Час по родови прашања

Сè уште заглавени во стереотипи на авторитетни татковци и мајки-домаќинки

Време на читање: 8 минути
- банер -

Во про­сек, се­кое тре­то, а во мно­гу сре­ди­ни и се­кое вто­ро мом­че на 15 го­ди­ни во Ма­ке­до­ни­ја го де­ли мис­ле­ње­то де­ка де­вој­чи­ња­та тре­ба да се на­со­чат да би­дат до­бри мај­ки и со­пру­ги, ме­сто да те­ра­ат ка­ри­е­ра, од­нос­но де­ка та­тко­то тре­ба да има по­го­лем авто­ри­тет од мај­ка­та во се­мејс­тво­то, (та­бе­ла 1).  Кол­ку што е за­ед­ни­ца­та по­тра­ди­ци­о­нал­на, тол­ку е де­вој­че­то по­мал­ку ед­на­кво и по­о­бес­пра­ве­но во ос­тва­ру­ва­ње на сво­и­те пра­ва и мож­но­сти за уче­ње и за раз­вој, под из­го­во­рот на гри­жа и за­шти­та. При­тоа ни мом­чи­ња­та не се во по­по­вол­на по­зи­ци­ја.
На пра­ша­ња по­вр­за­ни со ста­во­ви­те за уло­га­та на ма­жот и на же­на­та во се­мејс­тво­то, ка­ко и за нив­ни­те ам­би­ции и пра­ва, ви­со­ка е про­пор­ци­ја­та на уче­ни­ци на 15 го­ди­ни што за­ста­пу­ва­ат и/или при­фа­ќа­ат тра­ди­ци­о­нал­ни нор­ми и уве­ру­ва­ња.

Уче­ни­ци­те се свес­ни за не­ед­на­кво­ста, но лес­но ја при­фа­ќа­ат

Уште по­за­гри­жу­вач­ки е тоа што со под­др­жу­ва­ње на ро­до­ви­те вред­но­сти рас­те пре­ва­лен­ци­ја­та на ди­скри­ми­ни­рач­ки уве­ру­ва­ња и ме­ѓу са­ми­те де­вој­чи­ња, ди­рект­ни жр­тви на ро­до­вата не­ед­на­кво­ст, кои во че­кор ги сле­дат сво­и­те врс­ни­ци, мом­чи­ња­та од тра­ди­ци­о­нал­на­та ал­бан­ска ет­нич­ка за­ед­ни­ца во Ма­ке­до­ни­ја (та­бе­ла 1). 

Во не­по­сред­ни­те раз­го­во­ри со овие мла­ди, по по­вод ва­кви­те на­о­ди, уче­ни­ци­те се свес­ни за не­ед­на­кво­ста и сме­та­ат де­ка е не­пра­вед­на, но со­стој­би­те ги тол­ку­ва­ат со кра­ен де­фе­ти­зам и лес­но при­фа­ќа­ње на ста­тус кво­то. Нив­ни­те ко­мен­та­ри де­ка „тоа е та­ка“, се­ко­гаш би­ло та­ка и не мо­же­ло да се про­ме­ни, се глав­ни­от ар­гу­мент ка­ко од­го­вор на овие со­стој­би.

Ова се са­мо дел од на­о­ди­те што ги но­си со­ци­о­ло­шка­та сту­ди­ја за од­не­су­ва­ња­та по­вр­за­ни со здрав­је­то на де­ца­та од Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја (Health Behavior in School Aged Children Study, www.hbsc.org) (ко­ја се спро­ве­ду­ва се­ко­ја че­твр­та го­ди­на, на на­ци­о­на­лен при­ме­рок уче­ни­ци од 11, 13 и од 15 го­ди­ни), ко­ја е единс­тве­на од овој вид што се за­ни­ма­ва со здрав­стве­ни те­ми по­вр­за­ни со жи­вот­ни­от стил на мла­ди­те во ра­на­та адо­лес­цен­ци­ја, со се­оп­фа­тен при­стап кон здрав­је­то и со ед­на­ков ин­те­рес за кон­тек­стот / еко­ном­ски, раз­во­ен, со­ци­ја­лен, кул­ту­рен, ет­нич­ки итн./ во кој мла­ди­те рас­тат, учат и жи­ве­ат. На­о­ди­те од иста­та сту­ди­ја покажуваат де­ка тра­ди­ци­о­нал­ни­те нор­ми во ро­до­ви­те уло­ги и оче­ку­ва­ња има­ат го­ле­мо вли­ја­ние врз од­не­су­ва­ња­та на мла­ди­те и на­чи­нот ка­ко се изра­зу­ва­ат и прет­ста­ву­ва­ат се­бе­си и ка­ко се по­зи­ци­о­ни­ра­ат во врс­нич­ка­та гру­па, и пред дру­ги­те.

- банер -

Ро­до­ви­те те­ми се важ­ни за дет­ско­то мен­тал­но здрав­је и добросостојба

За ро­до­ви ед­на­квости го­во­ри­ме ко­га же­ни­те, ма­жи­те и си­те дру­ги што не при­па­ѓа­ат на оваа ди­хо­то­ми­ја ги ужи­ва­ат исти­те пра­ва и мож­но­сти во си­те об­ла­сти и сег­мен­ти на оп­штес­тво­то вклу­чу­вај­ќи ги еко­ном­ско­то, по­ли­тич­ко­то и про­фе­си­о­нал­но­то учес­тво, ка­ко и учес­тво­то во до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки во сопс­тве­ни­от жи­вот. За ро­до­ви ед­на­кво­сти збо­ру­ва­ме и ко­га раз­лич­ни­те од­не­су­ва­ња, ас­пи­ра­ции и по­тре­би на чо­ве­кот се ед­на­кво вред­ну­ва­ни и ува­жу­ва­ни, не­за­вис­но од не­го­ва­та ро­до­ва при­пад­ност, ро­дов иден­ти­тет или се­ксу­ал­на ори­ен­та­ци­ја.

Ро­до­ва­та не­ед­на­квост се ја­ву­ва ко­га раз­ли­ки­те во ста­ту­сот, (не)мо­ќта и пре­сти­жот што ги ужи­ва­ат ма­жот или же­на­та во се­мејс­тво­то, гру­па­та, ко­ле­кти­вот и за­ед­ни­ца­та, се дол­жат са­мо на нив­на­та ро­до­ва при­пад­ност, ро­дов иден­ти­тет или се­ксу­ал­на ори­ен­та­ци­ја На­ши­от истра­жу­вач­ки ин­те­рес е на­со­чен кон уна­пре­ду­ва­ње на ро­до­вите ед­на­квости ме­ѓу мла­ди­те и за тоа ка­ко се тие по­вр­за­ни со нив­но­то (мен­тал­но) здрав­је и добросостојба.

Гле­дај­ќи на здрав­је­то ка­ко на це­ли­на од фи­зич­ко, мен­тал­но, со­ци­јал­но и ду­хов­но здрав­је, и ка­ко на ре­сурс и ква­ли­тет на жи­во­тот, нас­про­ти ме­ди­цин­ски­от мо­дел, кој на здрав­је­то гле­да ка­ко на отсус­тво на бо­лест, спо­ме­на­та­та сту­ди­ја овоз­мо­жу­ва здо­би­ва­ње уви­ди и сле­де­ње на најз­на­чај­ни­от, кри­ти­чен пер­и­од во раз­во­јот на де­ца­та – ра­на­та адо­лес­цен­ци­ја. Во тој кон­текст, ро­до­ви­те пра­ша­ња за­зе­ма­ат клуч­но ме­сто во раз­би­ра­ње­то на уло­га­та на де­ца­та во за­ед­ни­ца­та, во ужи­ва­ње­то на нив­ни­те пра­ва и мож­но­сти за ед­на­кво учес­тво во сопс­тве­ни­от раз­вој и добросостојба. Од дру­га стра­на, со гри­жа­таза мен­тал­но­то здрав­је, ка­ко ин­ди­ка­тор на дет­ска­та човековата добросо­стој­ба, мора да се почне од најрана возраст. Менталното здравје вклу­чу­ва про­ду­ктив­на ра­бо­та, до­бро чув­ство за се­бе, по­вр­за­ност со дру­ги­те и ус­пеш­но со­о­чу­ва­ње со се­којд­нев­ни­те стре­со­ви на жи­во­тот, што е тесно поврзано со грижата за човековите и детските права. Де­ца­та со до­бро мен­тал­но здрав­је има­ат раз­ви­е­но по­зи­тив­ни со­ци­јал­ни ве­шти­ни, лес­но се сна­о­ѓа­ат во но­ви си­ту­а­ции и се ефи­кас­ни во со­о­чу­ва­ње­то со проб­ле­ми­те, со­од­вет­ни на нив­на­та во­зраст.

Родово чувствителни средини, најдобар амбиент за учење и развој

Ро­до­во чув­стви­тел­ни­те сре­ди­ни не ги препознаваат децата според пол, род, или кое било друго родово обележје. Тие соз­да­ва­ат ат­мо­сфе­ра на без­бе­ден и оп­ти­ма­лен раз­вој за се­кое де­те, не­за­вис­но од ка­де до­а­ѓа, ка­ко се иден­ти­фи­ку­ва и што но­си со се­бе. Та­кви­от раз­во­ен ам­би­ент го ос­ло­бо­ду­ва кон­та­ктот на де­те­то со са­мо­то се­бе, го олес­ну­ва не­го­во­то са­мо­при­фа­ќа­ње и овоз­мо­жу­ва не­го­во автен­тич­но по­вр­зу­ва­ње со дру­ги­те и со за­ед­ни­ца­та. Најк­луч­ни­те раз­вој­ни пре­диз­ви­ци на про­це­сот на со­ци­ја­ли­за­ци­ја во врс­нич­ка­та гру­па, учи­ли­ште­то и со дру­ги­те, де­ца­та ги раз­ре­шу­ва­ат мно­гу по­лес­но во ро­до­во чув­стви­тел­ни сре­ди­ни. Ме­ѓу дру­го­то, тоа им по­ма­га и да на­у­чат да жи­ве­ат во све­тот на раз­лич­но­сти­те со то­ле­ран­ци­ја и со чув­ство на пра­вед­ност и на ед­на­квост ка­ко етаб­ли­ра­на вред­ност и нор­ма, во нив­но­то од­не­су­ва­ње.

Прашањето, како од оваа ви­зи­ја кон ко­ја се стремиме, и има­ме об­вр­ска да се стре­ми­ме, да тргнеме напред и да ја оствариме? За тоа ни е потребна евиденција со истражувачки наоди што се потпираат на гласот на децата, како референтна точка, од каде да почнеме.

Тоа ка­де и како жи­ве­ат на­ши­те де­ца, кол­ку ги пре­поз­на­ва­ме и ка­ко ги адре­си­ра­ме овие пра­ша­ња де­нес во Ма­ке­до­ни­ја е по­вр­за­но со мно­гу фа­кто­ри, кои се раз­ли­ку­ва­ат од ед­на до дру­га сре­ди­на.  

Нашето истражување кажува дека 42 про­цен­ти од де­ца­та во Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја жи­ве­ат во ни­ско имот­ни се­мејс­тва. Мно­зинс­тво­то од нив во тра­ди­ци­о­нал­на за­ед­ни­ца, со кул­ту­ра и со нор­ми на стро­го де­тер­ми­ни­ра­ни ро­до­ви уло­ги и оче­ку­ва­ња, што соз­да­ва амбиент за дла­бо­ка ро­до­ви не­ед­на­квости и ди­скри­ми­на­ци­ја, на че­кор до на­силс­тва. По­ра­ди не­каз­ни­во­ста на на­силс­твата, мно­гу де­ца и мла­ди се при­ну­де­ни да жи­ве­ат во атмосфера на не­то­ле­ран­ци­ја на раз­лич­но­сти­те и на ро­до­ва ди­скри­ми­на­ци­ја, во се­ко­ја сре­ди­на во ко­ја учат и рас­тат: се­мејс­тво­то, учи­ли­ште­то и за­ед­ни­ца­та. Тоа е сеуште до­ми­нант­ни­от жи­во­тен ам­би­ент што тие го имаат и што најпрво тре­ба да се ме­ну­ва.

Ро­до­вите ед­на­квости се те­ма со ко­ја обра­зо­ва­ни­е­то мо­ра да поч­не да се за­ни­ма­ва се­ри­оз­но и си­сте­мски би­деј­ќи таа е во ос­но­ва­та на нај­го­ле­ми­от број насилства, парт­нер­ски, се­меј­ни и во заедницата.

За­се­га, обра­зо­ва­ни­е­то е па­сив­но и не­ма до­бар од­го­вор на овие пра­ша­ња.  Ме­сто да на­пра­ви се­ри­о­зен ис­че­кор во над­ми­ну­ва­ње на ро­до­вите не­ед­на­квости, тоа са­мо ги прес­ли­ку­ва и не­гу­ва тра­ди­ци­о­нал­ни­те ро­до­ви по­дел­би и огра­ни­чу­ва­ња, без свест за да­ле­ко­сеж­ни­те пос­ле­ди­ци на та­ква­та по­ли­ти­ка и пра­кти­ки по до­бросо­стој­бата­ и перс­пе­кти­ви­те на мла­ди­те. При што ед­на­кво стра­да­ат мом­чи­ња­та, ка­ко и де­вој­чи­ња­та, на ро­до­во својс­твен на­чин.

Меѓуродови нееднаквости во социјалната поддршка

Де­вој­чи­ња­та, од тра­ди­ци­о­нал­ни­те се­мејс­тва жи­ве­ат по­пов­ле­че­но, по­ре­тко из­ле­гу­ва­ат (та­бе­ла 2), се дру­жат со мал број при­ја­тел­ки, за кои сил­но се вр­зу­ва­ат и мно­гу че­сто се раз­о­ча­ру­ва­ат, до­де­ка мом­чи­ња­та из­ле­гу­ва­ат по­че­сто, се др­жат до по­го­ле­ми гру­пи, во кои зна­ат да би­дат и мал­тре­ти­ра­ни, но тоа ре­тко ко­га го приз­на­ва­ат, а уште по­мал­ку го при­ја­ву­ва­ат (та­бе­ла 3). Ста­во­ви­те де­ка „та­ка се рас­те“, не им по­ма­га­ат во гра­де­ње­то на са­мо­до­вер­ба­та, на­про­тив, са­мо ја за­си­лу­ва­ат ран­ли­во­ста, но и бес­чув­стви­тел­но­ста и отсус­тво­то на ем­па­ти­ја за дру­ги­от. За раз­ли­ка од нив, де­вој­чи­ња­та по­сто­ја­но и нај­че­сто стра­да­ат од поради оз­бо­ру­ва­ња.

Меѓуродови нееднаквости во менталното здравје

Пси­хо­со­мат­ски­те те­го­би, ка­ко гла­во­бол­ка­та, нер­во­за­та, (ан­кси­оз­но­ста) и раз­драз­ли­во­ста се нај­чести реакции на девојчињата на родовите не­ед­на­квости ме­ѓу младите. Мен­тал­но­то здрав­је е нив­но­то по­ле на „бунт“ и стра­да­ње. За­че­сте­но­ста на пси­хо­со­мат­ски проб­ле­ми рас­те со во­зра­ста кај си­те гру­пи ис­пи­та­ни­ци, со нај­ви­сок рас­пон, од двој­но (кај нер­во­за­та) до три­па­ти по­ве­ќе (кај раз­драз­ли­во­ста) кај де­вој­чи­ња­та од две­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци во Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја (та­бе­ла 4).

Ма­ло­то учес­тво и сла­би­от ин­те­рес за нив­ни­от глас ги ста­ва де­вој­чи­ња­та во по­не­по­вол­на по­лож­ба од мом­чи­ња­та во со­о­чу­ва­ње­ со стре­сот. Преп­ла­ве­но­ста со проб­ле­ми, за кои не­ма­ат ре­ше­ние, и чув­ство­то де­ка не мо­жат да ги кон­тро­ли­ра­ат ра­бо­ти­те во сво­јот жи­вот се по­че­сто при­сут­ни ме­ѓу де­вој­чи­ња­та, во си­те во­зрас­ни гру­пи, со по­раст на не­мо­ќта, со во­зра­ста (та­бе­ла 5).

A screenshot of a cell phone

Description automatically generated

Ва­кви­те со­стој­би, оста­ве­ни на „вре­ме­то ле­ку­ва сè“, во­дат кон сѐ по­че­сти периоди на не­рас­по­ло­же­ни­ја, и де­пре­сив­ни чув­ства на та­га и на без­на­деж­ност, се­кој ден, во тра­е­ње од две не­де­ли, кај го­лем број мла­ди на 15 го­ди­ни. Се­кое вто­ро де­вој­че, и се­кое тре­то или че­твр­то мом­че на 15 го­ди­ни се со­о­чу­ва­ат со овие пси­хич­ки со­стој­би (та­бе­ла 6). Сличен е трендот, со нешто по­ма­ла за­че­сте­ност и кај останатите гру­пи де­ца. 

Меѓуродови нееднаквости во ризичните однесувања

За раз­ли­ка од де­вој­чи­ња­та, кои се по­скло­ни кон аку­му­ла­ци­ја на не­за­до­волс­тва­та во се­бе изра­зу­вај­ќи ја сво­ја­та не­моќ да од­го­во­рат на пре­диз­ви­ци­те на сво­јот раз­вој, мом­чи­ња­та се свр­ту­ва­ат кон ри­зич­ни­те од­не­су­ва­ња – пи­е­ње­то, психотропните супстанци, ра­ни­те се­ксу­ал­ни искус­тва и на­силс­тво­то, ка­ко ис­про­ба­ни и ро­до­во усвоени решенија за справување со ан­кси­оз­но­ста.

Лес­но до­ста­пен, ал­ко­хо­лот во ма­ке­дон­ско­то се­мејс­тво е пр­ви­от из­бор за сми­ру­ва­ње на нап­на­то­ста ме­ѓу мла­ди­те. Тој се кон­су­ми­ра сло­бод­но, со ужи­ва­ње и со одо­бре­ние на во­зрас­ни­те, од кои мно­зинс­тво­то го сме­та­ат за тест на зре­ло­ста. Та­ка 59 про­цен­ти од мом­чи­ња­та и 40 про­цен­ти од де­вој­чи­ња­та од ма­ке­дон­ска­та ет­нич­ка за­ед­ни­ца, на 15 го­ди­ни, ќе из­ја­ват де­ка пи­е­ле ал­ко­хол (по­ве­ќе од ед­на гол­тка) нај­мал­ку ед­наш или по­ве­ќепати, во пос­лед­ни­от ме­сец (та­бе­ла 7). Пи­јанс­тво­то, пак, ед­наш, два или по­ве­ќе­па­ти во жи­во­тот, го иску­си­ле 41 про­цент од ма­ке­дон­ски­те мом­чи­ња и 28 про­цен­ти од де­вој­чи­ња­та, на иста­та во­зраст. Ро­до­ви­те сте­ре­о­ти­пи де­ка та­ка се рас­те не се мно­гу по­и­на­кви од тол­ку­ва­ња­та на дру­ги­те ри­зич­ни од­не­су­ва­ња, како мал­тре­ти­ра­ње­то во учи­ли­ште и на­силс­тва­та.

Ме­ѓу­ро­до­ви не­ед­на­квости и во се­ксу­ал­ни­те искус­тва на мла­ди­те

Ра­ни­те се­ксу­ал­ни искус­тва ме­ѓу мла­ди­те на 15-го­диш­на во­зраст од Ма­ке­до­ни­ја се те­ма за ко­ја не се раз­го­ва­ра и не­ма ка­де да се раз­го­ва­ра. Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја се ја­ву­ва ка­ко ед­на ме­ѓу не­кол­ку­те зем­ји (од 48 зем­ји на сту­ди­ја­та) со нај­ви­со­ки ме­ѓу­ро­до­ви раз­ли­ки во се­ксу­ал­ни­те искус­тва на мла­ди­те (та­бе­ла 8). 

И ту­ка ре­зул­та­ти­те потврдуваат де­ка кул­ту­ра­та, ро­до­ви­те нор­ми и уло­ги сил­но вли­ја­ат врз од­не­су­ва­ња­та на мла­ди­те и врз нив­но­то до­жи­ву­ва­ње на се­бе, по­вр­за­но со се­ксу­ал­но­ста. Мом­чи­ња­та (38 про­цен­ти) од Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја, на 15 го­ди­ни при­ја­ву­ва­ат и до 10  па­ти по­ве­ќе се­ксу­ал­ни искус­тва од нив­ни­те врс­нич­ки (4 про­цен­ти), во про­сек. Ва­ква­та ме­ѓу­ро­до­ва дис­про­пор­ци­ја е ти­пич­на за тра­ди­ци­о­нал­на­та ро­до­ва кул­ту­ра што ја де­ли­ме со по­ве­ќе зем­ји од со­седс­тво­то ка­ко што се Ал­ба­ни­ја и Бу­га­ри­ја, а во за­шти­та на т.н. „ма­чо култура“. Уште пов­пе­чат­ли­во е што оваа со­стој­ба на пријавени се­ксу­ал­ни­ искус­тва на мла­ди­те е тренд што не се ме­ну­ва во пос­лед­ни­те 16 го­ди­ни.

Ра­но­то ста­пу­ва­ње на ма­ке­дон­ски­те адо­лес­цен­ти во се­ксу­ал­ни од­но­си е по­твр­да за нив­на­та из­ло­же­ност на ­број­ни ри­зи­ци, не са­мо по нив­но­то се­ксу­ал­но и ре­про­ду­ктив­но здрав­је, ту­ку и по нив­но­то со­ци­јал­но и мен­тал­но здрав­је. Ни­ска­та кул­ту­ра, нез­на­е­ње­то и отсус­тво­то на ви­стин­ски ре­сур­си за мла­ди­те на пла­нот на се­ксу­ал­но­ста и на ро­до­ви­те пра­ша­ња, вклу­чу­вај­ќи го и де­це­ни­ско­то од­би­ва­ње на си­сте­мот да во­ве­де се­оп­фат­но се­ксу­ал­но обра­зо­ва­ние во учи­ли­шта­та, ве­ќе 16 го­ди­ни нѐ др­жат на по­зи­ци­ја­та на ри­зич­но „ста­тус кво“.  Де­ца­та од Ма­ке­до­ни­ја не зна­ат до­вол­но, не­ма­ат со­од­вет­ни из­во­ри на ин­фор­ма­ции, и проб­ле­ми­те ги ре­ша­ва­ат по пат на оби­ди и гре­шки, кои че­сто не мо­жат да се ко­ри­ги­ра­ат.

(Автор­ка­та е гла­вен истра­жу­вач на ХБСЦМ за Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја, Цен­тар за пси­хо­со­ци­јал­на и криз­на ак­ци­ја – Ма­лин­ска, Скоп­је – www.cpca.mk)
*на­о­ди од Сту­ди­ја­та за од­не­су­ва­ња по­вр­за­ни со здрав­је­то кај де­ца­та на учи­лиш­на во­зраст (HBSCМ, 2018, https://hbscmacedonia.wordpress.com)

Напишете коментар