Лице в лице патување: Его кон еко
ШТО Е ЗА ТЕБЕ ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА? КАКО ТИ ПРИДОНЕСУВАШ ЗА ЕКОЛОШКИ ЧИСТА ОКОЛИНА?
Забележуваш ли дека, додека
______________________________________________________________________
Институции is typing…
Влада is typing…
Општина is typing…
Граѓаните is typing…
.
.
Чист воздух has left the chat.
_____________________________________________________________________
*развиено според идеја на Ивана Маркоска
Загаден воздух, вода, почва = неквалитетен живот.
Дојдете, заеднички да ја разбистриме маглата и да видиме чисто, бистро сино небо
Драги пријатели на „Лицевлице“,
Ја имаме честа да ве поканиме на промоција на новиот, 39-ти број на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“, со што го отвораме „поглавјето“ дистрибуција во Тетово.
Ве каниме на интерактивен настан со мирис на свежо печатени страници кои ја носат темата „Лице в лице патување: од его кон еко“ и повикуваат на будност и промена! Настанот ќе се одржи во четврток, 27-ми февруари 2020, во Едукативниот центар „Реа“ во Тетово, со почеток во 12 часот.
Ова е можност на која ве повикуваме да зборуваме за постапките со кои што наштетуваме на животната средина, а кои директно влијаат на нашето здравје и на нашата иднина, да си ги споделиме предлозите за потенцијалните решенија, како и добри практики од светот кои може да се применат и да нè променат.
Со овој настан, најавуваме и дека тетовчани ќе имаат можност на улиците на својот град да го најдат „Лице в лице“. Дистрибуција на списанието во Тетово ја започнуваме со организациите „Милениум“ и „Центар за едукација и развој“, кои стануваат дел од мрежата на партнерски организации на „Лице в лице“.
„Лице в лице“ е единственото улично списание кај нас и е едно од пионерските социјални претпријатија во земјава. Списанието го продаваат ранливи сограѓани кои со овој работен ангажман се интегрираат во општеството, се влијае на нивната економска, но и социјална состојба. Еден број чини 100 денари, а половина е заработка за продавачот.
#Лицевлице
#ЛицевлицеТетово
#NordicSupport #ЛицевЛицеСоГраѓаните