Доза вести, Лице в лице

На Скопје му се случи инклузивно дерби

инклузивно дерби
Време на читање: 2 минути

Резултатот беше 10-10, за 10 години постојани заложби на „Лице в лице“ за подобро, поеднакво и поинклузивно општество и 20 години од шампионската титула на Кометалки

Во спортска атмосфера, без исклучувања, без жолти и црвени картони, во тимски дух и фер плеј, вчеравечер се одигра инклузивниот ракометен наптревар во кој учествуваа шампионките на „Кометал Ѓорче Петров“ и шампион(к)ите на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“.
Натпреварувач(к)ите се поделија во две екипи –  „Be Inclusive“  и „Be Active“, а теренот се обои во зелено и црвено. 

Резултатот беше 10-10, за 10 години постојани заложби за подобро, поеднакво и поинклузивно општество и 20 години од шампионската титула на Кометалки. Продавачите на „Лице в лице“ беа достојни соиграч(к)и на Кометалки. Најдобар стрелец беше Амир Дестанов, а најдобар играч е Анабела Мередиева. Најдобар тренер беше Хари Аметовски, а нај голман беше Самир Џаферов.  

Меѓу шампионките кои истрчаа на теренот беа Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мими Чупиќ, Андијана Будимир, Наталија Малахова Тодоровска, Елена Златановска, Анжела Платон, Даниела Јовевска,  кои одржаа лекција по инкузивност и солидарност.  Како голман настапи и поранешниот ракометар Наумче Мојсоски.

Настанот се одржа во партнерство со Агенцијата за млади и спорт (АМС) и нивната програма „Be Active“ и во соработка со РК „Пролет“, ООУ „11 Октомври“, Црвен крст на Град Скопје и тренерот на РК „Скопје“, Горан Кузманоски со неговиот тим.

Фотографии: Томислав Георгиев

Цела галерија на овој линк

Прочитајте ја најавата за овој настан

Напишете коментар