Лице в лице тема

Кога ќе се сретнат бизнисот и одржливиот развој

Без разлика дали во земјоделството, туризмот или текстилната индустрија – со програмата за развој, develoPPP, германското Министерство за економска соработка и развој (BMZ) промовира проекти од приватниот сектор во Западен Балкан,  кои ги комбинираат деловните можности со политичко-развојниот потенцијал

Фотографии: Винарија Тиквеш, Имрана Каптановиќ

Таму каде што бизнис-интерес се среќава со развојна корист, двете страни, како и заедницата, имаат придобивки од партнерството. Западен Балкан е светол пример за ваков тип соработка. Со својата програма за развој develoPPP,  германското Министерство за економска соработка и развој (BMZ) промовира вклучување приватни компании во различни сектори, чиишто деловни модели го обликуваат регионот на долг рок и генерираат позитивни придобивки за локалното население.

На пример, како дел од проектот за развој develoPPP, „Порше“ разви стручна дуална обука за возилата за да ја задоволи побарувачката на квалификувани стручњаци, а со тоа истовремено да ги подобри изгледите за кариера на многу луѓе во регионот. Компанијата за отстранување на отпадот „АЛБА Зеница“ воведе нов систем за управување отпад во некои пилот-кантони во Западен Балкан, со што се етаблира како водечки давател на услуги во областа и дава важен придонес за животната средина и за здравјето на луѓето во заедницата. Образовниот институт „Heimerer GmbH“ се прошири во Југоисточна Европа како дел од развивањето на develoPPP, го зголеми квалитетот на медицинскиот персонал во областа на здравството со своите понуди за обука и за натамошно образование и отвори нови можности за вработување за локалното население.

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Со develoPPP до поголема локална одржливост

Лозарството во Северна Македонија има долга традиција. Регионите на Вардар се меѓу најстарите во светот и со својата медитеранско-континентална клима земјата не само што нуди најдобри услови за одгледување познати сорти црвено вино, како што се каберне совињон и мерло, туку и за производство на локални црвени вина. Тие, главно, се направени од сортата грозје вранец и отсекогаш уживале голема популарност. Во 80-тите години, околу две третини од вкупното производство на вино во Југославија се произведувало во поранешната Социјалистичка Република Македонија. И дури и денес, лозарството игра клучна улога во еден од најважните економски сектори во земјата, земјоделството. Но, и покрај долгото минато и високиот статус, винската индустрија на Северна Македонија досега не можеше да направи голем меѓународен пробив. Досега земјоделските стандарди на различните винарски визби во производството на грозје и на вино беа премногу различни, а квалитетот на вината премногу флуктуираше. Со цел да ѝ се даде на Северна Македонија репутација на квалитетен производител на вино со заштитена ознака на потекло и на тој начин да се отворат нови меѓународни продажни пазари, винарската визба „Тиквеш“ и здружението на граѓани Вина од Македонија соработуваат со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ GmbH ), (од мај 2021 година) како дел од германската програма за финансирање develoPPP. 

За „Тиквеш“ и за македонските лозари, поддршката од develoPPP и соработката со ГИЗ нудат можност за развој на заеднички стратегиски пристап за одржливи и стандардизирани методи на берба на грозје и за производство на вино со цел македонската винска индустрија да се направи  поконкурентна на меѓународно ниво. За таа цел, проектот предвидува развој и спроведување програми за обука и за доедукација за лозарите и за сезонските работници во органското земјоделство и во управувањето лозови насади. Понатаму, воведувањето заштитена географска ознака (ПГИ) во производството на вино е една од планираните мерки на проектните партнери. Ова треба да ги поврзе поблиску карактеристичните вина од Северна Македонија со нивната земја на потекло и да ги заштити по име.

Во однос на развојната политика, проектот се однесува на одржливо земјоделство, заштита на климата и на економски пораст на регионот. Поради својот висок статус, лозарството во  Македонија игра пионерска улога во земјоделството и во шумарството. Национален стратегиски пристап за еколошко и одржливо производство на грозје и на вино ја промовира размената меѓу земјоделците, науката и владата и затоа може да послужи како модел за еколошка преобразба на целото македонско земјоделство.

DeveloPPP ги здружува ресурсите, знаењето и капиталот од приватниот сектор и развојната соработка, така што и двата партнера можат да постигнат повеќе отколку што би можеле сами. Сите проекти на develoPPP, исто така, мора да имаат потенцијал да иницираат одржливи подобрувања во условите за живот на локалното население. Придобивките од проектот треба да се прошират над неговото времетраење.

Фото: Винарија Тиквеш

Одржлив алпски туризам во Западен Балкан

Како дел од друг проект за развој на PPP во Македонија, австриската туристичка компанија Trails Angels работи со ГИЗ за воспоставување одржлива, висококвалитетна природа и алпски туризам во Западен Балкан. Суштински аспект за локалното закотвување во земјата на проектот е формирањето регионален центар за резервации. Целта е да се олесни резервирањето локални тури и значително да се зголеми бројот на гости. Резидентни компании можат да ги подобрат своите понуди и да растат, а може да се регрутираат и други компании. Благодарение на блиското, долгорочно партнерство за развој и за продажба, треба да се развијат нови производи, да се интегрираат во маркетиншката платформа и да се рекламираат дури и по завршувањето на проектот. Како резултат на тоа, и Trails Angels и локалните компании, а со тоа и целиот регион на Западен Балкан, ќе имаат корист на долг рок од финансирањето од develoPPP и од соработката со ГИЗ.

Како во примерот на Trails Angels, повеќето проекти на develoPPP во Македонија се фокусираат на одржлив економски развој. Тие сочинуваат речиси една половина од сите проекти за развој на ППП во Северна Македонија. Но, секторите за животна средина, образование и вода, исто така, играат голема улога во финансирањето.

Фото: Винарија Тиквеш

Засилување на синџирите за снабдување во текстилниот сектор

Покрај земјоделството и туризмот, важна улога во економијата на регионот има и секторот за текстил и за облека. Тука се наоѓаат 35 проценти од македонските работни места. Сепак, нивото на плати и на квалификации е ниско. Поради миграциите кон главниот град Скопје или во странство,  руралните области заостануваат економски и се карактеризираат со висока невработеност. Со цел да се даде одговор на овој тренд и да се обезбеди воспоставување одржлив синџир на снабдување за заштита на квалитетот на сопствените производи, текстилниот производител „Хатико“ е посветен на правични работни услови кај своите снабдувачи во Македонија. Баварската компанија, која соработува со индустријата за облека во Источна Европа уште од 70-тите години, работи заедно со ГИЗ на подобрување на работните и на производствените стандарди во фабриките. Фокусот на мерките е подобрена квалификација на персоналот: дизајнерите и менаџерите на компаниите снабдувачи треба да бидат обучени за одржливост и за работни и социјални стандарди, шивачките треба да бидат подобро квалификувани. Дополнително, се воспоставува пилот-операција заснована на меѓународни стандарди и четворицата снабдувачи треба годишно да известуваат за придржувањето кон работните, социјалните и кон еколошките стандарди во рамките на секторот. На овој начин „Хатико“ обезбедува конкурентност на своите производи и создава економски потенцијал, кој служи и за развојот на регионот, но и на компанијата.

Дополнителни информации за програмата можете да најдете на овој сајт: https://www.developpp.de/en/

Инвестирајте одговорно. Промовирајте го развојот.

DeveloPPP е програма за финансирање на германското Министерство за економска соработка и развој (BMZ). Таа е наменета за компании што прават одржливи инвестиции во земја во развој или со пазар во развој и сакаат да ги прошират своите локални операции. Долгорочниот економски интерес во земјата и политиката за одржлив развој за локалното население се предуслов за финансирање. DeveloPPP го спроведуваат двајца искусни партнери во германската развојна соработка: DEG – Deutsche Investitions- und Entwicklungsgesellschaft mbH и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH. Кварталните натпревари за идеи се користат за одлучување за финансирањето конкретни проекти. Министерство за економска соработка и развој финансира соодветни проекти од 100.000 до два милиона евра и со тоа презема до 50 проценти од вкупните расходи. На конкурсот за идеи може да учествуваат компании со седиште во ЕУ, земја-членка на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) или земја на OECD-DAC. Предуслови за финансирање се доволни финансиски ресурси и човечки капацитети што се пропорционални со проектната идеја. Дополнително, заинтересираните компании треба да вработат најмалку осум лица, да остварат годишен обрт од најмалку 800.000 евра и да можат да прикажат најмалку два заверени годишни финансиски извештаја.

(Авторката е менаџеркa на проектот за развој developPPP, одговорна за Албанија, Косово, Северна Македонија и за Турција)​

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар