обра­зо­ва­ние во ос­нов­но… Оди­ме че­кор по­на­та­му. Збо­ру­ва­ме за су­штин­ски­те еле­мен­ти на по­ста­ву­ва­ње те­мел­на ви­зи­ја и про­ек­ци­ја на одрж­лив и ква­ли­те­тен обра­зо­вен си­стем. Та­ков, што ќе овоз­мо­жи ус­ло­ви за раз­вој на ди­вер­гент­но­то мис­ле­ње и за уна­пре­ду­ва­ње на ве­шти­ни­те на 21 век, важ­ни за се­стран раз­вој на де­ца­та, и, исто­вре­ме­но, што ќе под­го­тви од­го­вор­ни гра­ѓа­ни, кои ќе соз­да­ва­ат сил­но оп­штес­тво спо­ред мно­гу па­ра­ме­три. 

Мартин Галевски. Фотографија: Томислав Георгиев

1. Ма­ке­дон­ски­от обра­зо­вен про­цес дол­го вре­ме е те­ма на кри­ти­ка, осо­бе­но ако се зе­мат пред­вид ре­зул­та­ти­те од ме­ѓу­на­род­ни­те истра­жу­ва­ња кај уче­ни­ци­те. Ед­ног­лас­но­ста де­ка му е не­оп­ход­на про­ме­на бе­ше за­ед­нич­ки предз­нак за мно­гу за­сег­на­ти стра­ни. Но, не­о­дам­неш­на­та нај­а­ва за но­ви ре­фор­ми во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние не на­и­де на до­бар од­ѕив. Ка­ко би го об­јас­ни­ле ова? Да­ли се­кој но­ви­тет го до­че­ку­ва­ме со скепсa (a од­да­ле­ку му се вос­хи­ту­ва­ме, ка­ко што е при­ме­рот со скан­ди­нав­ско­то обра­зо­ва­ние)? Да­ли, пак, при­чи­на­та е што по­стои став во фе­ла­та де­ка во овие нај­а­ви има по­ве­ќе по­ли­ти­ка, откол­ку екс­пер­ти­за?

- банер -

– Со­се­ма е нор­мал­но ко­га се слу­чу­ва­ат зна­чај­ни си­стем­ски про­ме­ни да се по­ја­ват раз­лич­ни гле­ди­шта за прет­ста­ве­ни­те ре­форм­ски че­ко­ри. Тре­ба да се ка­же де­ка раз­лич­ни­те ста­во­ви ја за­жи­ву­ва­ат и збо­га­ту­ва­ат де­ба­та­та, а по­на­та­му овоз­мо­жу­ва­ат по­до­бра ре­а­ли­за­ци­ја на ре­фор­ми­те. Јас би бил по­ве­ќе за­гри­жен до­кол­ку си­те фа­кто­ри раз­мис­лу­ва­ат исто за ра­бо­ти­те, фе­но­мен што е че­сто при­су­тен во не­де­мо­крат­ски оп­штес­тва. От­ту­ка, се на­де­вам де­ка и во ид­ни­на ќе би­де­ме све­до­ци на ва­ка жи­ви де­ба­ти ко­га е во пра­ша­ње обра­зо­ва­ни­е­то ка­ко еден од нај­важ­ни­те, ако не и нај­ва­жен, оп­штес­твен сег­мент. Во раз­ви­е­ни­те зем­ји е ве­ќе одам­на вос­по­ста­ве­но ка­ко прин­цип де­ка са­мо пре­ку отво­ре­ни ди­ску­сии што ќе ги из­ва­дат на по­вр­ши­на раз­лич­ни­те гле­ди­шта, мо­же да се дој­де до по­до­бру­ва­ње на си­те сег­мен­ти од жи­ве­е­ње­то, вклу­чу­вај­ќи го ту­ка и обра­зо­ва­ни­е­то.

Тоа што тре­ба да го раз­бе­ре­ме е де­ка ре­фор­ми­те се се­ко­гаш бо­лен про­цес би­деј­ќи по­драз­би­ра­ат про­ме­на на на­ше­то од­не­су­ва­ње. Че­сто ко­га се по­ви­ку­ва­ме на искус­тва­та од скан­ди­нав­ски­те или дру­ги раз­ви­е­ни зем­ји, нај­че­сто ка­ко кри­ти­ка на тоа што се слу­чу­ва кај нас, ка­ко да за­бо­ра­ва­ме де­ка и та­му во­ве­ду­ва­ње­то на ре­фор­ми­те е те­жок и ма­ко­тр­пен про­цес, кој е под­ло­жен на от­пор или кри­ти­ка. Тре­ба да от­ста­пи­ме од ро­ман­ти­зи­ра­ње­то де­ка та­му ра­бо­ти­те те­чат ка­ко под­мач­ка­ни. Лич­но сум учес­тву­вал во не­кол­ку ре­форм­ски про­це­си во зем­ји­те од За­пад­на Евро­па и знам де­ка и та­му пре­диз­ви­ци­те се со­ста­вен дел од ре­фор­ми­те.
Се­ка­ко, еден дел од не­га­тив­ни­те или, пак, по­ре­зер­ви­ра­ни ста­во­ви кон обра­зов­ни­те ре­фор­ми­те се пот­тик­на­ти од прет­ход­ни­те искус­тва на ова по­ле. Ако се освр­не­ме на ми­на­то­то кај нас, ќе ви­ди­ме де­ка не изо­ста­ну­ва­ат при­ме­ри на ре­фор­ми што се со кра­ток жи­во­тен цик­лус или, пак, не ги по­ка­жа­ле по­са­ку­ва­ни­те ефе­кти. При­чи­ни­те за тоа зо­што ре­фор­ми­те не ус­пе­ва­ат се раз­лич­ни и мно­гу­број­ни. Ту­ка би од­во­ил две ге­не­рал­ни при­чи­ни. Пр­ва­та е по­вр­за­на со тоа што се на­ре­ку­ва фа­ти-пу­шти ре­фор­ми, кои нај­че­сто не ус­пе­ва­ат не за­тоа што, отка­ко ќе би­дат спро­ве­де­ни, да­ва­ат не­за­до­во­ли­тел­ни ре­зул­та­ти, ту­ку за­тоа што ре­чи­си ни­ко­гаш не ја по­ми­ну­ва­ат фа­за­та на спро­ве­ду­ва­ње. Вто­ра­та при­чи­на е по­вр­за­на со ме­ха­низ­ми­те за пла­ни­ра­ње и за спро­ве­ду­ва­ње на ре­фор­ми­те – да­ли се од­во­е­ни до­вол­но средс­тва за нив, да­ли се со­од­вет­ни на обра­зов­ни­от кон­текст и да­ли има до­вол­но т.н. аген­ти на про­ме­на, кои се под­го­тве­ни лич­но да се вло­жат во про­ме­на­та.

Тоа што, мо­же­би, е не­сре­ќен по­че­ток за пред­ло­же­на­та кон­цеп­ци­ја за ос­нов­но обра­зо­ва­ние е де­ка це­ла­та ре­фор­ма уште од са­ми­от по­че­ток бе­ше ста­ве­на во кон­текст на по­ши­ро­ки­те оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки слу­чу­ва­ња, кои нѐ за­се­га­ат ка­ко др­жа­ва во мо­мен­тов, а не се на ни­ту еден на­чин по­вр­за­ни со са­ма­та цел на кон­цеп­ци­ја­та, без раз­ли­ка да­ли таа ќе би­де оце­на­та по­зи­тив­но или не­га­тив­но. За жал, дел од из­не­се­ни­те ин­фор­ма­ции во јав­но­ста за кон­цеп­ци­ја­та беа не­точ­но пре­зен­ти­ра­ни и пр­вич­но ги за­се­ни­ја кон­стру­ктив­ни­те ко­мен­та­ри и за­бе­ле­шки. Но ве­ру­вам де­ка ка­ко што се прод­ла­бо­чу­ва де­ба­та­та, ви­стин­ски­те пра­ша­ња по­ле­ка ќе из­би­јат на по­вр­ши­на.

2. Ка­ко би ја де­фи­ни­ра­ле но­ва­та пред­лог-кон­цеп­ци­ја на обра­зов­ни­от про­цес? Да­ли е ве­ту­вач­ка, во пог­лед на ре­ос­мис­лу­ва­ње на обра­зо­вен си­стем на ид­ни­на­та, и што би мо­же­ле да од­во­и­те ка­ко неј­зи­на сил­на стра­на, а што ка­ко не­из­вес­ност на ни­во на екс­пе­ри­мент? Што ќе сме­ни но­ви­от обра­зо­вен кон­цепт – кај уче­ни­ци­те, кај  на­став­ни­ци­те, во оп­штес­тве­ни­от кон­текст?

– Пр­во тре­ба да се за­пра­ша­ме да­ли ни е по­треб­на ре­фор­ма на обра­зов­ни­от про­цес. Кон­крет­но ќе ка­жам: да, по­треб­на ни е. Тоа е не­што што со го­ди­ни ни го по­ка­жу­ва­ат мно­гу­број­ни истра­жу­ва­ња од об­ла­ста, без раз­ли­ка за кој сте­пен на обра­зо­ва­ние збо­ру­ва­ме. Зе­ме­те ги истра­жу­ва­ња­та EGRA, EGMA, TIMSS и PIRLS за ос­нов­но, или пак PISA за сред­но, си­те тие, без иск­лу­чок, по­ка­жу­ва­ат де­ка по­стиг­ну­ва­ња­та на на­ши­те де­ца се мно­гу зад тие на нив­ни­те врс­ни­ци во по­ве­ќе­то зем­ји во све­тот, не за­тоа што има­ат не­ка­ков при­ро­ден де­фи­цит, ту­ку ток­му по­ра­ди обра­зов­ни­от си­стем во кои рас­тат. Од­бег­ну­ва­ње да се со­о­чи­ме со оваа со­стој­ба и не­по­вол­ни­те ре­зул­та­ти што на­ши­те уче­ни­ци ги по­стиг­ну­ва­ат мо­же са­мо до­пол­ни­тел­но да ја вло­ши си­ту­а­ци­ја­та, осо­бе­но се­га ко­га  кри­за­та пре­диз­ви­ка­на од ко­вид-19 се за­ка­ну­ва уште по­ве­ќе да ја зго­ле­ми не­ед­на­кво­ста во од­нос на при­ста­пот до уче­ње и ква­ли­те­тот на на­ста­ва­та.

Имај­ќи ги овие ра­бо­ти пред­вид, на ре­фор­ми­те во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние гле­дам ка­ко на иск­лу­чи­тел­но ва­жен еле­мент би­деј­ќи те­ме­лот на обра­зо­ва­ни­е­то се гра­ди на са­ми­от по­че­ток од жи­во­тот на де­те­то. Ду­ри би ре­кол де­ка ед­на­кво е важ­на ин­тер­вен­ци­ја во го­ди­ни­те на ра­ни­от дет­ски раз­вој и пре­ду­чи­лиш­но­то обра­зо­ва­ние. За сре­ќа, ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни ва­ква­та ин­тер­вен­ци­ја е во тек и ме ра­ду­ва што вла­сти­те сè по­ве­ќе ја раз­би­ра­ат по­тре­ба­та од ин­ве­сти­ра­ње и во овој сте­пен на обра­зо­ва­ние. Спо­ред мно­гу­број­ни со­вре­ме­ни истра­жу­ва­ња, на пр­ви­те го­ди­ни од раз­во­јот на де­те­то се гле­да ка­ко на нај­важ­ни за офор­му­ва­ње на лич­но­ста. Тоа што се слу­чу­ва во овој пер­и­од има да­ле­ко­сеж­ни пос­ле­ди­ци врз де­те­то мно­гу го­ди­ни по­доц­на. Ка­ко за илу­стра­ци­ја, по­да­то­ци­те од те­стот PISA по­ка­жу­ва­ат де­ка де­ца­та што по­се­ту­ва­ле ква­ли­тет­ни про­гра­ми за ра­но уче­ње по­стиг­ну­ва­ат по­ви­со­ки ре­зул­та­ти при уче­ње на 15-го­диш­на во­зраст. Ед­но­став­но ка­жа­но, што се слу­чу­ва со де­те­то на пет или 10-го­диш­на во­зраст ни ка­жу­ва мно­гу за тоа што ве­ро­јат­но ќе му се слу­чи на 15 или 20-го­диш­на во­зраст. Ова е уште еден ја­сен по­ка­за­тел зо­што е важ­но ре­фор­ми­те да поч­нат од те­ме­лот за по­доц­на да мо­же ту­ла по ту­ла да стиг­не­ме до пос­лед­на­та ќе­ра­ми­да.

По­кон­крет­но, во од­нос на кон­цеп­ци­ја­та за ко­ја ме пра­ша­вте, иа­ко сѐ уште е во фа­за на раз­вој и до­пре­ци­зи­ра­ње, мис­лам де­ка неј­зи­на­та ос­нов­на пред­ност е што во­ве­ду­ва со­вре­мен при­стап на уче­ње, кој во се­бе ин­кор­по­ри­ра мул­ти­дис­цип­ли­на­рен пог­лед на ма­те­ри­ја­та што се изу­чу­ва. Ва­кви­от при­стап е ве­ќе одам­на при­фа­тен ка­ко нор­ма во го­лем број зем­ји, пр­во во ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние, а во пос­лед­ни­ве две де­ка­ди сè по­ве­ќе и во сред­но­то и во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние. Тоа што истра­жу­ва­ња­та со си­гур­ност го по­ка­жу­ва­ат е де­ка ка­па­ци­те­тот за уче­ње и за раз­би­ра­ње на ма­те­ри­ја­та кај уче­ни­ци­те зна­чи­тел­но се зго­ле­му­ва ко­га вр­ска­та ме­ѓу раз­лич­ни­те со­др­жи­ни што се обра­бо­ту­ва­ат е си­нер­гет­ска. Ова е уште по­ве­ро­јат­но да би­де слу­ча­јот и во ид­ни­на ко­га ре­ша­ва­ње­то на оп­штес­тве­ни­те проб­ле­ми  со кои се со­о­чу­ва чо­ве­кот ќе ба­ра­ат поз­на­ва­ња од раз­лич­ни дис­цип­ли­ни. Всуш­ност, тоа се слу­чу­ва и во мо­мен­тов. Ре­чи­си си­те важ­ни откри­ти­ја во на­у­ка­та се ре­зул­тат на ин­тер­дис­цип­ли­нар­ни истра­жу­ва­ња. Зе­ме­те го ка­ко при­мер се­квен­ци­о­ни­ра­ње­то на чо­веч­ки­от ге­ном. Тех­ни­ки­те по­треб­ни за ова им­пре­сив­но до­стиг­ну­ва­ње вклу­чу­ваа ко­ле­ктив­ни на­по­ри од мно­гу об­ла­сти, вклу­чу­вај­ќи фи­зи­ка, хе­ми­ја, би­о­ло­ги­ја и комп­ју­тер­ски на­у­ки. Мо­же да ја зе­ме­ме ка­ко при­мер и се­гаш­на­та кри­за со ко­вид-19, чи­и­што имп­ли­ка­ции мо­же да се раз­бе­рат ка­ко пре­сек на по­ве­ќе об­ла­сти, ме­ѓу кои и здрав­ство­то, еко­но­ми­ја­та, со­ци­о­ло­ги­ја­та, пси­хо­ло­ги­ја­та и ред дру­ги.

Во од­нос на ри­зи­ци­те, на кон­цеп­ци­ја­та за ос­нов­но обра­зо­ва­ние, ка­ко и си­те дру­ги ре­фор­ми, тре­ба да ѝ се при­ста­пи вни­ма­тел­но. Од клуч­но зна­че­ње ќе би­де са­ма­та иде­ја и при­до­би­вки­те да стиг­нат до што по­ве­ќе фа­кто­ри, осо­бе­но да би­де при­фа­те­на од на­став­ни­ци­те, кои тре­ба да би­дат неј­зи­ни­от дви­га­тел во се­којд­не­ви­е­то. Од овој ас­пект ќе би­де осо­бе­но важ­но на на­став­ни­от ка­дар да му се овоз­мо­жи кон­ти­ну­и­ра­на про­фе­си­о­нал­на под­др­шка, да мо­же да се здо­бие со по­до­бри ве­шти­ни, ме­то­ди, тех­ни­ки и стра­те­гии на пре­да­ва­ње. Та­ква­та под­др­шка тре­ба кол­ку што е мож­но по­ве­ќе да би­де ин­ди­ви­ду­а­ли­зи­ра­на со цел да се изв­ле­че нај­до­бро­то од се­кој по­е­ди­нец – а при­тоа нај­до­бри­те да би­дат на­гра­де­ни за сво­јот труд и да им се овоз­мо­жи да на­пре­ду­ва­ат во сво­ја­та ка­ри­е­ра. Всуш­ност, ре­фор­ма­та ќе би­де ус­пеш­на са­мо ако е воз­мож­на транс­фор­ма­ци­ја на све­ста, а за да се слу­чи тоа е по­треб­но на­став­ни­ци­те да би­дат мо­ти­ви­ра­ни и да мо­же да ја пре­поз­на­ат цел­та на нив­ни­от труд.

Мно­гу­па­ти до­се­га, за жал, фо­ку­сот на ре­фор­ми­те во обра­зо­ва­ни­е­то се све­ду­ва­ле на зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те. Не ве­лам де­ка тоа е не­ва­жен дел, осо­бе­но ако се има пред­вид де­ка пла­ти­те на про­свет­ни­те ра­бот­ни­ци се на­ви­сти­на ни­ски, но би би­ло на­ив­но да мис­ли­ме де­ка тоа са­мо по се­бе ќе нè до­ве­де до по­до­бар ква­ли­тет. Тоа што ми се до­па­ѓа во од­нос на пред­лог-кон­цеп­ци­ја­та е де­ка по­до­бру­ва­ње­то на си­сте­мот не се све­ду­ва са­мо на по­ви­со­ки пла­ти, ту­ку ја гле­да и по­ши­ро­ка­та сли­ка за тоа ка­ко да се по­до­бри сре­ди­на­та за ра­бо­та на на­став­ни­ци­те. Ако ги пог­лед­не­ме мно­гу­број­ни­те свет­ски истра­жу­ва­ња­та што го ме­рат за­до­волс­тво­то на на­став­ни­ци­те ќе ви­ди­ме де­ка пла­ти­те не на­о­ѓа­ат ме­сто во клуч­ни­те фа­кто­ри што тие са­ми­те ги иден­ти­фи­ку­ва­ат ка­ко нај­важ­ни. Ка­ко мно­гу по­важ­ни тие ги сме­та­ат сло­бо­да­та во учил­ни­ца­та, мож­но­ста за ли­чен и про­фе­си­о­на­лен раз­вој и оп­штес­тве­на­та по­зи­ци­ја на нив­на­та про­фе­си­ја.

3. Што зна­чи ед­на ва­ква транс­фор­ма­ци­ја во обра­зо­ва­ни­е­то во пог­лед на го­ле­ма­та сли­ка? Што тре­ба да се оче­ку­ва во пер­и­о­дот до­де­ка трае? Ка­ко нај­без­бол­но да се од­ви­ва? Про­пу­шта­ме ли не­кој актер што е клу­чен во еден ва­ков про­цес, а не го вклу­чу­ва­ме до­вол­но? 

-Ма­ке­дон­ски­от обра­зо­вен си­стем и пред кри­за­та пре­диз­ви­ка­на од ко­вид-19 бе­ше си­стем со го­лем број ма­ни, а кри­за­та уште по­ве­ќе ги наг­ла­си. Кри­за­та е до­бар по­тсет­ник за тоа де­ка мо­ра да по­стои кон­ти­ну­и­тет во вло­жу­ва­ње­то. Во пог­лед на го­ле­ма­та сли­ка, ре­фор­ма­та тре­ба да би­де по­че­ток на еден ва­ков про­цес, кој ќе го по­зи­ци­о­ни­ра обра­зо­ва­ни­е­то ка­ко ед­на од клуч­ни­те об­ла­сти за одрж­лив раз­вој на др­жа­ва­та.  Не­што што е мно­гу важ­но е ка­ко ќе се одра­зи ре­фор­ма­та на по­стиг­ну­ва­ња­та на ран­ли­ви­те гру­пи уче­ни­ци. Лич­но за ме­не, ус­пе­хот на кон­цеп­ци­ја­та ќе би­де нај­го­лем до­кол­ку го на­ма­ли дла­бо­ки­от обра­зо­вен јаз што по­стои во мо­мен­тов. Без иск­лу­чок, до­се­гаш­ни­те истра­жу­ва­ња ни ука­жу­ва­ат де­ка по­стои зна­чи­те­лен рас­че­кор во по­стиг­ну­ва­ње­то на те­сто­ви­те за пис­ме­ност и за на­у­ка ме­ѓу де­ца­та од раз­лич­ни­те ет­ни­ку­ми, ме­ѓу де­ца­та од бо­га­ти и од си­ро­маш­ни се­мејс­тва, ме­ѓу тие кои жи­ве­ат во се­ло и во град и ни­за дру­ги со­цио-де­мо­граф­ски кри­те­ри­у­ми. Во тој пог­лед, дол­го­роч­но гле­да­но, мо­ра да на­пра­ви­ме сѐ што мо­же­ме за да ги по­до­бри­ме мож­но­сти­те за ус­пех на ран­ли­ви­те гру­пи де­ца. Тоа е, пред сè, на­ша етич­ка об­вр­ска ка­ко оп­штес­тво, но и еко­ном­ски нај­исп­лат­ли­ва ин­ве­сти­ци­ја.

4. Ка­ква би би­ла ште­та­та ако не се ре­а­ли­зи­ра­ат ре­фор­ми што ќе го про­ме­нат обра­зов­ни­от про­цес со цел да соз­да­ва­ме ге­не­ра­ции, чи­и­што ве­шти­ни и зна­е­ња ќе би­де ком­па­ти­бил­ни со но­во­то вре­ме? Но, и ка­ква би би­ла ште­та­та ако ни се слу­чат не­до­вол­но до­бро ос­мис­ле­ни ре­фор­ми?

-Ште­та­та мо­же да би­де ед­на­кво го­ле­ма од не­до­сти­гот на ре­фор­ми, но, и од ре­фор­ми што не се до­вол­но до­бро ос­мис­ле­ни. Но тоа не зна­чи де­ка тре­ба да пре­ста­не­ме да раз­мис­лу­ва­ме за тоа ка­ко да го за­си­ли­ме си­сте­мот и кој сет мер­ки ни се по­треб­ни за да мо­же да го по­до­бри­ме ква­ли­те­тот на обра­зо­ва­ни­е­то. Ко­га се раз­мис­лу­ва за ре­фор­ми­те, тре­ба да се има­ат пред­вид не­кол­ку ра­бо­ти. Пр­во, да се из­бег­не иску­ше­ни­е­то да се од­ви­ва­ат прем­но­гу ре­форм­ски че­ко­ри исто­вре­ме­но, или, пак, во рам­ки­те на ед­на ре­фор­ма да се ре­ша­ва­ат прем­но­гу ре­форм­ски це­ли. Вто­ро, важ­но е да по­стои одре­ден сте­пен на прис­по­соб­ли­вост во ди­зај­ни­ра­ње­то и во спро­ве­ду­ва­ње­то на ре­фор­ми­те. Ре­форм­ска­та по­ли­ти­ка што не оста­ва про­стор за прис­по­со­бу­ва­ње е, во су­шти­на, ло­ша по­ли­ти­ка. Впро­чем, ед­на од нај­важ­ни­те ра­бо­ти на кои нè на­у­чи кри­за­та пре­диз­ви­ка­на од ко­вид-19 е де­ка на кру­ти­те обра­зов­ни си­сте­ми мно­гу по­те­шко им оде­ше про­це­сот на адап­та­ци­ја од тие што има­ат вос­по­ста­ве­но ме­ха­низ­ми за прис­по­со­бу­ва­ње. И тре­то, ре­фор­ми­те ба­ра­ат отво­ре­ност, по­све­те­ност и истрај­ност, до­бра ко­ор­ди­на­ци­ја ме­ѓу раз­лич­ни­те фа­кто­ри, и кри­те­ри­у­ми за от­чет и за мер­ли­вост на ре­зул­та­ти­те.


5. Зем­ји­те со ус­пе­шен обра­зо­вен си­стем не ги под­го­тву­ва­ат де­ца­та са­мо за ре­про­дук­ци­ја на зна­е­ње, ту­ку мно­гу по­ве­ќе за кри­тич­ко раз­мис­лу­ва­ње и за кре­а­тив­на упо­тре­ба на ве­ќе на­у­че­но­то, по­крај ак­цен­ти­ра­ње­то на со­ци­јал­ни­те и емо­ци­о­нал­ни ве­шти­ни, ка­ко и прис­по­соб­ли­вост и актив­но уче­ње. Спо­ред вас, ка­де мо­же да се ло­ци­ра нај­го­ле­ми­от пре­диз­вик во ма­ке­дон­ски­от обра­зо­вен про­цес? Во стру­кту­ра­та на про­гра­ми­те, во на­чи­нот на обу­чу­ва­ње на на­став­нич­ки­от ка­дар, во бав­но­ста на сле­де­ње или при­ме­ну­ва­ње ус­пеш­ни обра­зов­ни мо­де­ли и трен­до­ви, во вр­за­ни­те ра­це на на­став­ни­ци­те во пог­лед на кре­а­тив­но­ста во при­ста­пот?

-Од­го­во­рот за тоа ка­де мо­же да се ло­ци­ра нај­го­ле­ми­от пре­диз­вик со кој се со­о­чу­ва на­ши­от обра­зо­вен про­цес не е ед­но­ста­вен за­тоа што по­сто­јат по­ве­ќе пре­диз­ви­ци – за­ста­рен си­сте­ми на фи­нан­си­ра­ње, не­до­стиг од ме­ха­низ­ми за ме­ре­ње на ква­ли­тет и ин­сти­ту­ци­о­нал­на кул­ту­ра на ква­ли­тет,  ни­зок сте­пен на мо­бил­ност на ка­да­рот и, спо­ред ме­не, нај­важ­но, не­до­вол­но гри­жа за ран­ли­ви­те гру­пи уче­ни­ци. Клуч­но е да се наг­ла­си и де­ка обра­зо­ва­ни­е­то е си­стем на вр­за­ни са­до­ви. Проб­ле­ми во ед­на об­ласт мо­же да до­ве­дат до проб­ле­ми во ни­за дру­ги об­ла­сти. От­ту­ка, тре­ба да се дејс­тву­ва во по­ве­ќе сег­мен­ти одед­наш, при­тоа да се пре­поз­нае ка­ко ре­фор­ми­ра­ње на ед­на ком­по­нен­та има по­тен­ци­јал да вли­јае по­зи­тив­но или не­га­тив­но и на дру­ги­те. Но, тоа не зна­чи де­ка на си­те еле­мен­ти мо­же да им се по­све­ти по­дед­на­кво вни­ма­ние. Иа­ко тоа во те­о­ри­ја зву­чи ка­ко нај­до­бра­та мож­на оп­ци­ја, во пра­кти­ка се по­ка­жу­ва де­ка се­ко­ја ре­фор­ма по­драз­би­ра да­ва­ње при­о­ри­тет ако се има на ум де­ка се спро­ве­ду­ва со огра­ни­че­ни ре­сур­си. Ус­пеш­ни­те ре­фор­ми се тие што го пре­поз­на­ва­ат ова.

Напишете коментар