Актуелно

Стипендии за eвропската едукативна програма „Ековештини за зелена економија“

Ин­сти­ту­тот за истра­жу­ва­ње во об­ла­сти­те жи­вот­на сре­ди­на, енер­ге­ти­ка и гра­деж­ниш­тво, ИЕГЕ, ос­но­ван од Гра­деж­ни­от ин­сти­тут Ма­ке­до­ни­ја (ГИМ), об­ја­ви по­вик за до­де­лу­ва­ње сти­пен­дии за учес­тво во про­фе­си­о­нал­на европ­ска еду­ка­тив­на про­гра­ма за раз­ви­ва­ње еко­ве­шти­ни за зе­ле­на еко­но­ми­ја. 

Оваа про­гра­ма овоз­мо­жу­ва над­град­ба на екоз­на­е­ња­та и ли­чен и про­фе­си­о­на­лен раз­вој на учес­ни­ци­те, а цел­та е соз­да­ва­ње кон­ку­рент­ни ка­дри, кои пре­ку сво­јот про­фе­си­о­на­лен раз­вој ќе при­до­не­сат за по­го­ле­ма одрж­ли­вост на ор­га­ни­за­ци­ја­та и на оп­штес­тво­то.

Учес­ни­ци­те на про­гра­ма­та е пред­ви­де­но да се здо­би­јат со со­од­вет­ни еко­ве­шти­ни, а програмата е прис­по­со­бе­на за кан­ди­да­ти што ве­ќе има­ат ос­нов­но искус­тво во об­ла­ста на одрж­ли­во­ста, от­па­дот и на енер­гет­ска­та ефи­кас­ност. 

ИЕГЕ до­де­лу­ва 20 це­лос­ни сти­пен­дии за за­ин­те­ре­си­ра­ни кан­ди­да­ти што ќе има­ат мож­ност да учес­тву­ва­ат во ин­те­ра­ктив­на на­ста­ва во­де­на од искус­ни про­фе­со­ри со при­ме­на на ино­ва­тив­на пра­кти­ка и на со­вре­ме­ни ала­тки.  

Про­гра­ма­та се со­стои од пред­ме­ти­те одрж­лив жи­вот и зе­ле­ни ве­шти­ни, упра­ву­ва­ње от­пад и упра­ву­ва­ње енер­ги­ја.

Се­кој пред­мет ќе би­де ре­а­ли­зи­ран ком­би­ни­ра­но со е-уче­ње, те­рен­ски актив­но­сти и во учил­ни­ца. Про­гра­ма­та ќе се спро­ве­ду­ва на ма­ке­дон­ски ја­зик, во сеп­тем­ври 2020 го­ди­на, со спро­ве­ду­ва­ње по­себ­ни мер­ки за за­шти­та од ко­вид-19.

Напишете коментар