Галерија, Гледај и слушај

Лице в лице бр. 41: Природните потенцијали се стожерот на руралниот развој!

Време на читање: 2 минути

Најновото издание издание на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“, посветено на тема: потенцијалите на руралниот развој, својата промоција ја доживеа во недопрената убавина на струшкото село Глобочица, кое е синтеза на приказни кои го запираат здивот за некогашниот начин на живеење, и, во исто време, на раѓањето нов живот, поттикнат од солидарната и иницијативна природа на мештаните.

На насловната страница се наоѓа наша планинарка и активистка, Марија Ѓурчиновска, фотографирана при достигнувањето на Титов врв, а целиот дизајн на списанието е дело на Зоран Инадески.

Меѓу гостите беше и писателот Милош Димковски, познат под псевдонимот, Евгениј Хоуп, кој со голема пасија ги раскажува сите свои авантуристички патувања.  Во најновото издание на списанието, овој патувач и автор, се наоѓа и на една од кавер страниците, каде порачува: „Читам „Лице в лице“, затоа што сакам да се запознаам со другоста што постои во светот“.

Во продолжение и внатрешните кавер страници на 41. издание на „Лице в лице“:

Напишете коментар