Доза вести

Oтворен повик за млади претприемачи „Rise journey“ – поддршка на идеи за социјално претприемништво и развој на младите од Западен Балкан

Здружението за социјални иновации „АРНО” во рамки на регионалниот проект “RISE” отвара повик за млади претприемачи од 18 до 35 години кои се мотивирани да учат за социјалното претприемништво, да развиваат свои социјални и зелени бизниси и да бидат вклучени во регионална интеркултурна програма. 
Заинтересираните млади можат да аплицираат на овој линк.

Програмата (патешествието наречено RISE Journey) нуди можност за младите кои ќе бидат избрани во тек на 4 месеци да ја развијат својата идеја од нула до бизнис модел. На тоа патешествие ќе добијат поддршка од експерти и ментори, со кои ќе ги поминат сите важни чекори за започнување на социјален/зелен бизнис. Двата најдобри тима, односно вкупно 12 тима од регионот, ќе добијат дополнителна финансиска и практична поддршка за спроведување на нивната идеја.

Овој отворен повик за апликации е наменет за млади претприемачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија со цел развој на нивните идеи за социјален бизнис. Преку серија работилници, предавања, состаноци, програми за мобилност и финансиска поддршка, младите ќе имаат можност да учат, да растат, да развиваат бизнис и во исто време да помогнат во решавањето на проблемите на нивните локални заедници. Тие треба да бидат амбициозни и посветени на развивање на конкретна идеја со општествено влијание и да бидат подготвени да учат од другите чинители во регионот.

– Апликантите може да имаат започнато да работат на својата идеја, но,  сѐ уште да немаат вистинска бизнис активност, да ја немаат тестирано идејата и да немаат регистрирано претпријатие, велат од организацијата „Арно“.

За повеќе информации за повикот за апликации посетете го овој линк

Крајниот рок за аплицирање е 27 септември.

Напишете коментар