Актуелно

Студентска конференција за енергетска ефикасност

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Електрични и хибридни возила, енергетски ефикасен транспорт, менаџирање на енергијата за транспорт и возила со погон од горивни ќелии се темите што ќе бидат во фокусот на деветтата Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР, која ќе се одржи од 13 до 16 декември годинава во Скопје.

Организаторите ги повикуваат сите студенти што се заинтересирани за иднината со електрични возила, сакаат да се вклучат во дискусија или, пак, што имаат некаква идеја како да го дадат својот придонес за зголемување на енергетската ефикасност во сообраќајот, како и за намалување на загадувањето предизвикано од него, да се приклучат и да го следат годинашното издание на СКЕЕОР.

На годинашната конференција предавање ќе одржат м-р Христина Костадинова – Бошкова, на тема: „Технолошки иновации за побезбедни, поефикасни и попаметни возила“ и Никола Маркоски, претставник на компанијата „Брако“ – производител на првите хидрогенски возила во земјава, на тема „Производство на први хидрогенски возила во Македонија“.

Напишете коментар