Лице в лице тема

Нуркање во заборавеното: добре дојдовте во земјата на бои, ароми и на вкусови!

Хра­на­та во ком­би­на­ци­ја со пла­ни­на­та и со чи­сти­от воз­дух е по­тен­ци­ја­лот што ка­ко зем­ја го има­ме, но сме го за­по­ста­ви­ле. Ов­де ле­жи и ос­но­ва­та за ру­ра­лен раз­вој ба­зи­ран на на­ша­та автен­тич­ност
Жак­ли­на Ха­џи-За­фи­ро­ва

Јули 2020 година
Рефлексија од настан на „Зум“
Тема: Руралниот потенцијал – игнорирано богатство
Говорници:
Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Емилија Стојменова Дух, 4P Digital Innovation Hub, Словенија
Јован Божиновски, туризмолог, професионален водич во планина и претседател на ПК „Љуботен“
Стеван Орозовиќ, извршен директор на Националната федерација на фармери
Aлександра Тодоровска, претставничка на Мрежа за рурален развој
Модератор – Небојша Илијевски, консултант за комуникации и за одржлив развој

Ме­сто на ег­зо­тич­ни мор­ски пла­жи, пла­но­ви­те за лет­ни­те од­мо­ри го­ди­на­ва се ди­мен­зи­о­ни­раа во до­маш­ни­те гра­ни­ци. Пан­де­ми­ја­та ја сме­ни перс­пе­кти­ва­та, па акту­ел­ни ста­наа на­ши­от пла­нин­ски, езер­ски, ре­чен ту­ри­зам. Ка­ко не­ко­гаш, по­втор­но ста­наа важ­ни до­маш­ни­те ка­па­ци­те­ти и ма­ли­те ме­ста на кои се се­ќа­ва­ме са­мо од дет­ски­те де­но­ви или од ре­пор­та­жи­те што сме ги гле­да­ле или слу­ша­ле. 
Во ед­на та­ква кли­ма сѐ по­ве­ќе се раз­мис­лу­ва за ло­кал­ни­от и ру­ра­лен раз­вој.
Кои се мож­но­сти­те зем­ја­ва да поч­не да се раз­ви­ва во тој пра­вец?
Да се раз­мис­лу­ва по­ве­ќе за до­маш­ни­те про­из­во­ди, за на­ци­о­нал­ни­от ту­ри­зам, за ор­ган­ско­то, за сѐ што мо­же да си го по­ну­ди­ме са­ми­те на се­бе и да го раз­ви­е­ме уште по­ве­ќе.

Но и кои се пре­диз­ви­ци­те со кои се сре­ќа­ва зем­ја­ва во кон­текст на тоа и во ко­ја на­со­ка да се тра­си­ра ло­кал­ни­от и ру­ра­лен раз­вој?

На грав во Те­то­во, на си­ре­ње во Бе­ро­во, на смо­кви во До­јран

Ми­ни­сте­рот за зем­јо­делс­тво, шу­марс­тво и во­до­сто­панс­тво, Тра­јан Дим­ков­ски, збо­ру­вај­ќи на оваа те­ма на на­ста­нот на „Зум“ „Ру­рал­ни­от по­тен­ци­јал – иг­но­и­ри­ра­но бо­гат­ство“ по­јас­ну­ва де­ка во пос­лед­ни­те шест ме­се­ци се до­не­ле два пра­вил­ни­ка за фле­кси­бил­ност за хра­на од жи­во­тин­ско и од не­жи­во­тин­ско про­из­водс­тво. Тоа зна­чи де­ка ло­кал­ни про­из­во­ди­те­ли ќе мо­жат да ну­дат про­из­во­ди по тра­ди­ци­о­нал­ни ре­цеп­ти на кли­ен­ти.
– До­бар при­мер се ма­ли­те се­меј­ни ви­на­рии. Ус­лов за да би­де про­да­ва­но ви­но­то е да се ре­ги­стри­ра­ат. Кај нас има­ме 80 ви­на­рии, а Сло­ве­ни­ја има по­ве­ќе од 2.000. Иа­ко сме по­поз­на­ти по ква­ли­тет­но ви­но, се­пак има­ло и за­кон­ски преч­ки. Со се­гаш­ни­те про­ме­ни ќе се на­ма­ли при­ти­со­кот и ќе се овоз­мо­жи по­го­лем раз­вој. И, се­ка­ко, ако не се вло­жат па­ри, не е до­во­лен са­мо за­кон. Со фор­ми­ра­ње на Вла­да­та, на 100 ма­ли ви­на­рии ќе им се до­де­лат гран­то­ви до 10.000 евра. Исто та­ка, и за про­из­во­ди­те­ли­те на не­жи­во­тин­ски и на жи­во­тин­ски про­из­во­ди. До­де­ка, со За­ко­нот за зем­јо­дел­ско зем­ји­ште ќе се овоз­мо­жи гра­де­ње ма­ли ре­сто­ра­ни или уго­сти­тел­ски об­је­кти за до 80 го­сти и не по­ви­со­ки од осум ме­три, ве­ли ми­ни­сте­рот.

Спо­ред не­го, три збо­ро­ви се клуч­ни за ру­ра­лен раз­вој и за ту­риз­мот: пла­ни­на, воз­дух и хра­на.
– Тоа е тоа што мо­же­ме да го по­ну­ди­ме, ве­ли тој и наг­ла­су­ва де­ка ин­фра­стру­кту­ра­та мо­ра да се по­до­бру­ва.

Ту­риз­мо­ло­гот и про­фе­си­о­на­лен во­дич во пла­ни­на и пре­тсе­да­тел на Пла­ни­нар­ски­от клуб „Љу­бо­тен“, Јо­ван Бо­жи­нов­ски, на­до­пол­ну­ва де­ка за­пад­ни­от, вар­дар­ски­от и источ­ни­от дел на зем­ја­ва има­ат зна­ча­ен по­тен­ци­јал за раз­ви­ва­ње на пла­нин­ски­от, вин­ски­от и на ком­би­ни­ра­ни­от ту­ри­зам, но по­треб­на е кон­зи­стент­ност во ква­ли­те­тот на по­ну­да­та.
– Ту­риз­мот е по­вр­зан со хра­на­та, со под­го­то­вка­та, со ор­ган­ски­те ви­до­ви про­из­во­ди, сѐ што Ма­ке­до­ни­ја има во изо­билс­тво. Но, не­оп­ход­на е и еду­ка­ци­ја на ло­кал­но­то на­се­ле­ние, под­др­шка од здру­же­ни­ја­та што ра­бо­тат во овој до­мен. За тоа, пак, тре­ба стра­те­ги­ја на ни­во на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја вна­треш­но би би­ла по­де­ле­на на раз­лич­ни се­кто­ри. Важ­но е да се еду­ци­ра­ат лу­ѓе­то за актив­но­сти што мо­же да ги ра­бо­тат во сво­јот ре­ги­он, ве­ли Бо­жи­нов­ски.

Ка­ко што ве­ли из­врш­ни­от ди­ре­ктор на На­ци­о­нал­на­та фе­де­ра­ци­ја на фар­ме­ри, Сте­фан Оро­зо­виќ, пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја за то­по­ни­мот Ма­ке­до­ни­ја е ком­би­на­ци­ја од бои, аро­ми, вку­со­ви, кои нѐ отс­ли­ку­ва­ат во гло­бал­ни рам­ки и но­сат ед­на автен­тич­ност што не мо­же лес­но да се нај­де. 
– Ду­ри и за раз­лич­ни­те кра­е­ви на зем­ја­ва по­сто­јат раз­лич­ни асо­ци­ја­ции спо­ред хра­на­та ка­ко  те­тов­ски грав, па­ла­неч­ки ком­пир, бе­ров­ско си­ре­ње, ма­вров­ско јаг­не, смо­ква­та во До­јран, ка­лин­ка­та во Ва­лан­до­во и сл. И во на­ши­от фолк­лор, хра­на­та е еле­мент на на­ши­от иден­ти­тет. Хра­на­та што ја про­из­ве­ду­ва­ме е зна­чај­но бо­гат­ство на Ма­ке­до­ни­ја и по­тен­ци­јал на кој тре­ба да се фо­ку­си­ра­ме. За­тоа кон зем­јо­делс­тво­то тре­ба да се од­не­су­ва­ме од­го­вор­но и да го упра­ву­ва­ме на на­чин што ќе овоз­мо­жи одрж­ли­вост и раз­вој. Ед­на зем­ја е раз­ви­е­на тол­ку кол­ку што ѝ е раз­ви­е­но зем­јо­делс­тво­то. Тоа е ка­ра­кте­ри­сти­ка на си­те еко­но­мии, ве­ли тој.

Бо­жи­нов­ски, пак, до­да­ва де­ка е важ­но да се ра­бо­ти и на сме­сту­вач­ки­те ка­па­ци­те­ти од ма­ли раз­ме­ри, а за тоа е по­треб­на под­др­шка и од ло­кал­на­та власт, по­себ­но во де­лот на ин­фра­стру­кту­ра од се­кој вид.
– Ко­га тоа ќе би­де обез­бе­де­но, мож­но­сти­те за ин­ве­сти­ци­ја се по­го­ле­ми, наг­ла­су­ва Бо­жи­нов­ски.

Ло­кал­ни хе­рои за ло­ка­лен раз­вој

-Чо­ве­кот се­ко­гаш го има нај­важ­но­то ме­сто, наг­ла­си на на­ста­нот на „Зум“ про­фе­сор­ка­та на Еле­ктро­тех­нич­ки­от фа­кул­тет во Ма­ри­бор и  ди­ре­ктор­ка на Digital Innovation Hub, Еми­ли­ја Стој­ме­но­ва Дух, ко­ја по по­тек­ло е Ма­ке­дон­ка. Таа во Сло­ве­ни­ја ја пред­во­ди ини­ци­ја­ти­ва­та „Па­мет­ни се­ла“ раз­ви­вај­ќи ги ру­рал­ни­те сре­ди­ни со по­мош на тех­но­ло­гии под мо­то­то „Human centered digital transformation“ од по­тре­би­те на лу­ѓе­то во одре­де­на сре­ди­на. Всуш­ност, на тоа се дол­жи и ус­пе­хот во раз­во­јот на сло­ве­неч­ки­те па­мет­ни се­ла.

– Не сле­де­те! До­кол­ку не­што функ­ци­о­ни­ра до­бро во Фран­ци­ја и во Хо­лан­ди­ја, не зна­чи де­ка ќе функ­ци­о­ни­ра и во Ма­ке­до­ни­ја. Ед­но­став­но, спе­ци­фи­ки­те се раз­лич­ни. Лу­ѓе­то се раз­лич­ни. Ме­сто да сле­ди­ме, тре­ба да се фо­ку­си­ра­ме на по­тен­ци­ја­лот и на ре­сур­си­те што ги има­ме до­ма. Во на­ша­та ра­бо­та иден­ти­фи­ку­ва­ме лу­ѓе што се мно­гу до­бро при­фа­те­ни во сво­ја­та сре­ди­на, кои ло­кал­ни­те жи­те­ли ги зна­ат и им ве­ру­ва­ат. Тоа не е ле­сен про­цес, всуш­ност е нај­те­жок дел. Ко­га са­кав­ме да гра­ди­ме ини­ци­ја­ти­ви, ме­сто ние да  ги прет­ста­ву­ва­ме иде­и­те, тоа го пра­ват ло­кал­ни­те хе­рои. Тие лу­ѓе се на­ша­та вр­ска со за­ед­ни­ца­та. Од ед­на стра­на, има­ат до­бри вр­ски со ло­кал­но­то на­се­ле­ние, а од дру­га, зна­ат точ­но да го пре­ве­дат про­е­ктот да е раз­бир­лив за на­се­ле­ни­е­то. При­фа­ќа­ње­то е мно­гу бр­зо. Бев­ме из­не­на­де­ни ко­га прет­став­ни­ци на ед­на од тех­но­ло­шки нај­раз­ви­е­ни­те зем­ји, Јуж­на Ко­ре­ја, дој­доа да ви­дат што е тоа што ние го пра­ви­ме по­себ­но, спо­де­лу­ва Стој­ме­но­ва Дух.
Таа наг­ла­су­ва де­ка вло­жу­ва­ње во ин­фра­стру­кту­ра е не­оп­ход­но, но е уште по­бит­но да се гра­дат ди­ги­тал­ни­те ве­шти­ни на лу­ѓе­то.
– Европ­ска ко­ми­си­ја, на при­мер, мно­гу вло­жу­ва во на­пред­ни ди­ги­тал­ни тех­но­ло­гии, а ги за­бо­ра­ва овие ма­ли не­шта, ди­ги­тал­ни­те ве­шти­ни на лу­ѓе­то. Че­сто лу­ѓе­то не­ма­ат ос­нов­ни ди­ги­тал­ни ве­шти­ни. Ако са­ка­ме да ги за­др­жи­ме мла­ди­те, мо­ра да ра­бо­ти­ме со ино­ва­ции, да откри­ва­ме но­ви се­кто­ри, да ги иско­ри­сти­ме лу­ѓе­то, зна­е­ње­то и по­тен­ци­ја­лот на ло­кал­но­то на­се­ле­ние,  ве­ли таа.
Не­оп­ход­но е, сме­та Стој­ме­но­ва Дух, да оси­гу­ри­ме мул­ти­ге­не­ра­ци­ски при­ста­пи. За­што, ди­ги­та­ли­за­ци­ја е су­пер, но са­ма по се­бе не е до­вол­на.

– Лу­ѓе­то што жи­ве­ат, на при­мер, во Ја­ки­мо­во, нај­до­бро зна­ат што им тре­ба, а ние на­ши­те средс­тва и ве­шти­ни тре­ба да ги ста­ви­ме во нив­на функ­ци­ја, по­јас­ну­ва таа.

За да се по­стиг­не се­то ова, пак, по­треб­но е и про­мо­ви­ра­ње на мер­ки­те за за­си­лу­ва­ње на чо­веч­ки­от по­тен­ци­јал во ру­рал­ни­те об­ла­сти, вос­по­ста­ву­ва­ње ин­ду­стри­ски зо­ни за ма­ли про­из­водс­тве­ни и ус­луж­ни ин­ду­стрии или де­лов­ни цен­три, раз­вој на ру­рал­ни за­дру­ги, ка­ко и про­мо­ви­ра­ње вмре­жу­ва­ње на здру­же­ни­ја и на ло­кал­на­та за­ед­ни­ца – за да се из­гра­ди ру­рал­ни­от чо­веч­ки ка­пи­тал.

Мре­жа­та за ру­ра­лен раз­вој спо­де­ли при­мер за мо­де­лот на со­ра­бо­тка ме­ѓу гра­ѓан­ско­то оп­штес­тво и ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва, со при­стап „од до­лу на­го­ре“. Але­ксан­дра То­до­ров­ска од мре­жа­та по­со­чи на ини­ци­ја­ти­ва од еден ло­ка­лен зем­јо­де­лец, кој изра­зил ин­те­рес да кон­стру­и­ра ин­те­рес­на град­ба на сво­ја­та фар­ма, а по­тоа иде­ја­та би­ла под­др­жа­на од Про­гра­ма­та за раз­вој на ру­рал­на еко­но­ми­ја на ЕУ, LEADER.

На гра­нич­но­то тро­ме­ѓе на Ав­стри­ја, Гер­ма­ни­ја и на Че­шка, на при­род­на­та шум­ска па­те­ка од 2,5 ки­ло­ме­три, на­пра­ве­на е аван­ту­ри­стич­ка ку­ла ви­со­ка 40 ме­три, 5.000 ква­дра­ти аван­ту­ри­стич­ко игра­ли­ште со огром­на лу­ла­шка, гра­ди­на со ја­жи­ња за ка­чу­ва­ње, лиз­гал­ка во вид на ту­нел од 50 ме­три, но и хо­те­ли за сме­сту­ва­ње од 10 ме­три.

– Ве­ру­ва­ме де­ка LEADER е од­лич­на ала­тка што ну­ди под­др­шка на ру­рал­ни­те об­ла­сти на нив­ни­от пат кон одрж­лив раз­вој. Во ЕУ се спро­ве­ду­ва 30 го­ди­ни. Се спо­ју­ва­ат јав­ни­от, гра­ѓан­ски­от и биз­нис-се­кто­рот во еден суб­јект за да ги иден­ти­фи­ку­ва­ат при­о­ри­те­ти­те по ре­ги­о­ни. Овој при­стап ни да­ва важ­на лек­ци­ја за соз­да­ва­ње ру­рал­ни об­ла­сти и за пре­суд­на­та моќ на ло­кал­ни­те жи­те­ли. Ка­ко зем­ја сме во фа­за на акре­ди­ти­ра­ње на оваа мер­ка – наг­ла­си Але­ксан­дра То­до­ров­ска од Мре­жа­та за ру­ра­лен раз­вој.

Се­ла­та без жи­те­ли со нај­го­лем ту­ри­стич­ки по­тен­ци­јал

Ма­ке­до­ни­ја прет­ста­ву­ва при­ро­ден му­зеј на ре­чи­си си­те поч­ви што се на­о­ѓа­ат во Евро­па, стои во На­ци­о­нал­на­та стра­те­ги­ја за зем­јо­делс­тво и за ру­ра­лен раз­вој за пер­и­о­дот 2014- 2020 го­ди­на, кој е гла­вен дол­го­ро­чен стра­те­ги­ски до­ку­мент во об­ла­ста на зем­јо­делс­тво­то и на ру­рал­ни­от раз­вој. На овој до­ку­мент се ба­зи­ра по­ста­ву­ва­ње­то и спро­ве­ду­ва­ње­то на це­ли­те, по­ли­ти­ка­та и на мер­ки­те за раз­вој на зем­јо­делс­тво­то и на ру­рал­ни­те сре­ди­ни во др­жа­ва­ва.

Ка­ко што се на­ве­ду­ва во не­го, за пер­и­о­дот 2014- 2020 го­ди­на, спо­ред пос­лед­ни­те ста­ти­стич­ки по­да­то­ци од 2013 го­ди­на, 1.261 ил­ја­ди хе­кта­ри или око­лу 50 про­цен­ти од вкуп­на­та по­вр­ши­на­та на те­ри­то­ри­ја­та на др­жа­ва­ва е ка­те­го­ри­зи­ра­на ка­ко зем­јо­дел­ско зем­ји­ште од кое две тре­ти­ни се па­си­шта, а дру­ги­от дел е обра­бот­ли­ва по­вр­ши­на. Во стра­те­ги­ја­та се кон­ста­ти­ра де­ка спо­ред пос­лед­ни­те про­це­ни на на­се­ле­ни­е­то во 2013 го­ди­на, не­го­ви­от број се зго­ле­мил на 2.064.032, но на­гор­на­та ли­ни­ја е нај­ка­ра­кте­ри­стич­на за  Скоп­ски­от ре­ги­он, а во ре­чи­си си­те ру­рал­ни оп­шти­ни има пад. Мла­до­то ра­бо­тос­по­соб­но на­се­ле­ние во го­ди­ни­те на­на­зад се исе­лу­ва­ло од ру­рал­ни­те об­ла­сти по­ра­ди на­ма­ле­ни­от ква­ли­тет на жи­вот ка­ко огра­ни­чен при­стап до бан­кар­ски, по­штен­ски, транс­порт­ни, здрав­стве­ни, обра­зов­ни, кул­тур­ни и те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ски ус­лу­ги, а по­стои и не­до­стиг од пла­ни­ра­ни ин­ве­сти­ции во со­ци­јал­на ин­фра­стру­кту­ра­та во си­те оп­шти­ни. Во до­ку­мен­тот се наг­ла­су­ва и де­ка зна­ча­ен дел на на­се­ле­ни­те ме­ста со ма­ла или без по­сто­ја­на по­пу­ла­ци­ја се ме­ста со го­лем ту­ри­стич­ки по­тен­ци­јал, кој за да се иско­ри­сти, тре­ба да се обез­бе­ди со­од­вет­на тех­нич­ка и со­ци­јал­на ин­фра­стру­кту­ра.

Ло­кал­но – зе­ле­но – ди­ги­тал­но

Свет­ла­на Куз­ма­нов­ска од Се­кто­рот за европ­ски пра­ша­ња ве­ли де­ка, за раз­ли­ка од Ав­стри­ја, ка­де што има око­лу 22 от­сто ор­ган­ско про­из­водс­тво, кај нас тоа е пад­на­то на 2 от­сто.
„По­тен­ци­ја­лот е огро­мен“, ве­ли таа и до­да­ва де­ка тре­ба да се фо­ку­си­ра­ме на ор­ган­ско и чи­сто про­из­водс­тво, ме­дарс­тво, шум­ски про­из­во­ди. Спо­ред неа, по­тен­ци­ја­лот за вра­бо­ту­ва­ње, исто та­ка, е го­лем, ка­ко и со­ци­јал­ни­те, кул­тур­ни­те, еко­ло­шки­те и еко­ном­ски­те при­до­би­вки. Во исто вре­ме, ка­ко што наг­ла­су­ва таа, тре­ба да се сме­ни пер­цеп­ци­ја­та за хра­на­та, ко­ја не тре­ба да се гле­да ка­ко ку­по­вен пред­мет, ту­ку ка­ко вред­ност и ка­ко чо­ве­ко­во пра­во, ка­ко и што е спо­ред Кон­вен­ци­ја­та на Обе­ди­не­ти­те на­ции.  
– Три­те ди­мен­зии (лу­ѓе, пла­не­та, про­фит) на раз­во­јот мо­ра да би­дат урам­но­те­же­ни. Не мо­же про­фи­тот и па­за­рот да би­дат единс­твен при­о­ри­тет, што, исто та­ка, е по­со­че­но од мно­гу екс­перт­ски гру­пи од ОН / ЕУ. Во оваа на­со­ка се раз­ви­ва и ини­ци­ја­ти­ва на се­кој про­из­вод, по­крај еко­ном­ска­та це­на, да се да­дат и влез­ни­те и из­лез­ни­те ре­сур­си и от­пе­ча­то­кот на јаг­ле­ро­ден ди­о­ксид, до­да­ва Куз­ма­нов­ска.

Ма­ке­до­ни­ја има огро­мен по­тен­ци­јал за про­из­водс­тво на хра­на и тоа е на­ша пред­ност, но, ка­ко што наг­ла­су­ва таа, во ид­ни­на е важ­но про­из­во­дот да стиг­ну­ва ди­рект­но од зем­јо­де­ле­цот до ко­рис­ни­кот или пре­ра­бо­ту­ва­чот, а во ви­зи­ја­та за ру­ра­лен раз­вој тре­ба да се вклу­чат и при­о­ри­те­ти­те на Европ­ска­та уни­ја: зе­ле­но и ди­ги­тал­но. За зго­ле­му­ва­ње на свес­но­ста за по­тен­ци­ја­лот на зем­ја­та, од­нос­но за хра­на­та, Куз­ма­нов­ска су­ге­ри­ра и ре­дов­на еду­ка­ци­ја на гра­ѓа­ни­те, во­ве­ду­ва­ње пред­мет во учи­ли­шта­та, зем­јо­дел­ски фо­ру­ми со де­ца и со гра­ѓа­ни, ка­ко и фо­ку­си­ра­ње­то на уни­вер­зи­те­ти / истра­жу­вач­ки цен­три на автох­то­ни­те сор­ти што е иск­лу­чи­тел­но бит­но за от­пор­но­ста од кли­мат­ски про­ме­ни и би­де­о­вер­зи­те­тот.

Напишете коментар