Флоропланета

Растенија во домот – инстант подобрување на расположението

Тие можат да поттикнат лачење серотонин, што нѐ прави посреќни и порелаксирани, а исто­вре­ме­но и го подобруваат нашиот имун одговор. „Зелена“ за мене е остварување на еден сон, кој ни самата не бев свесна дека го имам

По образование сум психолог, по професија новинар, а по хоби одгледувач и вљубеник во рас­те­ни­ја. Иако овие три работи навидум личат неспоиви, за мене се многу тесно поврзани. За­ед­нич­ко­то е симбиозата меѓу луѓето и другите живи нешта.

Полевање, пресадување, лекување болни растенија

Ка­ко психолог здобив увид во состојбите на умот што ме натера да откривам нови начини за по­до­бру­ва­ње на менталното здравје кај луѓето, а како новинар најчесто истражував теми по­вр­за­ни со корупцијата во животната средина бидејќи токму тие ми беа едни од најболните. Уни­шту­ва­ње­то на природата и на екосистемот, урбанизацијата и бетонизацијата на градовите не­из­беж­но влијаат врз психичкото здравје на луѓето. 

Лу­ѓе­то припаѓаат во природата и зависат од неа од повеќе аспекти. За мене најинтригантен бе­ше психолошкиот аспект. Прво, позитивните ефекти од растенијата ги почувствував на себе. Ко­га првпат ќе донесеш растенија во домот, првите неколку денови си во шок како досега си жи­ве­ел без нив. Инстант подобрување на расположението само од гледање во новото зе­ле­ни­ло што ти го разубавува просторот за живеење. Потоа доаѓа предизвикот – грижата за рас­те­ни­ја­та. На почетокот се прашував дали воопшто можам да ги одржам во живот и дали сум ѝ до­рас­на­та на задачата. Но, толку брзо ми се вовлекоа под кожа, што брзо моето ново хоби се пре­тво­ри во опсесија. Уживав со часови да читам и истражувам за нив, а потоа да ги при­ме­ну­вам советите што сум ги прочитала. Сакав да имам сѐ повеќе и повеќе растенија. Секоја актив­ност поврзана со растенијата ми беше уживање и ми го подобруваше расположението. Без раз­ли­ка дали стануваше збор за полевање, пресадување или лекување болни растенија.

Содржината е достапна само за претплатници

Секој од нас може да направи промена и да придонесе кон поеднакво општество. „Лице в лице“ те повикува токму тебе, да бидеш дел од таа промена!

Одбирајќи некоја од опциите подолу, се вклучуваш во движење, цела една заедница одговорни и активни граѓан(к)и кои знаат дека, општеството е толку развиено, колку што е и неговиот најранлив поединец!

Сакам годишна претплата
Сакам едно издание
Сакам да купам од продавач
Сакам да донирам
Прочитај повеќе

Благодарни сме на секоја твоја насмевка, поттик, клик и споделување за поддршка на мисијата на „Лице в лице“!

 

Back to list

Поврзани написи

Напишете коментар