Актуелно

Социјален ментор – новата интересна професија

Ре­ги­о­нов ги доби првите 10 ментори за социјална интеграција (социјални ментори), откако по­ми­наа повеќемесечна програма, која дава значителен придонес кон создавање поинклузивен пазар на трудот. Главна задача на социјалните ментори е насочување на лицата што тешко можат да се вра­бо­тат и нивна подготовка при влезот на пазарот на труд. Социјалниот ментор се фокусира кон по­тен­ци­ја­ли­те за вработување на лицето и неговата работна интеграција на отворениот пазар на труд или на посредниот пазар на труд (работното подготвување во социјални претпријатија).
Пр­ва­та генерација социјални ментори во Македонија, Косово, Албанија, Србија и во Босна и Хер­це­го­ви­на беше обучена од страна на Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој  „Паб­лик“, која работи според верификувана програма оформена во согласност со потребите на гру­пи­те што тешко можат да се вработат во земјава и во регионот, со поддршка на Германското друш­тво за интернационална соработка (ГИЗ). Едукативната програма и методологијата за со­ци­јал­но менторство произлезе од потребата за изработка на оперативен протокол за активација, мо­ти­ви­ра­ње и за задржување на работа на овие лица на отворениот пазар за труд.

Со­ци­јал­ни­те ментори со засилени професионални капацитети се веќе активни на терен во рамки на своите матични организации, а на Форумот на добри компании, кој се одржа на 15 и на 16 април преку интернет, новоздобиеното знаење и пристап го опишаа како голема промена во на­чи­нот на работа со ранливи луѓе.
– Тоа што ми недостигаше во мојата работа, сега го имам. Имам алатки и имам структуриран при­стап  со чијашто помош знам дека значително ќе го подобрам влегувањето и останувањето на па­за­рот на труд на ли­ца­та што тешко можат да се вработат.  Ова за мене беше едно од најзначајните про­фе­си­о­нал­ни искуства, добив многу преку програмата за социјалното менторство – об­јас­ни Јелена Станковиќ од Србија, една од десетте социјални менторки, кои изминатиов период се обу­чу­ваа за обезбедување на оваа услуга.
Со­ци­јал­на­та менторка Арлинда Заими од Косово, пак, нагласи дека тие се агенти на промената:
– Сил­но верувам дека пристапот на социјалното менторство ќе биде начин да се направи мост ме­ѓу програмите за социјална инклузија и вработувањето, како и меѓу центрите за социјална работа и  агенциите за вработување.

Напишете коментар