Лице в лице интервју

Вистинската трансформација почнува од луѓето

Време на читање: 9 минути
- банер -

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ,
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

Оста­ну­ва­ме фо­ку­си­ра­ни на
де­лов­на­та за­ед­ни­ца,
но и на со­ци­јал­но­то прет­при­е­маш­тво.
Зо­што? Би­деј­ќи, по де­фи­ни­ци­ја,
се нај­ди­на­мич­ни­те и нај­о­тво­ре­ни
сег­мен­ти од оп­штес­тво­то.
Та­ка, це­ли­ме да соз­да­де­ме
кри­тич­на ма­са лу­ѓе, ор­га­ни­за­ции,
еко­ном­ски опе­ра­то­ри што ги
раз­би­ра­ат ја­зи­кот и по­тре­би­те на 21 век

фотографија: Томислав Георгиев

Фон­дот за ино­ва­ции и тех­но­ло­шки раз­вој има цел да би­де ре­а­лен мо­тор на оп­штес­тве­на­та транс­фор­ма­ци­ја, ба­зи­ра­на на ино­ва­ции, на отво­рен ум, на ре­ал­ни при­до­би­вки, на со­ли­дар­ност и на чо­веч­ност, ве­ли неј­зи­ни­от прв чо­век, Јо­ван Дес­по­тов­ски.
Во из­ми­на­ти­те три го­ди­ни по­ве­ќе од 2.000 до­маш­ни ком­па­нии му при­ста­пи­ле на Фон­дот, со изра­бо­те­ни ин­ве­сти­ци­ски пла­но­ви за под­др­шка, од кои 450 би­ле ус­пеш­ни. Кај дру­ги­те, ве­ли Дес­по­тов­ски, се пра­ват че­ко­ри за пот­тик­ну­ва­ње – да се оби­дат по­втор­но и по­втор­но.
– Гра­ди­ме кул­ту­ра на „не­о­тка­жу­ва­ње“, на упор­ност, де­ци­ден е Дес­по­тов­ски.
Ус­пе­си­те, пре­диз­ви­ци­те и ви­зи­ја­та на Фон­дот за ино­ва­ции и тех­но­ло­шки раз­вој, вр­за­ни за раз­во­јот на на­ше­то оп­штес­тво се при­чи­на за ин­терв­ју со не­го­ви­от ли­дер.

Кол­ку пре­ку сво­ја­та ви­зи­ја, прос­ле­де­на со мер­ки, под­др­шка и за­лож­би, Фон­дот за ино­ва­ции и тех­но­ло­шки раз­вој ус­пе­ва да му вдах­не со­вре­ме­на функ­ци­о­нал­ност на на­ше­то оп­штес­тво­то во си­те сег­мен­ти од жи­ве­е­ње­то? Да­ли за овие пет го­ди­ни се ис­пол­не­ти оче­ку­ва­ња­та и прог­но­зи­те по­ста­ве­ни од стар­тот?

- банер -

Без да по­ста­ви­те цел са­мо ќе се вр­ти­те во ме­сто и не­ма да ста­са­те ни­ка­де. Лич­но, во се­ко­ја ра­бо­та што ја ра­бо­там, гле­дам пре­диз­вик. Та­ка бе­ше и пред три го­ди­ни, ко­га го при­фа­тив ан­гаж­ма­нот во Фон­дот. Си по­ста­вив не­кол­ку це­ли, ме­ѓу кои ед­на од по­важ­ни­те бе­ше фо­ку­сот на под­др­шка­та од др­жа­ва­та да се по­ме­сти од стран­ски­те кон до­маш­ни­те ком­па­нии. Да се на­пра­ви ед­на рам­но­те­жа, ко­ја до­то­гаш во­оп­што ја не­ма­ше. Рам­но­те­жа што га­ран­ти­ра де­ка не­ма да се пре­тво­ри­ме во со­вре­ме­на еко­ном­ска „ко­ло­ни­ја“ на го­ле­ми стран­ски ком­па­нии, ту­ку раз­во­јот ќе го ба­зи­ра­ме на сопс­тве­ни­от ус­пех. Сед­нав­ме на ма­са со си­те со­од­вет­ни фа­кто­ри, ме­ѓу кои и биз­нис-за­ед­ни­ца­та и сто­пан­ски­те ко­мо­ри и ра­бо­тев­ме на про­ме­на на ус­ло­ви­те и на соз­да­ва­ње ин­стру­мен­ти по ме­ра на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја – сe отво­рив­ме кон биз­ни­сот.

Во овие пет го­ди­ни ус­пе­ав­ме да ур­не­ме по­ве­ќе сте­ре­о­ти­пи и да го сме­ни­ме на­чи­нот на кој се раз­мис­лу­ва за раз­вој на до­маш­на­та еко­но­ми­ја и прет­при­е­маш­тво. Ако до пред не­кол­ку го­ди­ни те­ма­та ино­ва­ции бе­ше не­што ап­стракт­но и не­поз­на­то, се­га сѐ по­ве­ќе се збо­ру­ва за ино­ва­тив­ни про­е­кти на до­маш­ни ком­па­нии што ос­тва­ру­ва­ат ус­пех, не са­мо ов­де, ту­ку и на ме­ѓу­на­род­ни па­за­ри. Тоа што лич­но ме ра­ду­ва е што ус­пе­ав­ме да го раз­бу­ди­ме кре­а­тив­ни­от и ино­ва­ти­вен по­тен­ци­јал во оп­штес­тво­то и да до­ка­же­ме де­ка ов­де има иск­лу­чи­тел­но ум­ни, кре­а­тив­ни, ино­ва­тив­ни, но и хра­бри лу­ѓе што ре­ши­ја да се вло­жат во сопс­твен раз­вој, а со тоа и во раз­вој на еко­но­ми­ја­та. Ме­сто лу­ѓе, ко­неч­но, поч­нав­ме да „из­ве­зу­ва­ме“ ус­пеш­ни биз­нис-при­каз­ни. И не, не го ка­жу­вам ова на­па­мет, ту­ку врз ба­за на мно­гу­број­ни ва­кви ком­па­нии од пор­тфо­ли­о­то на ФИТР. Се­ка­ко де­ка овој ус­пех не до­а­ѓа сам од се­бе!

Ако нас­ле­див­ме ин­ве­сти­ции од са­мо 0,8 ми­ли­о­ни евра и 36 под­др­жа­ни ком­па­нии, се­га, три го­ди­ни по­доц­на, ве­ќе збо­ру­ва­ме за ин­ве­сти­ци­ско пор­тфо­лио од 70 ми­ли­о­ни евра и по­ве­ќе од 450 под­др­жа­ни до­маш­ни ком­па­нии. Кај овие ком­па­нии ре­ги­стри­ра­ме 71про­цент по­раст на до­би­вка, 11про­цен­ти по­раст на при­хо­ди и по­ве­ќе од 10 про­цен­ти по­раст во број на вра­бо­те­ни. Ова по­ка­жу­ва де­ка со ви­стин­ски при­стап и мер­ки, ре­зул­та­ти­те до­а­ѓа­ат са­ми. Ние, оваа вла­да, по­ка­жав­ме ка­ко мо­же ед­на ин­сти­ту­ци­ја да функ­ци­о­ни­ра по со­вре­мен терк. На­ша за­да­ча е ова да ста­не пра­кти­ка и да се прес­ли­ка во што по­го­лем број дру­ги ин­сти­ту­ции.

Да­ли  сме за­до­вол­ни и да­ли по­стиг­нав­ме мно­гу? Да. Да­ли се­ко­гаш мо­же уште по­ве­ќе и уште по­до­бро – без сом­не­ние. Но, овие ре­зул­та­ти и број­ки нè те­ра­ат да гле­да­ме на­пред со ре­ал­ни пла­но­ви за зго­ле­му­ва­ње на средс­тва­та и со ин­ве­сти­ции во до­маш­ни­те прет­при­ја­ти­ја.

Да­ли ин­тен­ци­ја­та за оп­штес­тве­на транс­фор­ма­ци­ја иск­лу­чи­во (тре­ба да) се пот­пи­ра са­мо на уна­пре­ду­ва­ње на ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та?

Не. Ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та е са­мо еден од про­це­си­те што пот­тик­ну­ва транс­фор­ма­ци­ја. Ре­ал­на­та транс­фор­ма­ци­ја се слу­чу­ва кај лу­ѓе­то. Во на­ви­ки­те, сфа­ќа­ња­та, раз­мис­лу­ва­ње­то и од­не­су­ва­ње­то. Да, ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та ќе до­не­се по­ле­сен при­стап до јав­ни ус­лу­ги и ќе ја на­ма­ли по­тре­ба­та од „ви­се­ње во ред“ пред шал­тер. Ама, из­бор е на гра­ѓа­ни­нот да­ли ќе се „за­ка­чи“ на ин­тер­нет и ќе пла­ти сме­тка пре­ку ин­тер­нет или, се­пак, ќе се ре­ши да стои пред ко­рис­нич­ки­от цен­тар на ЕВН во ГТЦ и да пла­ти лич­но. За­тоа, во на­ша­та про­гра­ма во­ве­дов­ме по­се­бен Фонд за мла­ди умо­ви, во кој ве­ќе тре­та го­ди­на по ред ра­бо­ти­ме со уче­ни­ци од ос­нов­но и од сред­но учи­ли­ште за раз­ви­ва­ње кри­тич­ко и кре­а­тив­но раз­мис­лу­ва­ње. Да ги пот­тик­не­ме мла­ди­те да го отво­рат сво­јот ум, да раз­мис­лу­ва­ат над­вор од ку­ти­ја­та, да ги пре­диз­ви­ка­ат авто­ри­те­ти­те на де­неш­ни­на­та. Че­сто ве­лам де­ка де­ца­та не сме­ат да би­дат за­мол­чу­ва­ни ко­га пра­шу­ва­ат. Ни­ка­ко не сме­ат да би­дат каз­ну­ва­ни ако ка­жат „не“. Ток­му „ко­мо­ци­ја­та“ во ка­жу­ва­ње „не“ на авто­ри­те­ти ги дви­жи ра­бо­ти­те на­пред. Са­мо та­ка ќе мо­же да се нај­де на­чин што е по­до­бар од овој на кој сме на­вик­на­ти. Та­ка се дви­жи, та­ка се транс­фор­ми­ра оп­штес­тво­то.

Со ва­ков при­стап во транс­фор­ма­ци­ја­та на оп­штес­тво­то, ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та мо­же да  се иско­ри­сти во цел неј­зин по­тен­ци­јал. На при­мер, ме­ну­ва­ње­то на на­ви­ки­те и на оче­ку­ва­ња­та по­драз­би­ра де­ка лу­ѓе­то ќе сфа­тат де­ка шал­тер­ски­от ра­бот­ник е пла­тен од јав­ни па­ри да из­да­де по­твр­да, до­ку­мент итн. и де­ка не­ма ап­со­лут­но ни­ка­ква по­тре­ба да се „по­че­сти“ со ка­фе, бон­бо­ни­е­ра или што и да е. Со ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та, кон­та­ктот, а со тоа и ри­зи­кот ќе се све­де на ми­ни­мум. Та­ка, два­та про­це­са ќе овоз­мо­жат ре­ал­но иско­ре­ну­ва­ње на ва­ква­та, би ре­кол „по­сит­на“ ко­руп­ци­ја од оп­штес­тво­то, ко­ја, не­сом­не­но, во­ди кон по­ши­ро­ко „раз­би­ра­ње“, а со тоа и при­фа­ќа­ње на ко­руп­ци­ја­та на се­кое ни­во.

На ка­кви пре­диз­ви­ци на­и­до­вте во го­ди­ни­те зад нас? Што е тоа што со гор­дост мо­же­те да го од­во­и­те ка­ко не­ка­кво те­ктон­ско, се­ри­оз­но по­ме­сту­ва­ње и про­ме­на? Но, и што е на­ша кон­стант­на бол­ка што го за­ба­ву­ва оп­штес­тве­ни­от по­раст?

Де­нес Фон­дот е пре­поз­на­ен мо­дел на ус­пеш­но ра­бо­те­ње во ре­ги­о­нот. Свет­ски­от еко­ном­ски фо­рум, во ед­на сво­ја не­о­дам­неш­на сту­ди­ја, да­де пре­по­ра­ка за др­жа­ви­те од ре­ги­о­нот да гра­дат ин­сти­ту­ции на при­ме­рот на ма­ке­дон­ски­от Фонд за ино­ва­ции и тех­но­ло­шки раз­вој. Тоа е го­ле­мо приз­на­ние и за Фон­дот и за Ма­ке­до­ни­ја. Фон­дот де­нес е др­жав­на ин­сти­ту­ци­ја по ме­ра на при­ват­ни­от се­ктор, на еко­но­ми­ја­та. Ние не до­де­лу­ва­ме средс­тва по пар­ти­ска, род­нин­ска или не знам ка­ква дру­га вр­ска. Не­ма ру­че­ци со ди­ре­кто­рот за да „лап­не­ме“ па­ри. Си­сте­мот е це­лос­но отво­рен за си­те. Кри­те­ри­у­ми­те се зна­ат од­на­пред, ре­зул­та­ти­те се об­ја­ву­ва­ат вед­наш. Фон­дот е пр­ва и за­се­га единс­тве­на др­жав­на ин­сти­ту­ци­ја што во­ве­де про­то­кол за про­це­на на ри­зик од по­ли­тич­ки из­ло­же­ни ли­ца. Во пра­кти­ка, фир­ма­та мо­ра од­на­пред да дек­ла­ри­ра ка­ква би­ло по­вр­за­ност со по­ли­ти­чар и се пра­ви об­је­ктив­на про­це­на од Транс­па­рен­си ин­тер­нешнл. Во из­ми­на­ти­те три го­ди­ни по­ве­ќе од 2.000 до­маш­ни ком­па­нии ни при­ста­пи­ле со изра­бо­те­ни ин­ве­сти­ци­ски пла­но­ви за под­др­шка, 450 од нив би­ле ус­пеш­ни. Дру­ги­те се оби­ду­ва­ме да ги пот­тик­не­ме да се оби­дат по­втор­но и по­втор­но. Гра­ди­ме кул­ту­ра на „не­о­тка­жу­ва­ње“, на упор­ност. Си­те збо­ру­ва­ме и им се вос­хи­ту­ва­ме на Гер­ман­ци­те по­ра­ди тоа што зна­ат да игра­ат фуд­бал до 94. ми­ну­та. Та­ква­та упор­ност и истрај­ност е при­сут­на и во биз­ни­сот. За­тоа Гер­ма­ни­ја со де­це­нии е во­деч­ка еко­ном­ска си­ла во Евро­па и ед­на од во­деч­ки­те во све­тот. На­ша­та цел е ва­ква­та кул­ту­ра да се раз­ви­ва и кај нас.

Се­ри­оз­на про­ме­на е и ме­ре­ње­то на ефе­кти­те, на ре­зул­та­ти­те од па­ри­те што ги да­ва­ме. Вто­ра го­ди­на по ред пра­ви­ме ана­ли­зи на ра­бо­те­ње­то на ком­па­ни­и­те што се фи­нан­си­ра­ат. И тоа за пер­и­о­дот пред и по пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот. За овие ана­ли­зи по­ка­жа ин­те­рес и Европ­ска­та ко­ми­си­ја. Ана­ли­зи­те, ме­ѓу дру­го­то, тре­ба да по­ка­жат да­ли и кол­ку ефе­кти се по­стиг­на­ти и да­ли, мо­же­би, тре­ба да се прис­по­со­бу­ва­ат при­ста­пот, се­кто­ри­те и на­чи­нот на под­др­шка. Не е до­вол­но са­мо да се ка­же де­ка се по­тро­ше­ни па­ри­те. До­а­ѓа вре­ме во кое др­жа­ва­та тре­ба да се од­не­су­ва ка­ко ви­стин­ски до­ма­ќин, ин­ве­сти­тор и да из­ме­ри пра­вил­но ка­де ќе има нај­го­ле­ми ефе­кти за се­кој вло­жен де­нар. И не са­мо фи­нан­си­ски, ту­ку и по­ши­ро­ко. Ама да из­ме­ри и да до­не­се ви­стин­ски од­лу­ки за па­ри­те што ѝ се до­ве­ре­ни од гра­ѓа­ни­те.

Пан­де­ми­ја­та се по­ка­жа ка­ко лак­мус де­ка ни е по­треб­на но­ва еко­но­ми­ја. Што ќе би­де клуч­но за неј­зи­но­то ре­соз­да­ва­ње и ка­де ту­ка најм­но­гу го гле­да­те им­па­ктот на ФИТР?
Ка­ко би го оце­ни­ле де­лов­ни­от еко­си­стем кај нас и, во­оп­што, по­ра­стот на ма­ке­дон­ски­те ком­па­нии?

Бри­тан­ски­от др­жав­ник Вин­стон Чер­чил ед­наш ре­кол – да не доз­во­ли­ме „до­бра­та“ кри­за да оста­не не­и­ско­ри­сте­на.

Да, ре­ал­но, пан­де­ми­ја­та и пос­ле­ди­ци­те од неа ги чув­ству­ва­ат не са­мо ма­ке­дон­ски­те ком­па­нии и Фон­дот, ту­ку, за жал, од неа се по­го­де­ни по­го­лем број гра­ѓа­ни. Мно­гу ми­кро и ма­ли биз­ни­си се со­о­че­ни со згас­ну­ва­ње, по­ра­ди што под­др­шка­та од др­жа­ва­та се по­ка­жа ка­ко на­вре­ме­на и клуч­на. Но, мно­гу е важ­но и во ва­кви ус­ло­ви да раз­мис­лу­ва­те за де­нот по­тоа и ка­ко од оваа кри­за да из­ле­зе­ме по­сил­ни.

За­тоа со на­ши­от парт­нер, Свет­ска­та бан­ка, но и во кон­сул­та­ци­ја со биз­нис-за­ед­ни­ца­та и со сто­пан­ски­те ко­мо­ри сед­нав­ме и соз­да­дов­ме ин­стру­мент со кој на ком­па­ни­и­те ќе им по­ну­ди­ме ре­ше­ние за по­лес­но со­о­чу­ва­ње со пос­ле­ди­ци­те од кри­за­та. Ре­зул­та­тот – за са­мо 30 де­на до­бив­ме по­ве­ќе од 2.000 до­маш­ни ком­па­нии што по­ка­жаа ин­те­рес за мер­ка­та. Еден дел ве­ќе и под­не­соа пред­лог-про­е­кти и, спо­ред ана­ли­зи­те, са­мо во пр­ви­от цик­лус ќе би­дат иско­ри­сте­ни ре­чи­си 90 про­цен­ти од пред­ви­де­ни­те средс­тва. Ова е по­твр­да де­ка сме соз­да­ле мер­ка спо­ред по­тре­би­те на тие на кои им е нај­по­треб­на – ком­па­ни­и­те. Из­ме­не­ти­те окол­но­сти на­ла­га­ат ве­ќе за след­ни­от цик­лус да ра­бо­ти­ме на но­ви­ни во про­гра­ма­та, со кои ве­ќе из­ле­гов­ме пред ком­па­ни­и­те. Во тек е ши­ро­ка кон­сул­та­ци­ја со ком­па­ни­и­те, пре­ку ко­мо­ри­те, но и ди­рект­но, за след­ни­от цик­лус фи­нан­си­ска под­др­шка за еко­ном­ско заз­дра­ву­ва­ње. По­ве­ќе од 200 ком­па­нии ве­ќе да­доа свој при­до­нес, од­нос­но пред­ло­зи за соз­да­ва­ње на но­ви­те ус­ло­ви, а оче­ку­вам уште по­го­лем број во след­ни­те де­но­ви.

Ед­на од уло­ги­те на ФИТР е да соз­да­де од­го­во­рен, мо­де­рен, инк­лу­зи­вен, еко­ном­ски ус­пе­шен и, пред сѐ, ста­би­лен изг­лед на на­ши­от си­стем (ин­сти­ту­ции, биз­нис-за­ед­ни­ца, гра­ѓан­ски се­ктор), кој сѐ уште, за жал, ка­ко да ка­ска во пог­лед на не­кои трен­до­ви ка­ра­кте­ри­стич­ни за Евро­па и за све­тот.
Кои се ид­ни­те пла­но­ви? Во ка­ква на­со­ка се дви­жат? Што се на­о­ѓа на вр­вот на при­о­ри­те­ти­те за пер­и­о­дот пред нас? Да­ли Ма­ке­до­ни­ја мо­же да би­де се­ри­о­зен из­вор / рас­ад­ник на ино­ва­ции и на прет­при­е­мач­ки идеи?

За­да­чи­те што ги на­бро­ју­ва­те не се „то­вар“ и од­го­вор­ност са­мо на ФИТР, ту­ку на си­те ин­сти­ту­ции. Но, ние не бе­га­ме од пре­диз­ви­кот. На­про­тив. Ако ус­пе­ва­ме да ја на­мет­не­ме те­ма­та ино­ва­ци­ја во си­те се­кто­ри, па и во јав­ни­от, то­гаш има­ме отво­рен про­стор за ра­бо­та и за ре­зул­та­ти. По­не­ко­гаш на­ви­сти­на раз­о­ча­ру­ва, да не ка­жам фру­стри­ра по­мис­ла­та де­ка два ми­ли­о­на лу­ѓе (сѐ уште) не мо­же да си ја ор­га­ни­зи­ра­ат др­жа­ва­та и жи­ве­е­ње­то по терк што ќе од­го­ва­ра за си­те. И де­ка на се­кој обид за ра­ди­кал­на про­ме­на има­те „гра­ви­та­ци­ски“ си­ли што вле­чат на­до­лу.

За­тоа и поч­нав­ме со ини­ци­ја­ти­ва­та Фонд за мла­ди умо­ви. За да го ме­ну­ва­ме си­сте­мот од не­го­ва­та ос­но­ва, од најм­ла­ди­те. По­тоа, оста­ну­ва­ме фо­ку­си­ра­ни на де­лов­на­та за­ед­ни­ца, но и на со­ци­јал­но­то прет­при­е­маш­тво. Зо­што? Би­деј­ќи по де­фи­ни­ци­ја се нај­ди­на­мич­ни­те и нај­о­тво­ре­ни сег­мен­ти од оп­штес­тво­то. Та­ка, це­ли­ме да соз­да­де­ме кри­тич­на ма­са лу­ѓе, ор­га­ни­за­ции, еко­ном­ски опе­ра­то­ри што ги раз­би­ра­ат ја­зи­кот и по­тре­би­те на 21 век. Тоа не се лу­ѓе што зна­ат да ко­ри­стат ин­тер­нет, со­ци­јал­ни ме­ди­у­ми или да го­во­рат анг­ли­ски ја­зик. Тоа не е до­вол­но. Збо­ру­ва­ме за отво­рен ум, за про­це­си без преч­ки и соп­ки, за здрав нат­пре­вар кон по­до­бро, а не кон дно­то. За­тоа, наш при­о­ри­тет во пер­и­о­дот што сле­ду­ва е овие про­це­си да ги про­дол­жи­ме и до­пол­ни­тел­но да ги ин­тен­зи­ви­ра­ме. Фон­дот да би­де ре­а­лен мо­тор на оп­штес­тве­на­та транс­фор­ма­ци­ја, ба­зи­ра­на на ино­ва­ции, на отво­рен ум, на ре­ал­ни при­до­би­вки, на со­ли­дар­ност и на чо­веч­ност.

Ини­ци­ја­ти­ва­та за ос­но­ва­ње ста­рап-се­ло во Ма­ке­до­ни­ја е дел од по­ши­ро­ки­от па­кет. Да соз­да­де­ме еден фи­зич­ки про­стор, во кој ќе се ши­рат овие идеи до точ­ка на ври­е­ње, по што ќе ги „ос­ло­бо­ди­ме“ во оп­штес­тво­то, во еко­но­ми­ја­та. Пр­ва цел ни се мла­ди­те лу­ѓе од зем­ја­та. Ту­ка ќе мо­жат да жи­ве­ат и да ра­бо­тат на сво­и­те идеи, на сво­јот иден биз­нис. Во след­на фа­за, за­ед­но со соз­да­ва­ње­то на ре­ги­о­нал­ни­от Фонд за ино­ва­ции со се­ди­ште во Скоп­је, ќе се оби­де­ме да прив­ле­че­ме мла­ди лу­ѓе од ре­ги­о­нот. За да мо­же од ту­ка, од Ма­ке­до­ни­ја да се ра­ши­рат овие про­це­си и на це­ли­от За­па­ден Бал­кан. Мо­же­би ам­би­ци­оз­на цел, но вре­ди да се оби­де­ме. Ка­ко што ќе ка­же Џ.Ро­кфе­лер: се­ко­ја мож­ност е об­вр­ска.

Со­ци­јал­ни­те прет­при­е­ма­чи се ти­вки ре­во­лу­ци­о­не­ри што но­сат про­ме­ни во оп­штес­тво­то

По­ви­ци­те на ФИТР, ка­ко Кре­а­тон, О2 пре­диз­вик и Си­те си­ти се ед­ни од пр­ви­те че­ко­ри за под­др­шка на со­ци­јал­ни­те ино­ва­ции. Да­ли ФИТР ја пре­поз­на­ва важ­но­ста да се фи­нан­си­ра­ат со­ци­јал­ни­те ино­ва­ции и ка­ко тие от­скок­ну­ва­ат од тра­ди­ци­о­нал­ни­те прет­при­ја­ти­ја?

Да, де­фи­ни­тив­но ја пре­поз­нав­ме важ­но­ста на со­ци­јал­ни­те ино­ва­ции. Мо­же­би не се се­ко­гаш мер­ли­ви пре­ку фи­нан­си­ски ефе­кти, но има­ат сво­ја вред­ност и зна­че­ње за оп­штес­тво­то и за еко­но­ми­ја­та. Нај­че­сто со­ци­јал­ни­те проб­ле­ми ка­ко си­ро­ма­шти­ја, ра­бот­ни ме­ста, обра­зо­ва­ние, жи­вот­на­та сре­ди­на се од­го­вор­ност на др­жа­ва­та, но тие се комп­лекс­ни и за со­о­чу­ва­ње­то со нив е по­треб­на бр­за ре­ак­ци­ја и ино­ва­ти­вен при­стап. Ин­сти­ту­ци­и­те, пак, по сво­ја­та при­ро­да ги не­ма­ат овие ка­ра­кте­ри­сти­ки што се пре­поз­нат­ли­ви за прет­при­е­ма­чи­те.

Тоа што нѐ пра­ви по­и­на­кви е де­ка бр­зо ре­а­ги­ра­ме на пре­диз­ви­ци­те со кои се со­о­чу­ва на­ше­то оп­штес­тво. Та­ка со јав­ни­от по­вик Кре­а­тон по­ба­рав­ме ре­ше­ни­ја за со­о­чу­ва­ње со пос­ле­ди­ци­те од ко­вид-19 и за са­мо 72 ча­са при­стиг­наа ду­ри 546 идеи за про­е­кти. Под­др­жав­ме дел од нив и тие ве­ќе да­ва­ат кон­крет­ни ре­зул­та­ти.

Из­бра­но­то ре­ше­ние на по­ви­кот „Оброк за си­те“ што го ре­а­ли­зи­рав­ме за­ед­но со Ми­ни­стерс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка ну­ди ре­ше­ние за ед­на иск­лу­чи­тел­но ран­ли­ва ка­те­го­ри­ја ли­ца. Со овој ино­ва­ти­вен при­стап за мо­би­ли­зи­ра­ње хра­на од па­зар­ни­те ви­шо­ци и ефи­кас­на ди­стри­бу­ци­ја ќе се до­ста­ву­ва хра­на до по­го­лем број ли­ца што има­ат по­тре­ба од ва­ква по­мош. Исто­вре­ме­но, во ре­а­ли­за­ци­ја на про­е­ктот беа вклу­че­ни и ли­ца со по­себ­ни по­тре­би, што му да­ва по­себ­на до­да­де­на вред­ност. И пре­ку дру­ги­те свои ин­стру­мен­ти Фон­дот ве­ќе под­др­жу­ва по­ве­ќе од 50 про­е­кти по­вр­за­ни со со­ци­јал­но прет­при­е­маш­тво.

За нас со­ци­јал­ни­те прет­при­е­ма­чи се ти­вки ре­во­лу­ци­о­не­ри што но­сат про­ме­ни во оп­штес­тво­то. Да не се сфа­ти по­греш­но. И тие се биз­нис што ра­бо­ти за про­фит, но ус­пе­хот се ме­ри не по ос­тва­ре­на­та до­би­вка, ту­ку спо­ред тоа ка­ко го про­ме­нил све­тот и ка­ков бе­не­фит има за оп­штес­тво­то и за за­ед­ни­ца­та.

Вло­жу­ва­ње­то во мла­ди лу­ѓе – влог во здра­во ја­дро на ид­ни прет­при­е­ма­чи

*Ко­ја е аген­да­та на ФИТР во од­нос на со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја? Тие вле­гу­ва­ат во про­гра­ма­та за 2020 го­ди­на. Ко­га мо­же да се оче­ку­ва­ат пр­ви­те актив­но­сти и кон­крет­ни мер­ки? И ко­га мо­же да го оче­ку­ва­ме пр­ви­от со­ци­ја­лен фи­нан­си­ски ин­стру­мент?

Фон­дот ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни пре­ку парт­нерс­тво со УНИЦЕФ ра­бо­ти на под­др­шка на со­ци­јал­но прет­при­е­маш­тво на­ме­не­то за мла­ди­те. Пре­ку про­гра­ма­та Ап­шифт, ко­ја има цел да ги пот­тик­не мла­ди­те лу­ѓе пре­ку раз­вој на прет­при­е­мач­ки ре­ше­ни­ја да од­го­во­рат на пре­диз­ви­ци­те во нив­на­та за­ед­ни­ца, ве­ќе тре­та го­ди­на по ред се под­др­жу­ва­ат кон­крет­ни про­е­кти на мла­ди што се од до­ме­нот на со­ци­јал­но прет­при­е­маш­тво. Вло­жу­ва­ње­то во нив е и влог во ед­но здра­во ја­дро на ид­ни прет­при­е­ма­чи за кои сум убе­ден де­ка по­ве­ќе­крат­но ќе му вра­тат на оп­штес­тво­то и ќе би­дат на­ши парт­не­ри за раз­вој на зем­ја­та и на еко­но­ми­ја­та во го­ди­ни­те што до­а­ѓа­ат.

Исто­вре­ме­но, до­се­гаш­на­та пра­кти­ка на со­ра­бо­тка со ме­ѓу­на­род­ни парт­не­ри и со до­маш­ни ин­сти­ту­ции, а осо­бе­но со Ми­ни­стерс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка по­ка­жу­ва­ат де­ка  ко­хе­зи­вен при­стап и до­бра ко­ор­ди­на­ци­ја ме­ѓу ин­сти­ту­ци­и­те ре­зул­ти­ра со кон­крет­ни ре­ше­ни­ја и ре­зул­та­ти.

По­стои ре­ал­на мож­ност ид­ни­те про­гра­ми на Фон­дот да ја оп­фа­тат Стра­те­ги­ја­та за со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја на Ми­ни­стерс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка и да би­дат соз­да­де­ни про­гра­ми што ќе ги оп­фа­тат со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја, а не­кои оп­ции се ве­ќе во фа­за на разг­ле­ду­ва­ње.

Напишете коментар