Инклузивно општество, Магазин

Битно е да се остане човек

Имам ви­де­но мно­гу не­при­јат­ни мо­мен­ти отка­ко бе­ше прог­ла­сен пер­и­од на пан­де­ми­ја. Мно­гу че­сто се сре­ќа­вав со смртта во нечиј дом. Ќе оти­дам не­ка­де да зе­мам примерок и по два ча­са доз­на­вам де­ка па­ци­ен­тот по­чи­нал. На мој при­ја­тел, ро­ди­те­ли­те му по­чи­наа во рок од три де­на. При­ја­те­ли на мај­ка ми и на та­тко ми, со­пруж­ни­ци, по­чи­наа во ист ден. Со пе­е­ње­то, пред старт на ра­бот­ни­от дел, не­ка­ко ми бе­ше по­лес­но да го истур­кам де­нот. Ни­ко­гаш не сум пе­ел јав­но, но се ос­ме­лив и ви­дов де­ка лу­ѓе­то го при­фа­ти­ја тоа, а ме­не ми ста­на по­лес­но та­ка да се но­сам со не­при­јат­ни­те случ­ки.
Ва­ка ја поч­ну­ва сво­ја­та при­каз­на Де­нис Јан­ку­лов­ски, ме­ди­цин­ски­от тех­ни­чар што вне­се по­зи­тив­на енер­ги­ја ме­ѓу гра­ѓа­ни­те и мно­гу ве­дри­на во те­шки­те де­но­ви ис­пол­не­ти со страв и со не­из­вес­ност за вре­ме на пан­де­ми­ја­та.

Сѐ што им тре­ба на лу­ѓе­то е мал­ку му­а­бет

Не­го­ва ра­бо­та е да им по­мог­не на лу­ѓе­то што не мо­жат да стиг­нат до пун­кто­ви­те за те­сти­ра­ње за ко­ро­на и да се те­сти­ра­ат, а ста­на пре­поз­нат­лив и со утрин­ски­те ви­деа на кои пее. Сто­ти­ци лу­ѓе се­којд­нев­но ги гле­да­ат би­деј­ќи им го раз­ве­се­лу­ва де­нот. За се­бе ве­ли де­ка не знае до­бро да пее, но де­ка тоа е нај­мал­ку важ­но.
– Пе­е­ње­то ми е ка­ко вен­тил и ми­ло ми е што лу­ѓе­то ба­рем пет ми­ну­ти од де­нот од­во­ју­ва­ат за да ги от­трг­нат мис­ли­те од ко­ро­на­та, од по­ли­ти­ка­та, од це­ла­ва си­ту­а­ци­ја. Си пра­виш ше­га, си го пра­виш де­нот. Не се тру­дам да пе­ам уба­во, са­мо сед­ну­вам и се ос­ло­бо­ду­вам – ни ка­жу­ва Де­нис.
Ве­ќе ед­на го­ди­на Де­нис вр­ши до­маш­ни по­се­ти за да им зе­ме при­ме­ро­ци од гр­ло и од нос на па­ци­ен­ти што се или за­ра­зе­ни од ви­ру­сот ко­ро­на, или се сус­пект­ни. Тие што го при­ми­ле во сво­јот дом зна­ат на што се дол­жи не­го­ва­та по­пу­лар­ност. Де­нис е чо­век што бр­зо го за­поз­на­ваш и лес­но го за­са­ку­ваш. При­ја­тен, до­бар, ве­сел, по­зи­ти­вен, искрен и отво­рен. При­ја­тел на се­ко­го. И во нај­те­шки­те ми­го­ви ус­пе­ва да ја со­чу­ва сво­ја­та при­себ­ност и трез­ве­ност. Не­го­ва­та жи­вот­на фи­ло­зо­фи­ја е ед­но­став­на: да се би­де чо­ве­чен и не­по­сре­ден во ко­му­ни­ка­ци­ја­та со лу­ѓе­то.
– Не мо­жам да вле­зам во не­чиј дом за при­ме­рок, а да не си на­пра­вам му­а­бет со до­ма­ќи­ни­те. Го пра­вам тоа што са­кам да го до­жи­ве­ам. Има си­ту­а­ции ка­де што сѐ што им тре­ба на лу­ѓе­то е мал­ку му­а­бет, по­не­ко­гаш за ко­ро­на, по­не­ко­гаш на ка­ква би­ло те­ма. Стра­вот ги др­жи лу­ѓе­то под при­ти­сок, а уба­ви­от збор зла­то вре­ди. Бит­но е да се оста­не чо­век – ве­ли Де­нис.

Са­мо да за­вр­ши ко­ро­на­ва…

Де­нис ра­бо­ти ка­ко ме­ди­цин­ски тех­ни­чар во Цен­та­рот за јав­но здрав­је, Скоп­је. На по­че­то­кот на пан­де­ми­ја­та тој бе­ше дел од ти­мот на не­кол­ку­ми­на здрав­стве­ни ра­бот­ни­ци што одеа по до­мо­ви­те и зе­маа при­ме­рок од па­ци­ен­ти, кои по­ра­ди здрав­стве­ни при­чи­ни не мо­жат да дој­дат до пун­кто­ви­те. Ве­ќе по­ло­ви­на го­ди­на ра­бо­ти сам, ка­ко единс­твен на те­рен. Се­којд­нев­но по­се­ту­ва па­ци­ен­ти со те­шки ко­мор­би­ди­те­ти, со раз­лич­ни ди­јаг­но­зи, не­под­виж­ни, па­ра­ли­зи­ра­ни ли­ца, па­ци­ен­ти што до­жи­ве­а­ле мо­зо­чен удар или, пак, ли­ца со по­пре­че­ност. Ним им го олес­ну­ва при­ста­пот до здрав­стве­ни­те ус­лу­ги. Чо­ве­ко­љу­би­е­то му е глав­на ка­ра­кте­ри­сти­ка. За вре­ме на пан­де­ми­ја­та, ка­ко нај­ло­ши мо­мен­ти ќе ги пам­ти тие ко­га слуш­нал де­ка не­кој па­ци­ент или при­ја­тел не се из­бо­рил со бо­ле­ста. Но, има и среќ­ни мо­мен­ти. Ка­ко нај­у­ба­ви ги изд­во­ју­ва друж­ба­та со де­ца­та од кои го до­би пре­ка­рот Кос­мо­на­у­тко и до­бри­те ве­сти де­ка па­ци­ен­ти­те кај кои бил пре­жи­ве­а­ле, се из­ле­ку­ва­ле и се во до­бра со­стој­ба.
Еден ден зе­ма­ње­то при­ме­ро­ци го од­не­ло и во дом за ста­ри ли­ца ка­де што ви­дел не­кој под­за­бо­ра­вен при­ја­тел.
– Ко­га бев де­те, и одев во ос­нов­но учи­ли­ште, мно­гу че­сто гле­дав ед­но де­те со Да­у­нов син­дром ка­ко се ше­та со мај­ка му. До­де­ка ние играв­ме во дво­рот на учи­ли­ште­то „11 Октом­ври“, тоа де­те ре­дов­но ќе за­ста­не­ше на огра­да­та и нѐ гле­да­ше. Се­ко­гаш бе­ше нас­ме­а­но. Мно­гу ми бе­ше жал што не бе­ше со нас, ту­ку нѐ гле­да­ше од зад огра­да­та. Слу­чај­но имав­ме те­сти­ра­ње во еден дом за ста­ри ли­ца во Ра­ди­ша­ни и во еден мо­мент ја пре­поз­нав нас­ме­вка­та на ма­ло­то мом­че. Тој се­га има 60 го­ди­ни. Та­ква ра­дост ми дој­де што не мо­жам да опи­шам. Му ја пре­поз­нав нас­ме­вка­та, тоа не се за­бо­ра­ва. Се до­го­во­рив­ме со сопс­тве­ни­кот на до­мот, отка­ко ќе за­вр­ши пан­де­ми­ја­та, јас и не­кол­ку лу­ѓе да му оти­де­ме на Аце на го­сти. И ќе оди­ме, са­мо да за­вр­ши ко­ро­на­ва – рас­ка­жу­ва Де­нис.

При­до­би­вки од пан­де­ми­ја­та – ос­ла­бев и за­поз­нав не­поз­на­ти де­ло­ви од Скоп­је

– По­ра­ди тоа што сум по це­ли де­но­ви во ска­фан­дер, ре­шив да ја­дам са­мо два­па­ти днев­но, на­у­тро пред ра­бо­та и вто­ри­от пат отка­ко ќе се при­бе­рам до­ма. По­ра­ди тоа из­ми­на­ти­ве ме­се­ци ос­ла­бев 16 ки­ло­гра­ми. Тоа е ед­на од две­те при­до­би­вки што ги имам од ко­ро­на­та – ве­ли Де­нис низ смеа.
Со не­го­ви­от по­зи­ти­вен при­стап на ра­бо­ти­те ус­пе­ва да изв­ле­че по­зи­тив­ни ра­бо­ти и од пан­де­ми­ја­та, иа­ко се­којд­не­вие му се бо­ле­ста, стра­вот и смрт­та. Освен тоа што ос­ла­бел, ра­бо­та­та го од­не­ла до нај­ин­те­рес­ни­те и нај­да­леч­ни­те ме­ста во Скоп­је, кои во дру­ги окол­но­сти, нај­ве­ро­јат­но, ни­ко­гаш не би ги по­се­тил и ви­дел. Тоа за не­го е вто­ра­та при­до­би­вка.
– Не по­стои ме­сто или ули­ца во Скоп­је ка­де што не сум вле­гол. Не­кои се­ла не ни зна­ев де­ка по­сто­јат. На при­мер Цр­ве­на Во­да, се­ло во под­нож­је­то на Ки­тка. Мо­жам сло­бод­но да ка­жам де­ка не­ма ме­сто ка­де што не сум бил. Ус­пе­ав да на­пра­вам фо­то­гра­фии од не­кои од нив. Мо­рам да го изд­во­јам До­бри Дол, ме­сто­то е рај, нир­ва­на, со пре­крас­на па­но­ра­ма на Скоп­је. Сфа­тив де­ка има­ме пре­крас­ни из­лет­нич­ки ме­ста низ Скоп­је, ама не ги зна­е­ме и не ги це­ни­ме – рас­ка­жу­ва тој.

Иде­ја­та да по­де­лам бо­жик­ни че­сти­тки ми дој­де на сон

Чич­ко Кос­мо­на­у­тко, ка­ко што го на­ре­ку­ва­ат де­ца­та по­ра­ди ска­фан­де­рот во кој ра­бо­ти се­којд­нев­но, за вре­ме на но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци ус­пеа да по­де­ли 900 че­сти­тки. Ве­ли де­ка иде­ја­та му дош­ла на сон. Ду­ри и смис­лил пес­нич­ка по тој по­вод: „На сон ми иде, со­нот ми ве­ли, Ден­ко но­во­го­диш­ни че­сти­тки да по­де­ли“.
– Со здру­же­ни­е­то „Ау­ти­зам  ААМК“, во со­ра­бо­тка со „Ме­ѓа­ши“, имав­ме две но­во­го­диш­ни за­ба­ви во кои де­лев­ме че­сти­тки. Се обра­тив до „Ме­ѓа­ши“ и ми по­ну­ди­ја че­сти­тки кол­ку што мо­жам да зе­мам. Во раз­не­су­ва­ње­то ми по­мог­наа при­ја­те­ли по­шта­ри. Ус­пе­ав­ме да пра­ти­ме до Охрид, Те­то­во, Ве­лес, Би­то­ла. Но, нај­у­бав мо­мент е тоа што и јас до­бив 80. Ми ги ис­пра­ти­ја лу­ѓе што до­би­ле че­сти­тки од ме­не, но и лу­ѓе што не ги поз­на­вам, а кои ус­пе­а­ле да ја нај­дат мо­ја­та адре­са. Имав че­сти­тка и од Њу­јорк, од Аме­ри­ка. На­ју­ба­во е чув­ство­то ко­га ќе отво­риш сан­да­че и ќе ис­по­па­ѓа­ат три­е­се­ти­на че­сти­тки што ти ги пра­ти­ле – ве­ли Де­нис.

Хе­рои се си­те ме­ди­цин­ски ра­бот­ни­ци од ко­вид-цен­три­те

Јав­но­ста и ме­ди­у­ми­те го прог­ла­си­ја Де­нис за хе­рој од се­којд­не­ви­е­то, но на овој епи­тет тој гле­да со скром­ност. За не­го, хе­рои се си­те ме­ди­цин­ски ра­бот­ни­ци што ра­бо­теа во пр­ви­те ли­нии, кои во ус­ло­ви на нов и не­поз­нат ви­рус хра­бро вле­гоа во бор­ба про­тив за­ра­за­та.
-Јас сум са­мо еден ил­ја­ди­ти дел, ед­но ма­ло пар­че од мо­за­и­кот на мно­гу хе­рои. Збо­ру­вам за си­те здрав­стве­ни ра­бот­ни­ци и соработници, од ад­ми­ни­стра­ци­ја, во­за­чи итн. За да мо­жам јас да одам по при­ме­ро­ци, не­кој мо­ра да ста­ви го­ри­во во во­зи­ло­то, друг мо­ра да ја обез­бе­ди опре­ма­та. Си­те вра­бо­те­ни во ко­вид-цен­три­те се ап­со­лут­ни хе­рои за ме­не, по­тоа ма­тич­ни­те ле­ка­ри, кои се­којд­нев­но ко­му­ни­ци­ра­ат со па­ци­ен­ти­те, кои одеа по до­мо­ви, здрав­стве­ни­те ра­бот­ни­ци во служ­би­те за бр­за по­мош, тие што ди­рект­но има­ле кон­такт и сред­ба со ви­ру­сот со мож­ни­те по­зи­тив­ни па­ци­ен­ти. Си­те се хе­рои – ве­ли Де­нис.

Со­о­чу­ва­ње­то со пан­де­ми­ја­та мо­же­ше да би­де по­до­бро из­ве­де­но

Во екот на пан­де­ми­ја­та се за­др­жу­вал на ра­бо­та по 12 ча­са. На днев­но ни­во се слу­чу­ва­ло да по­се­ти и по сто­ти­на до­мо­ви за да зе­ме при­ме­ро­ци од гр­ло и од нос на сус­пект­ни па­ци­ен­ти.
– Про­сек ми бе­ше да на­пра­вам по 40 до 50 те­сти­ра­ња во де­нот, по­ре­тко бе­ше по­ве­ќе од 100. Поч­ну­вав во 7 на­у­тро, а за­вр­шу­вав ко­га ќе за­вр­шам со си­те на­ло­зи. Пред 6 не се при­би­рав до­ма, не­ко­гаш се вра­ќав и во 9 на­ве­чер. Уште на са­ми­от по­че­ток ми бе­ше јас­но де­ка ќе би­де така, па си се про­гра­ми­рав уште пр­ви­от ден. Олес­ни­тел­на окол­ност ми е што имам раз­би­ра­ње од се­мејс­тво­то. Одам до­ма, ру­чам и лег­ну­вам да спи­јам, ка­ко го­стин на прес­пи­ва­ње одев – до­да­ва Де­нис.
Оце­ну­ва де­ка здрав­стве­ни­от си­стем до­бро се со­о­чил со пан­де­ми­ја­та, но до­да­ва де­ка мо­же­ло и по­до­бро.
– Мис­лам де­ка ре­ла­тив­но до­бро се снај­дов­ме, со ог­лед на тоа де­ка не сме фи­нан­си­ски моќ­на др­жа­ва и со ог­лед на тоа што не бев­ме под­го­тве­ни ка­ко што и ни­кој не бе­ше. Но ус­ло­ви­те во кои ни се на­о­ѓа др­жа­ва­та се тие. Мо­же­ше да би­де мно­гу по­до­бро, но ус­ло­ви­те, те­ре­нот, оп­штес­тво­то, со­ве­ста на лу­ѓе­то или нив­на­та не­со­вес­ност, се­пак, тоа се фа­кто­ри што вли­ја­е­ја да не би­де та­ка ка­ко што оче­ку­вав­ме и да трае дол­го. Др­жа­ва­та мо­же­ше по­до­бро да се со­о­чи, исто и лу­ѓе­то, да ги по­чи­ту­ва­ат мер­ки­те – до­да­ва тој.

Отсе­ко­гаш зна­ев де­ка ќе ра­бо­там со ли­ца со по­пре­че­ност

Де­нис не­о­дам­на ос­но­ва­ше Здру­же­ние за ли­ца со ау­ти­зам, но ве­ли де­ка отсе­ко­гаш зна­ел де­ка жи­во­тот ќе го од­не­се по пат ка­де што ќе мо­же да им по­мог­не на ли­ца­та со по­себ­ни по­тре­би. Пред не­кол­ку го­ди­ни, ко­неч­но, му се ука­жа­ла мож­ност да при­до­не­се во оваа сфе­ра.
– Сѐ што пра­вам, пра­вам со огром­но за­до­волс­тво за­тоа што сум дел од тој свет. Имам мно­гу енер­ги­ја и мно­гу љу­бов што са­кам да ја спо­де­лам со тие де­ца и со нив­ни­те ро­ди­те­ли. Ка­ко што поч­нав да го ра­бо­там тоа, ми се отво­ри но­ва перс­пе­кти­ва, ка­ко да вле­гов во дру­га ди­мен­зи­ја, во нив­ни­от свет. По­не­ко­гаш сум ка­ко во­зрас­но де­те. Ви­дов де­ка та­му при­па­ѓам. Та­ка чув­ству­вам за се­бе, де­ка сум дел од тој свет. Тие го пре­поз­на­ва­ат отво­ре­но­то и искре­но ср­це, а кај ме­не не­ма ништо извештачено – до­да­ва Де­нис.

Напишете коментар