Идеите „Skopje goes Zero Waste“ – социјален бизнис за продажба на производи од мали домашни производители, без или со реупотребливо пакување, во рамки на која ќе бидат ангажирани пензионери или лица што се технолошки вишок и идејата „Football Frame“ – дигитална платформа, чијашто цел е промоција на убавините на фудбалската игра, позитивните општествени вредности и борбата против недостигот од физичка активност во секојдневието – се победничките идеи од првата генерација на програмата RISE за социјални претприемачи, во организација на здружението за социјални иновации „АРНО“.
Оваа програма за победничките идеи обезбедува финансиска поддршка во износ од 2500 евра и дополнителна менторска и експертска поддршка во рамки на инкубациската фаза.
– Во првата генерација млади социјални претприемачи во нашата земја, вкупно осум тимови учествуваа во програма за развој на нивните вештини, знаења и мотивација. Тимовите ги развија своите идеи за социјален бизнис, кои имаат позитивно влијание врз природата и заедницата, промовираат соработка и имаат потенцијал за регионален развој. Сите македонски тимови учествуваа на пет обуки, три настани со мотивациски говорници, одржаа 24 средби со тимот на АРНО, имаа помош од стручњаци, кои во рамки на 72 експертски сесии им помагаа да ги развијат идеите, и имаа несебично и целосно водство од своите ментори: Андријана Папиќ-Манчева, Михаил Стевчев, Олга Рајчиќ, Антонио Јовановски, Јошко Ивановски, Елена Хаџи Пецова, Стефан Чичевалиев, Весна Соколовска – нагласуваат од АРНО.
Целта на RISE е да го збогати социјално-претриемачкиот екосистем на Западниот Балкан и да им овозможи на младите луѓе да развиваат иновативни општествени решенија и со тоа да придонесат кон помирување и соработка во регионот.
Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.