Во кру­гот на ве­ле­шка­та то­пил­ни­ца има те­шки ме­та­ли ка­ко кад­ми­ум, цинк и оло­во. Со се­кое ду­ва­ње на ве­трот од поч­ва­та се раз­не­су­ва то­кси­чен прав. Ле­та на­се­ка­де. Поч­ва­та е дла­бо­ко за­га­де­на, па се за­га­де­ни и рас­те­ни­ја­та, зе­лен­чу­кот.
Ва­ква­та со­стој­ба со поч­ви­те не­о­дам­на ја акту­а­ли­зи­раа ис­пи­ту­ва­ња на ор­га­ни­за­ци­и­те „Ви­ла Зо­ра“ од Ве­лес и „Еко­ге­ри­ла“ од Те­то­во. Акти­ви­сти­те утвр­ди­ја ва­кви ло­ка­ции во Скоп­је, Ка­ва­дар­ци и во Те­то­во, а осо­бе­но е алар­мант­на си­ту­а­ци­ја­та во Ве­лес, иа­ко то­пил­ни­ца­та е згас­на­та ре­чи­си ед­на де­це­ни­ја.

Кад­ми­ум – 12 па­ти над доз­во­ле­на­та гра­ни­ца

Акти­ви­стот Ки­ре Ко­чов од ор­га­ни­за­ци­ја­та „Ви­ла Зо­ра“ из­ја­ву­ва де­ка пос­лед­ни­те ис­пи­ту­ва­ња што ги пра­ват овие ор­га­ни­за­ции се пра­ве­ни врз маг­до­нос, до­мат и пи­пер­ка. Во мо­стри­те од маг­до­но­сот и де­лум­но од до­ма­тот (од мо­стри­те) се над­ми­на­ти гра­ни­ци­те за оло­во и за кад­ми­ум.
- Др­жа­ва­та не пре­зе­ма ни­што. Единс­тве­но, пос­лед­ни­те не­кол­ку ме­се­ци се ра­бо­ти на дис­ло­ка­ци­ја на ја­ло­ви­на­та. Пре­ку фир­ма ќе се дис­ло­ци­ра во на­ред­ни­те че­ти­ри-пет го­ди­ни. Но, не­ма за­кон за поч­ва, а поч­ва­та во Ве­лес по ранг е, де­фи­ни­тив­но, не­у­по­треб­ли­ва! Не смее ни­што да се са­ди на неа. Се­пак, лу­ѓе­то ту­ка жи­ве­ат, са­дат, нѐ хра­нат се­којд­нев­но со тие отро­ви. Не са­мо нас ве­ле­ша­ни, ту­ку и скоп­ја­ни. Од Ве­лес се из­ве­зу­ва млад кро­мид за Хр­ват­ска, Ср­би­ја... Зна­чи, го за­га­ду­ва­ме и ре­ги­о­нот - ве­ли Ко­чов.
Тој по­јас­ну­ва де­ка се за­га­де­ни ток­му бав­чи­те што го хра­нат гра­дот, а се бли­зу до то­пил­ни­ца­та. - Та­му има кад­ми­ум не­ка­де и до 12 па­ти над доз­во­ле­на­та гра­ни­ца - наг­ла­су­ва тој.

Ова ги на­те­ра­ло да раз­мис­лу­ва­ат за про­чи­сту­ва­ње, де­кон­та­ми­на­ци­ја на поч­ва­та со фи­то­ре­ме­ди­ја­ци­ја. Тоа е про­цес ко­га се упо­тре­бу­ва­ат рас­те­ни­ја со моќ да ап­сор­би­ра­ат во се­бе штет­ни ма­те­рии. За­тоа са­де­ле мас­ло­дај­на реп­ка.

По де­кон­та­ми­на­ци­ја­та, те­шки­те ме­та­ли во поч­ва­та на дла­бо­чи­на од ну­ла до 20 сан­ти­ме­три би­ле по­го­ле­ми за 0,5 па­ти, до­де­ка од 20 до 40 сан­ти­ме­три - по­ма­ли за 3,5 па­ти. Ова зна­чи, по­вр­ши­на­та во ме­ѓу­вре­ме по­втор­но би­ла за­га­де­на со прав, а реп­ка­та под­ла­бо­ко во поч­ва­та ги при­ми­ла ме­та­ли­те.
Ра­сте­ни­ја­та, хи­пе­рап­сор­бе­ри­те што ги со­би­ра­ат те­шки­те ме­та­ли, ве­ли Ко­чов, тре­ба да се уни­штат про­пис­но - на ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра, во по­себ­ни печ­ки, а оста­то­кот тре­ба да се де­по­ни­ра во со­од­вет­ни кон­теј­не­ри.
- Др­жа­ва­та тре­ба да нај­де ме­сто за де­по­ни­ра­ње на овие опас­ни ма­те­рии. Тре­ба ре­ше­ние. Плус, има­ме врв­ни на­уч­ни­ци што мо­жат те­шки­те ме­та­ли од поч­ва­та, од бил­ки­те да ги ек­стра­хи­ра­ат и да се ко­ри­стат. Но, тоа е ве­ќе на­у­ка, а ние сме акти­ви­сти. Ние пра­ви­ме стра­те­ги­ја за про­чи­сту­ва­ње со фи­то­ре­ме­ди­ја­ци­ја. Ко­га ќе би­де го­то­ва, ќе ја спро­ве­де­ме, пре­ку Со­ве­тот на Оп­шти­на Ве­лес тре­ба да се усвои на оп­штин­ско ни­во. Исто­то мо­же да се прес­ли­ка на дру­го ме­сто. Aко има­ат жел­ба ин­сти­ту­ци­и­те мо­же да ра­бо­тат на те­ма­та. Поч­ва­та тре­ба да се вра­ти во функ­ци­ја - ве­ли тој.

Хо­ланд­ски стан­дар­ди за за­га­де­ност на поч­ва­та

Про­фе­со­рот од Ин­сти­ту­тот по хе­ми­ја при При­род­но-ма­те­ма­тич­ки­от фа­кул­тет, Трај­че Ста­фи­лов, ја поз­дра­ву­ва ини­ци­ја­ти­ва­та на акти­ви­сти­те. Тој наг­ла­су­ва де­ка има ефе­кти од фи­то­ре­ме­ди­ја­ци­ја­та, но де­ка тоа тре­ба да про­дол­жи би­деј­ќи со ед­на-две го­ди­ни не се изв­ле­ку­ва­ат те­шки­те ме­та­ли, кои ги има во огром­ни ко­ли­чи­ни. По­треб­ни се средс­тва и са­де­ње на мно­гу по­го­ле­ми по­вр­ши­ни.
- Ге­не­рал­но, низ го­ди­ни­те, со­стој­ба­та со за­га­де­но­ста на поч­ва­та не е про­ме­не­та. Вр­шев­ме истра­жу­ва­ња и го про­ши­рив­ме по­драч­је­то во Ве­лес на 100 ква­драт­ни ки­ло­ме­три. Се по­ка­жа де­ка за­га­ду­ва­ње­то се про­ши­ру­ва кон се­вер и се­ве­ро­за­пад. Тој про­стор, око­лу 14 ква­драт­ни ки­ло­ме­три, е за­га­ден над ин­тер­вент­ни­те вред­но­сти, спо­ред хо­ланд­ски­те стан­дар­ди - ве­ли Ста­фи­лов.

Тие ко­ри­сте­ле хо­ланд­ски стан­дар­ди со ос­нов­на (цел­на) гра­ни­ца и ин­тер­вент­на (ак­ци­ска) гра­ни­ца. Ста­фи­лов об­јас­ну­ва де­ка се­ко­ја европ­ска зем­ја си соз­да­ва свои стан­дар­ди, во сог­лас­ност со пре­по­ра­ки­те од ЕУ, но и спо­ред ин­ду­стри­ски­те и при­род­ни­те ге­о­ло­шки про­це­си, ди­стри­бу­ци­ја­та на те­шки ме­та­ли итн. Хр­ват­ска ве­ќе има до­бар пра­вил­ник, ве­ли тој, а слич­но и Ср­би­ја, ко­ја ги пре­зе­ла хо­ланд­ски­те гра­ни­ци. Ова зна­чи, кла­си­фи­ка­ци­ја на поч­ви­те. По­дел­ба ка­кви актив­но­сти би се пра­ве­ле на ре­зи­ден­ци­ја­лен про­стор, ка­кви на ин­ду­стри­ски, ка­кви на зем­јо­дел­ска поч­ва. Над цел­на­та гра­ни­ца­та е „де­лум­но за­га­де­на“ поч­ва, што зна­чи ис­пи­ту­ва­ње за при­сус­тво­то на суп­стан­ции во зем­јо­дел­ски­те про­из­во­ди, да­ли се тие би­о­до­стап­ни на ко­ре­но­ви­от си­стем, или са­мо на по­вр­ши­на­та, за да се из­ве­ду­ва­ат одре­де­ни кул­ту­ри. Над ак­ци­ска­та гра­ни­ца зна­чи за­бра­на за се­ка­ква актив­ност ду­ри не се ис­чи­сти поч­ва­та. За­бра­на за обра­бо­тка, са­де­ње и кон­су­ма­ци­ја, но тоа не се слу­чу­ва кај нас, об­јас­ну­ва про­фе­со­рот, би­деј­ќи не­ма­ме огра­ни­чу­ва­ња за то­ксич­ни суп­стан­ции во поч­ва, ту­ку са­мо ста­ри пра­вил­ни­ци со ре­фе­рент­ни вред­но­сти за зе­лен­чук.

Ова е важ­но, ако ре­трос­пе­ктив­но се пог­лед­не де­ка во Ве­ле­шко беа про­нај­де­ни ме­та­ли во кро­мид, лук, ма­ру­ла, ’рдо­кви, бро­ку­ла, цвек­ло... Ме­та­ли над гра­ни­ци­те беа утвр­де­ни и во шест од 10 при­ме­ро­ци на мед од Ве­ле­шко.
- За­ко­нот за за­шти­та на поч­ви­те, чи­ја­што ра­бот­на вер­зи­ја е изра­бо­те­на по­о­дам­на, оп­фа­ќа го­лем број мер­ки за за­шти­та. Не са­мо стан­дар­ди. При­мер, чи­сте­ње­то на ма­ла­та де­по­ни­ја на ОХИС, ука­жа на по­тре­ба­та да се знае до кое ни­во да се от­стра­ну­ва­ат то­ксич­ни­те суп­стан­ции. До кој про­стор, до ко­ја дла­бо­чи­на да оди­ме, кол­ку средс­тва да се пла­ни­ра­ат. Тре­ба да има­ме вред­но­сти за да пла­ни­ра­ме - ве­ли тој.

За­тоа и пре­ку пот­про­ект на Ор­га­ни­за­ци­ја­та за ин­ду­стри­ски раз­вој на Обе­ди­не­ти­те на­ции (УНИДО) би­ле на­пра­ве­ни гра­нич­ни вред­но­сти. Та­кви­от пра­вил­ник, об­јас­ну­ва про­фе­со­рот, тре­ба­ло да има за­кон­ска под­др­шка во по­стој­ни­от За­кон за жи­вот­на сре­ди­на.

- За тој пра­вил­ник изра­бо­тен пре­ку про­е­ктот, во­ден пре­ку ме­ѓу­на­род­ни струч­ња­ци, разг­ле­ду­ван и одо­брен од до­маш­ни струч­ња­ци, има ве­ту­ва­ња де­ка Ми­ни­стерс­тво­то ќе на­пра­ви на­по­ри. Но, еве, ние поч­ну­ва­ме со чи­сте­ње на ОХИС, а пра­вил­ни­кот го не­ма­ме. Се на­де­вам ќе би­де до­не­сен. Јас­но де­ка ба­ра го­ле­ми средс­тва и на­по­ри, но тре­ба да се поч­не со одре­де­ни ре­а­ли­за­ции, ап­ли­ка­ции на про­е­кти, со мер­ки - наг­ла­су­ва Ста­фи­лов.

Жи­ве­е­ме во заб­лу­да де­ка сме зем­ја на нај­вкус­но овош­је и зе­лен­чук

Ко­га по­ве­ќе од 40 еко­ор­га­ни­за­ции, здру­же­ни ка­ко #Зе­лен­Фронт го ор­га­ни­зи­раа нај­ма­сов­ни­от еко­про­тест пред Но­ва го­ди­на, ток­му ед­но од ба­ра­ња­та бе­ше за­кон за за­шти­та на поч­ва­та. Oд „О2 ини­ци­ја­ти­ва“ по­тсе­ту­ва­ат де­ка за­ко­нот е по­ста­вен на Еле­ктрон­ски­от на­ци­о­на­лен ре­ги­стар на про­пи­си (ЕНЕР) уште од 2014 го­ди­на. Од то­гаш се сме­ни­ја вла­ди и пар­тии, но не се нај­де ин­те­рес да се до­не­се.

- Не­ка­ко ка­ко да е по­лес­но да се иг­но­ри­ра­ат проб­ле­ми­те, нај­у­ба­во да си жи­ве­е­ме во заб­лу­да де­ка сме зем­ја на нај­вкус­но овош­је и зе­лен­чук. Ако се ста­ви ред и кон­тро­ла кои по­вр­ши­ни се за­га­де­ни, по­треб­но е да се за­бра­ни про­из­водс­тво на хра­на од тие об­ла­сти сè до­де­ка поч­ва­та не се де­кон­та­ми­ни­ра, ако во­оп­што е мож­но. Ако за­га­ду­ва­ње­то не е по ви­на на зем­јо­дел­ци­те, тре­ба и да им се исп­ла­ти от­ште­та, а за тоа се по­треб­ни средс­тва, кои не се во план - ве­лат од „02 ини­ци­ја­ти­ва“.

Спо­ред еко­а­кти­ви­сти­те, oсвен стран­ски­те фон­до­ви, по­треб­на е и вол­ја од др­жа­ва­та и ко­неч­но ре­ша­ва­ње на же­шки­те точ­ки.

- Кон­крет­но со лин­да­нот од ОХИС, про­е­ктот за не­го­во от­стра­ну­ва­ње и ре­ме­ди­ја­ци­ја трае со го­ди­ни, не­кол­ку­па­ти и со обез­бе­де­ни средс­тва од стран­ски фон­до­ви, но про­це­ду­ра­та за­пи­ра­ла са­мо по­ра­ди пот­пис на ми­ни­стер, од­лу­ка на Вла­да и слич­но. По­тоа сле­ду­ва­ат но­ви из­бо­ри, па но­ви ми­ни­стри, но­ва вла­да и ра­бо­та­та се одол­жу­ва во не­дог­лед. Се­ко­гаш при­чи­на­та е са­мо ед­на – фи­нан­си­и­те, кои др­жа­ва­та тре­ба да ги од­вои, и не­под­го­тве­но­ста да го на­пра­ви тоа - наг­ла­су­ва­ат од „О2 ини­ци­ја­ти­ва“ до­пол­ну­вај­ќи де­ка не се до­не­се­ни ни­ту из­ме­ни­те во За­ко­нот за жи­вот­на сре­ди­на за да се уре­ди по­ста­пу­ва­ње­то со кон­та­ми­ни­ра­ни­те по­драч­ја.

От­пад­на­та ја­ло­ви­на од „Бу­чим“ се гле­да пре­ку „Гугл ерт“

Со го­ди­ни се збо­ру­ва за т.н. 16 же­шки точ­ки. На нив ра­бо­те­ше и Ста­фи­лов. Ме­ѓу нај­проб­ле­ма­тич­ни­те жа­ри­шта, тие што се поз­на­ти за јав­но­ста, се де­по­ни­и­те со лин­дан во дво­рот на ОХИС. Освен Ве­лес, Скоп­је и По­вар­дар­је­то, проб­ле­ма­тич­ни се и „Ју­го­хром“, скоп­ска­та же­ле­зар­ни­ца, но и от­па­дот од цен­тра­ли­те во Би­то­ла и во Ос­ло­меј со ко­ли­чес­твото пе­пел. Истра­жу­ва­ња­та низ го­ди­ни­те по­ка­жаа зго­ле­ме­ни со­др­жи­ни штет­ни ма­те­рии и во источ­на Ма­ке­до­ни­ја, со ре­а­кти­ви­ра­ње­то на руд­ни­ци­те „То­ра­ни­ца“, „Са­са“ и „Зле­то­во“. На не­кол­ку па­ти Ста­фи­лов наг­ла­су­ва­ше де­ка ко­ли­чес­тва­та от­пад­на ја­ло­ви­на око­лу „Бу­чим“ се тол­ку го­ле­ми, што се гле­да­ат пре­ку „Гугл ерт“.

Не­ка­де, за рас­про­стра­ну­ва­ње на ме­та­ли­те вли­ја­е­ле и при­род­ни­те ге­о­ло­шки про­це­си, реч­ни­те сли­во­ви, ро­за­та на ве­тро­ви. Со би­о­рас­по­лож­ли­во­ста на ме­та­ли­те кај руд­ни­кот „Ал­шар“, оп­сто­ју­ва­ат се­дум ви­до­ви ен­дем­ски рас­те­ни­ја - ви­о­ли. Се адап­ти­ра­ле на то­ксич­ни­те ме­та­ли и раз­ви­ле не­ве­ро­јат­на ап­сорп­ци­ска моќ. Тие се единс­тве­ни во све­тот!

Не­оп­хо­ден е ши­рок оп­сег од исто­вре­ме­ни ак­ции

Од Ми­ни­стерс­тво­то за жи­вот­на сре­ди­на (МЖСПП) се­га ве­лат де­ка де­ка­ди на ин­ду­стри­ја­ли­за­ци­ја, за­си­ле­но експ­ло­а­ти­ра­ње при­род­ни ре­сур­си и не­кон­тро­ли­ра­но упра­ву­ва­ње опа­сен от­пад од ме­та­лур­шка­та, хе­ми­ска­та ин­ду­стри­ја и од тер­мо­цен­тра­ли­те, оста­ви­ле мно­гу за­га­де­ни ло­ка­ли­те­ти и де­по­нии. Пр­ви­от ин­вен­тар на кон­та­ми­ни­ра­ни­те по­драч­ја е на­пра­вен во 2005 го­ди­на, ко­га се иден­ти­фи­ку­ва­ни 16 жа­ри­шта со кон­та­ми­ни­ран гра­де­жен от­пад и опа­сен от­пад од про­из­водс­тво­то.

- Вкуп­ни­от из­нос за ре­ме­ди­ја­ци­ја во сог­лас­ност со „Спе­ци­јал­на­та сту­ди­ја за за­га­де­ни ин­ду­стри­ски по­драч­ја - же­шки точ­ки“ е приб­лиж­но 77 ми­ли­о­ни евра. Ова е гру­ба прес­ме­тка, на­пра­ве­на врз ос­но­ва на по­вр­ши­на­та, ко­ли­чи­на­та на де­по­ни­ра­ни­от от­пад и го­диш­ни­от мо­ни­то­ринг. Тре­ба да се наг­ла­си де­ка по­себ­ни­те сту­дии за еко­ном­ска исп­лат­ли­вост на­пра­ве­ни за не­кол­ку од нив по­ка­жу­ва­ат го­ле­ма раз­ли­ка во из­но­сот, што е при­фат­ли­во би­деј­ќи оваа сту­ди­ја е по­ве­ќе оп­шта и е изра­бо­те­на во 2005 го­ди­на - со­оп­шту­ва­ат од Ми­ни­стерс­тво­то.

Од та­му твр­дат де­ка пре­ли­ми­нар­ни истра­жу­ва­ња се из­вр­ше­ни на си­те ло­ка­ли­те­ти. Изра­бо­те­ни се и студии за еко­ном­ска оправ­да­ност за ОХИС, „Зле­то­во“, „Сил­мак“ (по­ра­не­шен „Ју­го­хром“) и за „Мак­стил“. Ме­ѓу дру­ги­те, низ го­ди­ни­те про­е­кти за „Окта“, Ло­ја­не и „Бу­чим“, го спо­ме­ну­ва­ат и те­ков­ни­от про­ект на ГЕФ за чи­сте­ње на дел од лин­да­нот во ОХИС.

- По­стиг­ну­ва­ње­то на стра­те­ги­ски­те це­ли утвр­де­ни за над­ми­ну­ва­ње на по­стој­ни­те проб­ле­ми и ма­ни во упра­ву­ва­ње­то на ре­ме­ди­ја­ци­ја­та на по­го­ле­ми­те оп­то­ва­ру­ва­ња врз жи­вот­на­та сре­ди­на и на еко­ло­шки­те жа­ри­шта на­ло­жу­ва ши­рок оп­сег на ак­ции, кои тре­ба да се спро­ве­ду­ва­ат исто­вре­ме­но и во долг вре­мен­ски пер­и­од - ве­лат од Ми­ни­стерс­тво­то.

Со но­ви­от За­кон за ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни, до­пол­ну­ва­ат тие, ин­ду­стри­ски­от от­пад ќе мо­же да се да­де под кон­це­си­ја. Ве­лес и Ло­ја­не се ве­ќе под кон­це­си­ја. Врз ба­за на на­о­ди­те за 16 же­шки точ­ки е соз­да­ден ин­ди­ка­тор Напредок во упра­ву­ва­ње кон­та­ми­ни­ра­ни ло­ка­ли­те­ти за пер­и­о­дот 2005 – 2011 го­ди­на.

- Мо­же да се зак­лу­чи де­ка од 16 ло­ка­ли­те­ти што се прог­ла­се­ни за кон­та­ми­ни­ра­ни ло­ка­ли­те­ти, од­нос­но зем­ји­ште­то во са­ми­те ин­ста­ла­ции, од­нос­но фа­бри­ки­те, кај 83,3 про­цен­ти од нив кон­та­ми­нацијата е со те­шки ме­та­ли. Во рам­ките на овој про­ект не се на­пра­ве­ни ис­пи­ту­ва­ња над­вор од кру­гот на ин­ста­ла­ци­и­те и фа­бри­ки­те - наг­ла­су­ва­ат од Ми­ни­стерс­тво­то.

До­пол­ни­телнo, во рам­ки на про­е­ктот фи­нан­си­ран од ЕУ, име­ну­ван Раз­вој на мо­ни­то­ринг на жи­вот­на­та сре­ди­на и ин­фор­ма­ти­вен си­стем, за поч­ви­те е пред­ви­де­на под­го­то­вка на за­кон­ски акти по­вр­за­ни со мо­ни­то­ринг на поч­ва­та. По­на­та­му, Ми­ни­стерс­тво­то ве­ли де­ка сле­ду­ва под­го­то­вка на стра­те­ги­ја за мо­ни­то­ринг на жи­вот­на­та сре­ди­на, вклу­чу­вај­ќи ја и поч­ва­та и под­го­то­вка на функ­ци­о­нал­на ана­ли­за на за­да­чи­те и на об­вр­ски­те на ин­сти­ту­ци­и­те од­го­вор­ни за одр­жу­ва­ње на На­ци­о­нал­на­та мре­жа за мо­ни­то­ринг на поч­ва­та.

По­тре­бен е ин­сти­ту­ци­о­на­лен трет­ман на поч­вата

Спо­ред МЖСПП, со из­ме­ни на За­ко­нот за жи­вот­на сре­ди­на се овоз­мо­жу­ва фор­мал­на иден­ти­фи­ка­ци­ја на кон­та­ми­ни­ра­ни по­драч­ја. Се во­ве­ду­ва­ат кри­те­ри­у­ми кое по­драч­је би се сме­та­ло за кон­та­ми­ни­ра­но, а отка­ко ќе се иден­ти­фи­ку­ва, од вла­да­та се прог­ла­су­ва за такво.

- За­ко­нот е усво­ен од вла­да­та и е до­ста­вен во Со­бра­ние за усво­ју­ва­ње од пра­те­ни­ци­те - ве­лат од МЖСПП.  До распуштање на Собранието, законот не беше усвоен.

Од дру­га стра­на, Аген­ци­ја­та за хра­на и ве­те­ри­нарс­тво (АХВ) има за­кон­ска об­вр­ска за мо­ни­то­ринг на хра­на­та. Об­јас­ну­ва­ат де­ка од 2012 го­ди­на спро­ве­ду­ва Про­гра­ма за мо­ни­то­ринг на без­бед­но­ста на хра­на­та спо­ред европ­ски­те про­гра­ми за мо­ни­то­ринг и пре­по­ра­ки­те на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја, пре­ку ко­ја из­ми­на­та­ва 2019 го­ди­на се зе­ме­ни мо­стри од овош­је и од зе­лен­чук од па­за­ри­те и од откуп­ни­те пун­кто­ви. Вр­ше­ле ла­бо­ра­то­ри­ско ис­пи­ту­ва­ње за при­сус­тво на ре­зи­дуи од пе­сти­ци­ди, па од 230 мо­стри се нај­де­ни де­вет по­зи­тив­ни. Ме­ѓу нив има три од Скоп­ски­от ре­ги­он, а по две од Ку­ма­нов­ски­от, Стру­мич­ки­от и од Го­сти­вар­ски­от ре­ги­он. АХВ ис­пи­ту­ва­ле и те­шки ме­та­ли во хра­на. Нај­де­на е ед­на по­зи­тив­на од 88 мо­стри.
- Ста­ну­ва збор за тр­пез­но гроз­је, мо­стра зе­ме­на од Го­сти­вар­ски­от ре­ги­он, кај ко­ја со из­вр­ше­но­то ла­бо­ра­то­ри­ско ис­пи­ту­ва­ње би­ло по­твр­де­но де­ка е по­зи­тив­на на оло­во и на кад­ми­ум - ве­лат од АХВ.

Ми­ни­стерс­тво за зем­јо­делс­тво, шу­марс­тво и во­до­сто­панс­тво, пак, твр­ди де­ка Вла­да­та во го­диш­на­та про­гра­ма за 2020 го­ди­на ка­ко ви­сок при­о­ри­тет го има по­ме­сте­но за­ко­н за ис­хра­на на рас­те­ни­ја­та.
- Со ова се утвр­ду­ва ква­ли­тет и без­бед­ност на во­да­та за на­вод­ну­ва­ње, суп­стан­ци­и­те за ис­хра­на на рас­те­ни­ја­та и поч­ва­та ка­ко су­ро­ви­на, суп­страт и под­ло­га за одг­ле­ду­ва­ње рас­те­ни­ја. Ми­ни­стерс­тво за зем­јо­делс­тво го има при­ја­ве­но овој за­кон и во На­ци­о­нал­на­та про­гра­ма за усво­ју­ва­ње на пра­во­то на ЕУ, со ко­ја тре­ба да се из­вр­ши це­лос­но усог­ла­су­ва­ње со нај­но­ва­та ре­гу­ла­ти­ва на 1009 на ЕУ од ју­ли 2019 го­ди­на - ве­лат од Ми­ни­стерс­тво­то.


(Тек­стот е под­го­твен во рам­ки на „Ли­це в ли­це со гра­ѓа­ни­те“, под­др­жан од Кралс­тво­то Швед­ска пре­ку про­е­ктот „Нор­ди­ска под­др­шка за на­пре­док на Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја“. Со­др­жи­на­та е единс­тве­на од­го­вор­ност на авто­рот и на ни­ту еден на­чин не мо­же да се сме­та де­ка ги одра­зу­ва гле­ди­шта­та на до­на­то­рот)
Авторот е новинар во редакцијата на Радио МОФ

Илустрација: Ивана Маркоска 



*Текстот е подготвен крајот на јануари/почеток на февруари 2020