Лице в лице интервју

Дискусијата е првиот чекор кон промените

Автор: Анета Ристеска

За жал, работата на психолозите и на педагозите во училиштата се сведува на ад­ми­ни­стра­тив­на работа во нефункционален систем, а младите немаат поддршка и не се здо­би­ва­ат со потребните алатки за да се соочат со проблемите како што е меѓуврсничкото на­силс­тво, вели Дума, чиешто филмско деби, „Сестри“ во фокус ја има оваа тема
Фотографии: Томислав Георгиев

При­јат­но и неочекувано изненадување. Вака режисерката Дина Дума ја дочекала веста за од­лу­ка­та дека нејзиното деби „Сестри“ е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар ме­ѓу­на­ро­ден филм за 2022 година. Пред оваа одлука на Комисијата за избор на македонски кандидат за „Оскар“ при Друш­тво­то на филмски работници на Македонија, на филмот му претходеше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде што освои Специјална награда на жирито во програмата „Источно од Западот“.

Ду­ма скромно вели дека и ова признание на тимот на филмот му се случило мошне не­на­деј­но, но и дека било одличен почеток за животот на „Сестри“.

До крајот на годинава ова филмско остварување ќе го погледне и скопската публика, по при­ка­жу­ва­ње­то на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
По­тоа, сите очекувања ќе бидат на адреса на 94. церемонија за доделување на наградата „Оскар“, која ќе се одржи на 27 март 2022 година во Лос Анџелес. Прелиминарната листа од 15 финалисти за номинација за „Оскар“ во оваа категорија ќе биде објавена на 21 де­кем­ври, од кои на 8 февруари 2022 година ќе се изберат пет номинирани филма.

„Се­стри“ е снимен на урбани локации низ Скопје и претставува приказна за две ти­неј­џер­ки, чиешто пријателство е ставено на тест кога се соочени со последиците од нивното де­ка­дент­но однесување. Продуцентка е Марија Димитрова со „Лист продукција“, сце­на­ри­о­то е на Дума и на Мартин Иванов, снимател е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сце­но­гра­фи­ја­та ја правеа Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите Роза Трајческа-Ри­стов­ска, а шминката е на Жанета Димитриевска.
Глав­ни­те улоги ги толкуваат младите актерки, тинејџерки, Антонија Белазелкоска и Миа Жи­ро, натуршчици.
Тоа што е посебно важно е што оваа филмска сторија го отвора прашањето за феноменот на меѓуврсничкото насилство, како појава што сѐ почесто зазема голем дел од жи­во­тот на младите, оставајќи прилично сериозни последици.

Се­то ова е повод за разговор со младата режисерка и сценаристка Дина Дума.

Ва­ши­от прв долгометражен филм „Сестри“ фрла светлина врз кибернетското насилство ка­ко честа појава во живеењето, особено меѓу младите. „Лице в лице“, исто така, еден од своите претходни броеви во целост го посвети токму на оваа тема. Сметате ли дека ка­ко систем стануваме посвесни за предизвиците со кои се соочуваме и на кои треба да од­го­во­ри­ме, особено врзани за нашата младина, ако сакаме подобра иднина и по­ква­ли­тет­но општество? Или сѐ уште многу каскаме?

– За жал, многу каскаме. Oбразовниот систем не е подготвен да се соочи со овој проблем. И не само што не е подготвен, туку комплетно ја игнорира оваа ситуација и најчесто при­до­не­су­ва до општествено исклучување на жртвите на врсничкото насилство.

Со­стој­ба­та со врсничкото насилство е алармантна. И кај нас, и во светот. Тоа е се­при­сут­но, од просторот на интернет до дружбите меѓу младите. Дел од анализите велат дека оз­бо­ру­ва­ње­то и ширењето лаги за некого (48 проценти), како и исмејувањето и ома­ло­ва­жу­ва­ње­то (45 проценти) се најзастапени облици на насилство според младите. Ка­ко се роди идејата за „Сестри“? Што беше клучната точка за вас? Истражувавте ли до­пол­ни­тел­но? Ве изненади ли нешто при подготовката?

– Фил­мот „Сестри“ е инспириран од вистински настани од моите тинејџерски години. Во мо­е­то училиште имаше секс-скандал, една девојка и едно момче беа снимени како имаат од­но­си, а видеото набргу стана вирално. Целата ситуација излезе од контрола. Судбината на девојката ѝ беше запечатена, таа беше „slut-shamed“ и доживеа социјално иск­лу­чу­ва­ње. Ги изгуби другарките и на крај мораше да се пресели во друга земја. Момчето, пак, ста­на „херој“ во училиштето. Никој од надлежните во моето училиште не направи ништо, ту­ку, напротив, придонесоа за нејзиното уништување.

Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот, кои беа отворени да ги споделат своите приказни на оваа тема. Набргу кастингот зазема димензија на сту­дии на случај. Приказните беа фрапантни за мене. Сите имале слично искуство или поз­на­ваа некој што имал слично искуство како во мојот филм. Тоа што ги спојуваше нивните при­каз­ни беше стравот дека и ним може да им се случи „Slut-shaming“ и исклучување од оп­штес­тво­то, или да им се повтори. Тој страв е длабоко врежан кај цела генерација. И по­на­та­му директно влијае врз нивниот развој. Јас, како жена, сметам дека е исклучително важ­но да се отвори оваа тема, со надеж дека на овој начин ќе се променат нештата во на­ше­то општество.

Бор­ба­та против врсничкото насилство бара синхронизирана, партнерска акција од по­ве­ќе засегнати страни за да се постигнат забележливи промени. Каков е вашиот впечаток, од вашата работа, преку кастинзите и комуникацијата со младите, за тоа колку ус­пеш­но се соочуваме со овој феномен? Дали пречесто затвораме очи?
Ка­де, според вас, најмногу се потфрла? Кој е најголемиот проблем кај младите кога е во пра­ша­ње врсничкото насилство?

– Бев во директна комуникација со тинејџери затоа што поголемиот дел од кастингот на фил­мот беа млади меѓу 15 и 18 години. Разговаравме многу на оваа тема и со сигурност мо­жам да кажам дека системот комплетно ја има изневерено оваа генерација. Тоа што бе­ше заедничко кај сите девојки што дојдоа на кастингот е дека немаат со кого да раз­го­ва­ра­ат за своите проблеми. Пристапот на педагозите и на психолозите во училиштата е по­гре­шен затоа што младите чувствуваат дека ќе бидат обележани и тоа ги спречува отво­ре­но да зборуваат за своите проблеми. За жал, работата на психолозите и на педагозите во училиштата се сведува на административна работа во нефункционален систем, а мла­ди­те немаат поддршка и не се здобиваат со потребните алатки за да се соочат со проб­ле­ми­те како што е врсничкото насилство. Проблемот е што траумата останува и остава пос­ле­ди­ци.

Ве­ру­ва­те ли дека уметноста може да понуди решенија за општествени предизвици? Или, пак, доволно е само да ги отвора жешките прашања?
Кол­ку уметникот може да биде активист, а уметноста ангажирана?

– Умет­но­ста не може да го смени светот, колку и да звучи романтична помислата дека тоа е возможно. Но, може да отвори дискусија во општеството, а тоа е првиот чекор кон про­ме­ни­те.

Ка­ко би ги карактеризирале младите луѓе денес, чијшто предзнак на функционирање, пред сѐ, речиси во секоја сфера, е дигитален? Кои се новите вредности, според вас, кои ги гради оваа генерација? Верувате ли дека сѐ уште високо котираат емпатијата, ал­тру­из­мот, солидарноста, желбата за заедништво, за промена од која сите ќе имаат бе­не­фит?

Но­ва­та генерација е многу свесна за екологијата и за здравиот начин на живот, за по­тре­ба­та од промени во општеството од кои сите ќе имаат корист, и тоа, за мене, е едно зна­чај­но поместување и голема вредност на оваа генерација.

Овој број на „Лице в лице“ е посветен на тема партнерства, па нѐ интересира, со какви на­у­че­ни лекции излеговте по снимањето на филмот „Сестри“, кога е во прашање тим­ска­та работа? Какво беше искуството? Колку за вас соработката, подготвеноста за си­нер­ги­ски пристап, како вредност во работата, е клучна за посакуваните резултати?

Пра­ве­ње филм е тимска работа и за мене снимањето на „Сестри“ беше едно убаво искус­тво со одлична екипа што стоеше зад мене и зад филмот. Секој што бил дел од тимот има огро­мен придонес кон крајниот резултат.

Кои се вашите очекувања за 2022 година? Што посакувате да ви донесе?

-Сѐ уште е рано да се каже, но се надевам дека, пред сè, домашната публика добро ќе го при­ми филмот.

Напишете коментар