Одговорно претставување

НЛБ Банка прва на пазарот го приспособи мобилното банкарство за клиентите со оштетен вид

Време на читање: 3 минути

Жи­ве­е­ме во ера на софистицирана технологија, време кога дигитализацијата не само што го до­стиг­на својот врв, туку и за време на пандемијата беше неверојатно корисна алатка во бор­ба­та за зачувување на јавното здравје.

Таа се покажа како ефикасна алатка, која не само што ги олесни процесите, туку стана широко при­мен­ли­ва речиси во секој сегмент од општественото живеење и има капацитет да излезе во пре­срет на различни категории луѓе што живеат со предизвици и со лимитирачки физички мож­но­сти. Нејзините предности ги охрабрија креаторите на новите технологии да размислуваат во на­со­ка за развивање на дигиталните услуги до кои ќе имаат пристап еднакво сите категории гра­ѓа­ни, како што се, на пример, граѓаните со оштетен вид, кои немаат можност самостојно да ги извршуваат наједноставните банкарски услуги.

Ток­му на оваа тема НЛБ Банка, како општествено одговорна компанија, од неодамна ја про­мо­ви­ра­ше, за првпат на пазарот, надградената апликација за мобилно банкарство мКлик прис­по­со­бе­на за клиентите со оштетен вид. Со ова значајно надградување на функционалноста таа е се­га применлива и достапна за употреба од страна на лицата со оштетен вид.

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Ова е важен чекор во напорите да се подигне и зголеми достапноста на банкарски услуги, но и да се подигне свесноста за создавање решенија за маргинализираните група граѓани. Со цел да создадат апликација скроена според вистинските потребите на оваа група клиенти била ос­тва­ре­на и тесна соработка со Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија.  Бла­го­да­ре­ние на корисната повратна информација и несебично споделените искуства и предизвици со кои се соочуваат, како и потребите за нивно надминување, оваа мобилна апликација е веќе до­стап­на и во функција. Се надеваме дека ваквиот тип персонализирани продукти што се на­со­че­ни кон одредена група граѓани, дополнително ќе им ги олеснат банкарските обврски на нашите кли­ен­ти и ќе бидат поттик во напорите за создавање персонализирани продукти.

Ток­му на оваа тема разговаравме со Жарко Селковски, претседателот на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија, кој беше директно инволвиран во процесот на надградување на апликацијата.

– Ва­ква­та функционалност е од големо значење, посебно што во моментов претставува прва и единс­тве­на на пазарот и е во насока на подигнување на свеста за луѓето со оштетен вид и за пре­диз­ви­ци­те со кои секојдневно се соочуваат. Да бидете дел од едно општество и притоа да се соочувате со предизвиците како што е оштетениот вид или слепилото е навистина голем пре­диз­вик. Тоа што, можеби, на мнозинството им се чини како брза и едноставна процедура, што ја завршуваат во од или додека го чекаат автобусот, нам овие работи ни се многу по­комп­ли­ци­ра­ни и во најголем број случаи зависиме од трети лица. Но, работите, навистина, се по­ме­сту­ва­ат и свеста за луѓето со попреченост се менува. Една од новите алатки што отсега ќе мо­же­ме непречено да ги користиме е надградената апликација на НЛБ Банка за мобилно бан­карс­тво НЛБ мКлик, која станува функционална и едноставна за користење за луѓето со оштетен вид. Можноста преку говорна програма да ја користиме оваа апликација и да ги извршуваме бан­кар­ски­те процеси е од големо значење и во голема мера го олеснува нашето секојдневие, ни дава избор и чувство на самостојност. Ова е практика што веќе се користи во по­ви­со­ко­раз­ви­е­ни­те општества сензибилизирани кон луѓето со оштетен вид, а на наше големо за­до­волс­тво, светските трендови стануваат реалност и кај нас. Навистина ни причинува задоволство ко­га вакви скромни, но значајни чекори одат во насока на подигнување на свесноста за потребата да добиеме еднакви можности и третман за вршење на секојдневните банкарски обврски.

Об­вр­ска­та да се посети шалтер сега е заменета со мобилниот уред, преку кој можеме рам­но­прав­но со другите клиенти на банката да ги плаќаме сметките или да поднесеме барање за кре­дит – вели Селковски.

Од Банката велат дека благодарение на напредната  технологија тие ја препознале потребата да ја надградат постојната НЛБ мКлик апликација за мобилно банкарство и да ја адаптираат за по­тре­би­те на клиентите што се со оштетен вид.

Се надеваме дека ваквите позитивни примери ќе наидат на соодветен одѕив и во иднина ќе ги охра­брат големите корпорации да продолжат да работат во дослух со нивните клиенти и и по­на­та­му да создаваат продукти скроени за сите граѓани.

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар