Актуелно

Размножувањето мршојадци во заробеништво – клуч за нивното преживување

Време на читање: 2 минути

Најновата научна студија во која учествуваa и стручњаците на Македонското еколошко друштво покажува дека зголемувањето на популацијата на мршојадците со млади птици што се родени во заробеништво (реинтродукција) може да го одложи нивното истребување. Иако ваквата процедура нема да биде доволна за одржување на популацијата, таа ќе им обезбеди доволно време на еколозите да ги отстранат заканите што ја уништуваат. Овие закани на Балканот се особено сериозни, популацијата на египетски мршојадци во осумдесеттите имаше повеќе од 600 двојки, а сега е сведена на само 48 (податок од 2020 година).

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Научната студија е објавена во научното списание Journal of Applied Ecology и таа укажува на фактот дека сѐ додека смртноста на мршојадците е во најголема мера предизвикана од човекот, реинтродукцијата дури и на 15 млади птици родени во заробеништво годишно не е доволна за одржување на балканската популација египетски мршојадци.

– Предвидувањето на идните трендови на популацијата на египетски мршојадци е тешко, но тоа што со сигурност го знаеме е дека доколку не ги намалиме заканите, надежта за преживување на балканската популација е мала – дури и покрај фантастичната поддршка што можe да ја даде реинтродукцијата – вели Ненад Петровски, координаторот на проектите за зачувување на мршојадците во Македонија.

Египетските мршојадци мигрираат околу 5.000 км секоја година меѓу нивните територии за гнездење и за презимување. Овие прелети се опасни и многу птици умираат од човечки закани, како криволовство, непосредно труење, електрокуција и судири со електорснабдувачки инфраструктури. Истражувањата се изведени од страна на Научниот центар за зачувување на природата на Кралското друштво за заштита на птиците во Британија, Бугарското друштво за заштита на птиците, Македонското еколошко друштво, Грчкото орнитолошко друштво, Зелените Балкани, WWF Грција, Албанското орнитолошко друштво, Заштита и зачувување на природната средина во Албанија, Зоолошката градина од Прага и Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар