Лице в лице тема

Автентични искуства за одговорни патувачи

Ту­риз­мот ка­ко иде­а­лен спој од автен­тич­ни чо­веч­ки при­каз­ни и пре­крас­ни ло­ка­ции, тоа е кон­цеп­тот на „Genuine experiences“. Ве­ру­ва­ме де­ка има мно­гу ма­ли не­шта што мо­же­ме да ги на­пра­ви­ме за да ги под­др­жи­ме за­ед­ни­ци­те.

Фото: Кети Палевска

Свеж пла­нин­ски чај, ис­пи­ен на крај­бреж­је­то во ру­ра­лен ам­би­ент, крц­кав то­пол леб, го­тве­ње до­ма­шен ко­мат под сач во Рам­не, вкус­ни до­ма­ти и пи­пер­ки во Де­мир­хи­сар­ско, ту­ку­што на­бра­ни од ло­кал­на­та гра­ди­на, изра­бо­тка на при­род­на коз­ме­ти­ка од ли­ва­ди­те во Де­бр­ца, изра­бо­тка на до­маш­но си­ре­ње во Ра­штак, вку­су­ва­ње мед на по­ле­то во Ди­хо­во од ка­де што пче­ли­те го со­би­ра­ат по­ле­нот, бе­ре­ње ша­фран на Ко­раб, се дел од автен­тич­ни­те искус­тва што ги ну­ди „Genuine experiences“. Пла­тфор­ма­та пра­ви син­те­за на искус­тва­та и на зна­е­ња­та на ло­кал­но­то на­се­ле­ние – ве­шти­ни, тра­ди­ции, за­на­е­ти, хра­на, ре­тко­сти и жел­ба­та на аван­ту­ри­сти­те да откри­јат автен­тич­но до­жи­ву­ва­ње. Ја на­пра­ви­ја две же­ни, Ка­те­ри­на Ва­си­ле­ска и Јас­мин­ка По­пов­ска, кои збо­ру­вај­ќи со ло­кал­ни­те жи­те­ли, ги слуш­на­ле нив­ни­те по­тре­би и на­пра­ви­ле не­што но­во.

– На­чи­нот на кој се раз­ви­ва ту­риз­мот кај нас не е во ви­стин­ска на­со­ка, а „Genuine experiences“ е на­ши­от од­го­вор на тоа. Ве­ру­ва­ме де­ка ва­ка мо­же­ме да ги под­др­жи­ме за­ед­ни­ци­те – ве­лат тие.

Ор­га­ни­зи­ра­ат автен­тич­ни искус­тва во пре­ку­гра­нич­ни­от ре­ги­он на зем­ја­ва и Ал­ба­ни­ја, кој ги вклу­чу­ва Охрид, Стру­га, Би­то­ла, Де­бар, Мат, Пе­шко­пи и Бул­ки­зе.

– Са­ка­ме да ги спо­де­ли­ме иск­лу­чи­тел­ни­те уба­ви­ни на се­ла­та и на ло­кал­ни­те ме­ста со оста­то­кот од све­тот. Пла­тфор­ма­та е пер­фе­ктен из­бор за од­го­вор­ни па­ту­ва­чи, кои са­ка­ат да откри­јат скри­е­ни де­ло­ви на ре­ги­о­нот, не­што што го не­ма во стан­дард­ни­те ту­ри­стич­ки по­ну­ди – ве­лат Јас­ми­на и Ка­те­ри­на.

Дел се од про­е­ктот „Во­ве­ду­ва­ње па­ме­тен ту­ри­зам и спо­де­ле­на еко­но­ми­ја“, а по­со­чу­ва­ат де­ка про­фи­тот го на­со­чу­ва­ат кон ми­си­ја­та на Аген­ци­ја­та за ло­ка­лен раз­вој од Стру­га, ко­ја ги под­др­жу­ва ран­ли­ви­те гру­пи и про­мо­ви­ра ло­ка­лен одрж­лив раз­вој во ре­ги­о­нот на Охрид­ско Езе­ро.

Напишете коментар