Со фотоволтаичните системи – до одржлива и енергетски безбедна иднина
Нашата земја е совршено позиционирана за производство на соларна енергија. Еден киловат инсталиран капацитет на фотоволтаик може да произведе до 1500 kWh електрична енергија годишно, што е за 300-400 kWh повеќе од европскиот просек
Македонија има 280 сончеви денови во годината, но мала искористеност на сонцето како обновлив извор што крие огромен потенцијал.
Еден од чекорите напред кон менување на оваа слика е услугата што ја нуди ЕВН: Фотоволтаични системи за домаќинства и за бизнис.
Оваа можност обезбедува многубројни бенефити, а меѓу нив, како најважни: заштита на животната средина, пониски трошоци за електрична енергија и достапна цена.
[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]
Сончевата енергија може да ја загрее и општествената одговорност на бизнисот
Сите претпријатија, без разлика на големината и на индустријата, можат да постават фотоволтаични централи со услугата на ЕВН. Експертите на ЕВН целосно го реализираат проектот, по принципот „клуч на рака“. Приодот вклучува детална анализа на специфичната потрошувачка, анализа на објектот каде што се поставува системот, по што следува конфигурација, набавка и инсталација на фотоволтаичната централа. Корисниците добиваат персонализирано решение, димензионирано според потребите на нивниот бизнис. Фотоволтаичните централи, пак, поради масовното производство и напредокот во технологијата, имаат пристапна цена, долг животен век и висок квалитет.
Потребата и трошоците за нивно одржување се минимални, а компаниите може да заштедат и повеќе од 30 проценти од вкупните трошоци за електрична енергија. Затоа, инвестицијата, обично, се враќа за период од шест до осум години. Од друга страна, не постои почиста енергија од таа на сонцето. Од сите типови производство на обновлива енергија, соларната е со најпозитивен ефект на природата. Со намалувањето на емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина и инвестирањето во одржливост компаниите демонстрираат и високо ниво на свест и на општествена одговорност.
На крајот, целиот процес ЕВН го заокружува со договор за откуп на вишокот произведена енергија што на претпријатијата им нуди дополнителни финансиски придобивки и сигурност при евентуален прекин во работните процеси.
Посебен меур: Нашата земја е совршено позиционирана за производство на соларна енергија. Еден киловат инсталиран капацитет на фотоволтаик може да произведе до 1.500 kWh електрична енергија годишно, што е за 300 до 400 kWh повеќе од европскиот просек.
Прокредит банка – партнер во финансискиот предизвик
ЕВН од ова лето, во областа на финансирањето на фотоволтаичните системи, оствари соработка со Прокредит банка. Сите компании што ќе инсталираат фотоволтаични системи со ЕВН имаат можност да ги финансираат преку екокредитите на Прокредит банка, која цели да се стимулира реализацијата на одржливи, зелени проекти кај претпријатијата.
Можноста за користење на кредитните линии е огромна поволност, поради тоа што изворот на финансирање може да биде предизвик кај дел од претпријатијата, а со инвестиција во обновлива енергија тие остваруваат долгорочни ефекти.
Фокусот на оваа кредитна линија е ставен на правни субјекти што имаат цел поставување фотоволтаичен систем наменет за производство на енергија за доминантно сопствени потреби.
Со финансирање ваков тип проекти се придонесува кон зголемување на самоодржливоста и на енергетската независност на локалните компании и се поттикнува свеста за долгорочни инвестиции со позитивни ефекти на животната средина. Инаку, Прокредит банка веќе четврта година по ред активно ја користи електричната енергија произведена од сопствената фотоволтаична централа поставена на покривот од зградата.
За услугата на ЕВН компаниите може подетално да се информираат кај менаџерите за корисници, во инфоцентарот во ГТЦ, или на [email protected], а за кредитната линија на Прокредит банка на [email protected] или да закажат состанок со тимот за кредитирање екопроекти на 02/ 2 446 000.
Сонцето нека влезе и во домовите
Покрај понудата за компании, услугата за поставување фотоволтаични системи ЕВН ја нуди и на домаќинствата. Придобивките од искористувањето на сончевата енергија во домот се, исто така, повеќекратни.
Заштедите може да надминат 30 проценти, а тенденцијата секогаш треба да биде што повисока искористеност на сопствената произведена енергија.
Услугата за домаќинства е, исто така, по принципот „клуч на рака“, со тоа што корисниците имаат можност да изберат еден од неколкуте пакети со поволни цени, кои најмногу одговараат на потребите на нивниот дом.
Повеќе информации за пакетите за домаќинствата, корисниците може да добијат на [email protected] или во Инфоцентарот во ГТЦ. Домаќинствата, доколку сакаат вишокот на енергија да го пласираат во дистрибутивната мрежа, треба да склучат договор за снабдување со електрична енергија со еден од снабдувачите на отворениот пазар. Ова е поради тоа што во моментов, според постојната регулатива, корисниците што се снабдуваат со универзалниот снабдувач не смеат да продаваат електрична енергија.
[/ihc-hide-content]