Воведник

Реоткривање на татковината: планина од можности

Лице в лице, бр. 41 Lice v lice br. 41
Фотографија: Томислав Георгиев

Ја ре­о­ткри­ва­ме, се оду­ше­ву­ва­ме на сво­ја­та зем­ја и зак­лу­чу­ва­ме де­ка сме за­тру­па­ле и сме на­пра­ви­ле не­вид­ли­ва ед­на огром­на пла­ни­на од мож­но­сти и сме за­пу­сти­ле мно­гу­број­ни пре­де­ли пол­ни со по­тен­ци­јал во кои ре­ал­но и не­ма ус­ло­ви за жи­вот  за­што не ни би­ле при­о­ри­тет, а не сме ја пре­поз­на­ва­ле ни­ту по­тре­ба­та  од нив.

При­каз­на 1 – Пред не­кол­ку го­ди­ни го за­поз­нав Ге­орг – спе­ци­ја­лист за ру­ра­лен раз­вој. На на­ша по­ка­на дој­де во Стру­га. Си за­ми­на со пол­ни очи и ду­ша при­ро­да до­ло­ве­на пре­ку Виш­ни, Јаб­ла­ни­ца, Гор­на Бе­ли­ца и вчу­до­не­ви­ден од за­по­ста­ве­но­ста на пре­де­ли­те, од се­ла­та без лу­ѓе и од не­кон­тро­ли­ра­но­то се­че­ње на шу­ми­те. „Во Ав­стри­ја осо­бе­но вло­жу­ва­ме во ин­фра­стру­кту­ра­та и во за­др­жу­ва­ње­то на ло­кал­ни­те жи­те­ли во пла­нин­ски­те пре­де­ли ну­деј­ќи им мож­но­сти за раз­вој на сопс­тве­ни со­ци­јал­ни прет­при­ја­ти­ја за­што на гра­дот му се по­треб­ни пла­нин­ски­те се­ла – и на се­мејс­тва­та, и на учи­ли­шта­та“ – наг­ла­си на на­ста­нот на кој го по­ка­нив­ме да збо­ру­ва за на­ста­ва во при­ро­да на фар­ми, за се­меј­ни од­мо­ри во ви­ли ка­де што хра­на­та ја со­би­раш од гра­ди­на и са­ми­от ја при­го­тву­ваш и се прик­лу­чу­ваш на ту­ри за за­поз­на­ва­ње со пла­ни­на­та.  

При­каз­на 2„Не е цел­та да имаш су­ров про­из­вод в ра­ка и да му го про­да­деш на пре­ку­пец за ма­ли па­ри, ту­ку да нај­деш на­чин да го пре­ра­бо­тиш су­ро­во­то“.  Ва­ка ја поч­на сво­ја­та при­каз­на со­ци­јал­на прет­при­е­мач­ка од Ма­ро­ко, ла­ни на на­стан во Бар­се­ло­на по­све­тен на со­ци­јал­на­та еко­но­ми­ја. Опи­шу­ва­ше изо­ли­ра­но си­ро­маш­но се­ло од кое, и по­крај изо­билс­тво на ор­ган­ски ар­ган, су­ро­ви­на за ви­со­ко­це­не­то­то ска­по мас­ло, мла­ди­те се исе­лу­ва­ле. Де­нес, се­ло­то поч­на­ло да го ме­ну­ва  сво­јот лик.Отка­ко со­би­ра­чи­те на ар­ган се здру­жи­ле и си обез­бе­ди­ле ма­ши­ни за про­из­водс­тво на мас­ло, раз­ви­ле ус­пеш­но со­ци­јал­но прет­при­ја­тие, кое во исто вре­ме ин­ве­сти­ра и во раз­вој на се­ло­то. При­каз­на­та е ре­ла­тив­но но­ва, но со по­тен­ци­јал да се раз­ви­ва кон па­мет­но се­ло со со­вре­ме­на ин­фра­стру­кту­ра и брз ин­тер­нет и ус­ло­ви прив­леч­ни за мла­ди­от чо­век.

При­каз­на 3 – Пред из­вес­но вре­ме на „Фејс­бук“ ми пре­ле­та при­каз­на за Да­вид, кој ги на­пу­штил гра­дот и ар­хе­о­ло­ги­ја­та и ста­нал ко­зар. На­чи­нот на кој збо­ру­ва за сто­чарс­тво­то, за сво­и­те ко­зи и за пла­ни­на­та, по­све­те­но­ста и ви­зи­ја­та за раз­во­јот на сво­јот ми­кро­биз­нис, кој му ну­ди при­ја­тен вкус и спо­ко­ен сон (не­што што гра­дот одам­на не ни го да­ва), ста­вот де­ка пре­ку сво­ја­та ра­бо­та соз­да­ва при­ја­те­ли што одб­ли­ску го за­поз­на­ва­ат про­из­водс­тво­то на мле­ко и на млеч­ни про­из­во­ди, а не му­ште­рии, ми влеа вер­ба де­ка има на­деж  и де­ка во ид­ни­на сè по­ве­ќе ќе збо­ру­ва­ме за ми­гра­ци­ја од град в се­ло, за одрж­лив на­чин на жи­ве­е­ње и за спло­те­ност со при­ро­да­та.  

При­каз­ни­ве по­го­ре се ог­ле­да­ло на овој број на „Ли­це в ли­це“. Низ не­го на­ши­те со­ра­бот­ни­ци го отво­рат се­за­мот со риз­ни­ца­та мож­но­сти скри­е­ни дла­бо­ко на пла­ни­ни­те, езе­ра­та, ре­ки­те, се­ла­та, во­до­па­ди­те….  

Раз­го­ва­рав­ме одб­ли­ску со лу­ѓе­то што жи­ве­ат од сто­чарс­тво и од ру­ра­лен ту­ри­зам, со лу­ѓе што го оста­ви­ле „нор­мал­но­то“ и влег­ле во не­што со­се­ма дру­го. Со лу­ѓе што се фо­ку­си­ра­ле на нај­до­бро­то од Ма­ке­до­ни­ја.

Ста­ну­ва­ме по­ум­ни и по­свес­ни и, ко­неч­но, за­бе­ле­жав­ме де­ка цве­ќе­то по кое одев­ме да го ку­пи­ме во мар­кет ви­рее око­лу на­ши­те но­зе. Ма­ке­до­ни­ја е зем­ја на су­ро­ви­ни. Зем­ја на бил­ки. Зем­ја на пла­ни­ни и на спо­кој. Зем­ја на поч­ва што мо­же да вдо­ми сто­ти­ци рас­ти­тел­ни ви­до­ви. Зем­ја на сон­це и на во­ди… Зем­ја на бои, ми­риз­би и на вку­со­ви…

И ли­чи де­ка ток­му се­га е вре­ме­то овие по­тен­ци­ја­ли да ни ста­нат при­о­ри­тет за­ед­но со зна­е­ње­то и со му­дро­ста на лу­ѓе­то што жи­ве­ат ру­рал­но. При­род­ни­те по­тен­ци­ја­ли и лу­ѓе­то по­све­те­ни на нив се сто­же­рот на ру­рал­ни­от раз­вој, но, пред сè, мо­ра­ме да овоз­мо­жи­ме ус­ло­ви за одрж­ли­во зем­јо­делс­тво и си­гу­рен плас­ман на про­из­во­ди­те. Сле­деј­ќи ја ана­ло­ги­ја­та од при­каз­на­та од по­че­то­кот,ток­му тој мо­мент мо­же да би­де ос­но­ва за по­дем за­ед­но со от­стра­ну­ва­ње­то на де­ка­дент­ни­те, нај­че­сто по­ли­тич­ки и кор­пу­тив­но мо­ти­ви­ра­ни дејс­тву­ва­ња ка­ко пре­на­ме­на на зем­јо­дел­ско зем­ји­ште во гра­деж­но, суб­вен­ции за пар­це­ли на кои ни­кој не стап­нал.

А, пред сè, тре­ба да го над­ми­не­ме сте­ре­о­ти­пот што е зем­јо­де­лец / сто­чар. Но­ви­от зем­јо­де­лец не е за­пу­стен, оса­мен слу­га на ур­ба­на­та ла­ко­мост, кој ед­вај пре­жи­ву­ва, ту­ку е обра­зо­ван и ин­фор­ми­ран, на­со­чен кон тех­но­ло­ги­ја и одрж­ли­вост. Тој ста­ва ак­цент на по­до­бру­ва­ње на ин­фра­стру­кту­ра­та, но ба­ра и да не би­де ве­ќе истис­ну­ван од па­за­рот во ус­ло­ви на без­ми­лос­на кон­ку­рен­ци­ја на круп­ни­от ка­пи­тал и ин­ду­стри­ја­та, ко­ја во­де­на од иде­ја­та за про­фит, хра­на­та ја тре­ти­ра са­мо ка­ко тр­гов­ска сто­ка што е за­ка­на за одрж­ли­ви­от раз­вој.

Свр­ту­вај­ќи се кон ло­кал­ни­от по­тен­ци­јал, ќе мо­же­ме да ги ко­ри­сти­ме по­па­мет­но ком­па­ра­тив­ни­те пред­но­сти на зем­ја­ва, вклу­чи­тел­но об­нов­ли­ви­те из­во­ри на енер­ги­ја, и да  соз­да­ва­ме ма­ли прет­при­ја­ти­ја, кои по­сто­јат во ло­кал­ни­те сре­ди­ни. И, се­ка­ко, да ги под­др­жу­ва­ме ма­ли­те ус­лу­ги и про­из­водс­тво ку­пу­вај­ќи хра­на што не го про­па­ту­ва­ла све­тот пред да стиг­не до на­ша­та чи­ни­ја. Ло­кал­но и зе­ле­но! И ди­ги­тал­но – актив­но ко­ри­стеј­ќи ги при­до­би­вки­те на ди­ги­тал­на­та тех­но­ло­ги­ја.

Во исто вре­ме, ве­ру­вам де­ка на­ши­те де­ца сè по­ве­ќе ќе спо­де­лу­ва­ат искус­тва од по­ве­ќед­нев­на на­ста­ва во при­ро­да во ру­рал­ни­те пре­де­ли, од по­се­ти на фар­ми и на агро­кам­по­ви, а и де­ка на сè по­ве­ќе лу­ѓе,  еко­но­ми­ја­та  ба­зи­ра­на назна­е­ње ќе им овоз­мо­жу­ва да ра­бо­тат од ка­де би­ло ка­де што по­стои ста­би­лен и брз ин­тер­нет, што зна­чи и овоз­мо­жу­ва­ње да жи­ве­ат и ра­бо­тат во при­ро­ден ам­би­ент, на пла­ни­на, во се­ло. Ова ли­чи ка­ко ос­тва­ру­ва­ње на со­нот на мно­гу­ми­на, а е сон што ре­ал­но мо­же­ме да го жи­ве­е­ме.

Напишете коментар