Генерација Z, Магазин

Волонтерството – моќно движење за општествени промени

Чувството кога си на терен и им пркосиш на надворешните временски услови, но зна­еш дека некому си му потребен и во тој моментот треба да останеш истраен, искре­но, јавува мал страв и несигурност во тебе... Но, по завршената работа, за­до­волс­тво­то и благодарноста те обземаат од глава до петици. Токму во тие моменти те оп­фа­ќа серотонински бран и одново добиваш потсетник зошто вреди да си волонтер. Нас­ме­вка­та и благодарноста на тие на кои им помагаме се реткост на овој свет, не­ма­те­ри­јал­ни и бесценети

Да се биде дел од промената, да се прави добро дело со љубов и притоа да не се оче­ку­ва ништо за возврат, но, сепак, како награда да се добие насмевка и благодарност од тој на кој сте му помогнале – е најблагодарното чувство што може да се доживее.

Ари­сто­тел, пред повеќе од два милениума, рекол дека во самата есенција на доб­лес­ни­от живот е да се биде добар и да се помага.

Денес гледаме дека тоа што нѐ чини гра­ѓан­ско општество е токму способноста да почувствуваме емпатија за другите и да им помогнеме, независно дали се поинакви од нас. Токму таа моќ да се препознаваме се­бе­си во другиот ни дозволила да се развиеме во суштества што умеат да дадат љу­бов бидејќи разбираат дека секој мал гест придонесува кон глобалното добро. Малиот че­кор на добро дело, на некој може да му е цел свет.

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Приказни со многу љубов, труд и посветеност

По­че­то­ци­те на моето волонтерско работење и, воедно, мојата пасија, ми се врежани со членувањето во мојата матична општинска организација на Црвен крст во Гази Баба. Во 2013 година почнав како дел од екипата за прва помош преку моето основно учи­ли­ште. Продолжив со членувањето во Клубот на млади и почнав со учество во проекти што носеа општествено добро. Собирни акции, пакување пакетчиња, купување на­мир­ни­ци на тие лица што не се во состојба да излезат од дома, дистрибуција на ху­ма­ни­тар­ни пакети, крводарителски акции, симулациски вежби, вакцинални пунктови, кам­по­ви со другите волонтери, давање прва помош. Си­те формални и неформални дружби се дел од мојата приказна со Црвен крст. Се гор­де­ам со сите завршени задачи и обврски, во кои вложив љубов, труд и посветеност.

Тврдам дека членувањето во Црвениот крст ми помогна во развојот и ос­тва­ру­ва­ње­то како личност, но и ми даде перспектива за проблемите со кои се со­о­чу­ва­ат помалку среќните, со што истовремено станав благодарна за својата среќа.

Ед­но поголемо дело, кое ме прави горда, е заедничката работа со волонтерите кога ја изра­бо­тив­ме апликацијата „Гласен повик за помош“, која е наменета за сите тие на кои им е потребна помош, а немаат гласовна можност да се изразат. Со апликацијата, до при­ма­чот се испраќа е-пошта, СМС и локација на мапа каде се наоѓа лицето на кое му е потребна помош. Цел­та ни беше да постои апликација што ќе биде лесна и брза за употреба и со еден че­кор да се испрати порака за помош и моментната локација.

1001 одговор зошто вреди да се биде волонтер!

Пос­лед­ни­ве три години сум дел и во Тимот за спасување на планина при Црвен крст на Град Скопје. Самото членување во овој тим носи поголема одговорност и за мене, но, и за тие на кои им е потребна помош. Во мене ќе остане вре­жан комплиментот што дојде од една девојка што случајно се најде во целата си­ту­а­ци­ја каде што јас укажував прва помош на повредено лице со дислоцирано ко­ле­но по шумска патека на Водно. „Браво за волонтерката, која има 45 килограми и ус­пеа да ја менаџира целата ситуација со повици и да укаже прва помош“, рече таа.
Чув­ство­то кога си на терен и им пркосиш на надворешните временски услови, но зна­еш дека некому си му потребен, и во тој моментот треба да останеш истраен, искрено, ја­ву­ва мал страв и несигурност во тебе… Но, по завршената работа, задоволството и бла­го­дар­но­ста те обземаат од глава до петици. Токму во тие моменти те опфаќа се­ро­то­нин­ски бран и одново добиваш потсетник зошто вреди да си волонтер. Насмевката и бла­го­дар­но­ста на тие на кои им помагаме се реткост на овој свет, нематеријални и бес­це­не­ти.

По­сто­ја­на­та мотивираност доаѓа сама по себе со секој ден поминат со низа акивности со кои никогаш не ти станува здодевно, никогаш не ти престанува чувството за во­лон­тер­ска работа. Напротив. Целиш кон што поголемо дејствување како волонтер што на се­бе носи униформа од Црвен крст.

На прашањето со што се здобив изминативе години работејќи како волонтер и што ми до­не­се сето тоа, имам 1001 одговор. Прво, се учи и се согледува една страна од жи­во­тот, која не може да се види од училишната клупа, се осознава нова животна фи­ло­зо­фи­ја, контакти,  комуникација, нови познанства, допир со различни лични приказни, ра­бо­та во тим, искуство, навика за работа, работа на себе за подобрување на сво­и­те способности… а добиените насмевки и прегратки од задоволните лица се не­за­мен­ли­ви. Сето ова чини големо богатство. Пријателствата што се здобиваат се при­ја­телс­тва што траат цел живот. Тие се блиски по ставови и размислувања, со исти вредности. Но, кога е време за работа се работи, кога е време за дружба, се дру­жи.

Ајде во најголемите животни бури – да го подадеме чадорот на хуманоста

Еден од најдобрите подароци што можеш да го дадеш некому е твоето внимание и гри­жа. Винстон Черчил рекол дека живееме според тоа што го добиваме, но го гра­ди­ме животот според тоа што го даваме. Луѓето, можеби, ќе го заборават зборот што сте им го кажале, но никогаш нема да ја заборават подадената рака, тогаш кога им била по­треб­на, кога им било тешко, кога нешто не можеле да направат сами. Важно е сите да бидеме солидарни и таа солидарност да ја покажуваме кон целата заедница. Во­лон­терс­тво­то е едно моќно општествено движење, кое носи промени за оп­штес­тве­но­то добро. Важно е ние, младите, не само да ги кажуваме и нагласуваме проблемите што нѐ опкружуваат, туку да работиме на нив, да дејствуваме и да ги решаваме.

Се­кој волонтер, кој е дел од фамилијарното дрво наречено Црвен крст, носи во себе оп­штес­тве­на одговорност. Одговорност за здравствени и за социјално-хуманитарни про­гра­ми, за подготвеност и одговор при катастрофи, за крводарителство, за дисеминација, за подобро утре. Секој од нас ги има во себе хуманоста, не­при­страс­но­ста, неутралноста, независноста, единството, универзалноста и до­бро­вол­на­та служба.

Ка­ко волонтери во Црвениот крст веруваме дека промената почнува од секој од нас и де­ка во секој од нас лежи можност за подобро, похумано и посолидарно утре. Ајде да би­де­ме дел од таа промена, ајде да бидеме дел од Црвениот крст. Ајде да помагаме та­му каде што сме потребни, во најголемите животни бури – да го подадеме чадорот на хуманоста.

(Авторката е волонтерка во Црвениот крст на Град Скопје)

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар