Актуелно

Асфалт место зеленило

Кли­мат­ски­те про­ме­ни пре­диз­ви­ка­ни од ек­стрем­ни­те тем­пе­ра­тур­ни раз­ли­ки во све­тот до­ве­ду­ва­ат до топ­лин­ски бра­но­ви, су­ши и поп­ла­ви, па за­тоа гра­дот Арн­хем во Хо­лан­ди­ја на­пра­ви де­се­тго­ди­шен план за об­но­ва за да из­ле­зе на крај со овие проб­ле­ми.

Овој град е на вр­вот ко­га ста­ну­ва збор за ме­ста што се прис­по­со­бу­ва­ат на кли­ма­та. По­ста­ви цел да се на­ма­ли ко­ли­чи­на­та асфалт, од­нос­но тем­ни­от дел од ма­те­ри­ја­лот што се ко­ри­сти за па­ти­шта и за тро­то­а­ри, кој ап­сор­би­ра топ­ли­на и го зго­ле­му­ва про­то­кот на во­да, и тоа за 10 про­цен­ти до 2030 го­ди­на. Из­бра­ни­те па­ти­шта ќе би­дат за­ме­не­ти со тре­ва, по што ќе би­дат за­са­де­ни дрв­ја што ќе обез­бе­дат сен­ка за дру­ги па­ти­шта. За­ме­ну­ва­ње­то на асфал­тот со зе­ле­ни­ло ќе по­мог­не и во бор­ба­та про­тив поп­ла­ви­те. Арн­хем е ло­ци­ран на 13 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на, та­ка што че­сто има проб­лем со поп­ла­ви, но и со су­ви пер­и­о­ди. Ед­на од це­ли­те е да се пре­на­со­чат 90 про­цен­ти од дож­дов­ни­ца­та од ка­на­ли­за­ци­ски­от си­стем. Се­кој што има иде­ја ка­ко да го на­пра­ви гра­дот по­от­по­рен на топ­лин­ски бра­но­ви, поп­ла­ви и су­ши, е по­ка­нет да ап­ли­ци­ра за суб­вен­ци­ја пре­ку „Ини­ци­ја­ти­ва­та за кли­мат­ска адап­та­ци­ја“. Град­ски­от со­вет, за­ед­но со ин­сти­ту­ци­и­те што се гри­жат за вод­ни­те си­сте­ми, ло­кал­ни­те кор­по­ра­ции и учи­ли­шта­та, ќе се фо­ку­си­ра­ат на стра­те­гии за прис­по­со­бу­ва­ње кон кли­мат­ски­те про­ме­ни. Со­е­ди­ну­ва­ње­то на си­ли­те ќе оси­гу­ри де­ка Арн­хем во ид­ни­на ќе биде по­до­бро под­го­твен во бор­ба­та про­тив сè по­ек­стрем­ните вре­мен­ски ус­ло­ви.

Ми­на­та­та го­ди­на, гра­дот поч­на си­му­ла­ции за поп­ла­ву­ва­ње проб­ни ули­ци по­кри­е­ни со раз­ни ма­те­ри­ја­ли. Ту­ка, жи­те­ли­те мо­жеа да ви­дат ка­ко ули­ци­те „из­ле­гу­ва­ат на крај“ со проб­ле­мот со обил­ни­те дож­до­ви во за­вис­ност од асфал­ти­ра­ње­то и го из­би­ра­ат ти­пот што го са­ка­ат за сво­ја­та ули­ца. Гра­до­ви­те низ све­тот се прис­по­со­бу­ва­ат на кли­мат­ски­те про­ме­ни и ос­мис­лу­ва­ат на­чи­ни да се со­о­чат на нај­до­бар мо­жен на­чин и да се за­шти­тат од при­род­ни не­по­го­ди на долг рок. По­крај овој при­мер во Хо­лан­ди­ја, при­ме­ри има и во САД. Во Сан Фран­ци­ско е по­диг­на­та исто­ри­ска згра­да на три ме­три од зем­ја­та за да се спа­си од по­ка­чу­ва­ње на ни­во­то на мо­ре­то.

Напишете коментар