Дигитализацијата како предизвик во музејската дејност
Изложбениот центар „Матка“ е единствен едукативен центар во земјава наменет за сите генерации што се занимава со теми од енергетиката
ЕВН како кулминација на својата долгорочна стратегија за инвестирање во образованието, во 2017 година го отвори Изложбениот центар „Матка“.
[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]
Едукација преку интернет на Изложбениот центар „Матка“
„Матка“ е единствен едукативен центар во Македонија што се занимава со теми од енергетиката, а е наменет за сите генерации. Претходно, ЕВН спроведе десетгодишен училиштен проект за едукација на најмладите за заштеда на електрична енергија.
Во светот сѐ погласно се зборува за растечката потреба од едукација на младите во т.н. СТЕМ област: наука, технологија, инженерство и математика. Љубовта кон овие науки се создава уште во детството и затоа е потребно таа да се поттикне преку квалитетни едукативни содржини какви што недостигаат во нашата земја и во регионот.
Токму затоа, во „Матка“ посетителите преку современи интерактивни методи и автентични нагледни средства може да научат повеќе за енергијата, нејзината историја, производство, преносот и користењето.
Поставката, која е тријазична, е поставена во историскиот објект на старата хидроцентрала „Матка“, каде што гостите имаат уникатна можност одблиску да видат енергетски објект стар 80 години, кој сѐ уште може да биде во функција. Пред пандемијата, сите заинтересирани имаа можност да закажат групни или индивидуални посети, кои беа предводени од професионални водичи.
„Матка“ и пандемијата на ковид-19
Пандемијата ги промени плановите за работа на центарот. Во кратките три години од постоењето, пред почетокот на секоја сезона, едукативните содржини, во согласност со искуството и со потребите се надградуваа и подобруваа. И оваа година имаше план да се изложат нови функционални експонати. Но, поради заштитата од вирусот, центарот не ги отвори вратите за посетителите и фокусот беше ставен на дигитализација на новите содржини.
Беа направени видеозаписи со детални објаснувања за работата на неколкуте нови експонати, а за првпат беа објавени и видеосведоштва со приказни за Матка од хроничарот на Скопје, Данило Коцевски, алпинистката Илина Арсова, археологот Виктор Лилчиќ Адамс, како и поранешните вработени во хидроцентралата Бранко Ковиниќ и Раде Божиновски.
Претходните години веќе беа изработени и серија видеа со опис на главните едукативни експонати во центарот. Така, се заокружи дигиталната архива на содржини наменети за заинтересираните корисници што не можеа да го посетат центарот во овие вонредни околности. Со следење на натамошниот развој на епидемиолошката ситуација, јавноста ќе биде известена за терминот за повторно отворање на центарот за посетители. Дотогаш, интензивно ќе се работи на развивање и на нови дигитални содржини, кои и по отварањето на центарот за физички посети ќе останат на располагање на целата јавност. Пандемијата нѐ научи дека е важно при создавањето на каква било содржина да се вклучи и дигитална компонента, поради тоа што таа е комплементарна на основната едукација во живо и ја збогатува и комплетира.
Изложбениот центар е добитник на неколку национални награди како Музеј на годината и Најдобра општествено одговорна практика, а во нецели три години од отворањето до пред почетокот на пандемијата го посетија речиси 15.000 посетители.
facebook.com/MatkaExhibitionCenter
instagram.com/matka.exhibition.center
[/ihc-hide-content]