Лице в лице 42. број, промо видео и настан: „Да се обидеме и вака“
* Да ја поттикнеме различноста, која ќе го поддржи индивидуалниот процес на учење.
* Да ја храниме љубопитноста преку креативни предавања.
* Да ја разбудиме креативноста преку алтернативни дидактички процеси.
Ова се трите фронта за раст и трансформација на образованието, за кои зборуваше Сер Кен Робинсон, автор, говорник и меѓународен советник за образование, човек чија визија повикуваше дека децата, преку образованието треба да бидат поттикувани да се истражат себе си и потенцијалот што го носат.
Имајќи ги на ум животните заложби на Робинсон, „Лице в лице“, по повод промоцијата на новиот, 42-ри број, предлага:
Дасеобидемеивака
На час:
децата се поттикнувани да поставуваат прашања
да развиваат критичко размислување
да учат преку искусување и преку практични примери
наставникот насочува и мотивира
се создава средина во која се градат вредности кои се иднината на човековиот капитал, кој го движи општеството напред, кон одржлив развој.
Допишете, споделете го видето, давајќи дополнителни аспекти и одговарајќи на прашањата:
Како вие го замислувате образованието од иднината?
Која е целта на образовниот процес?
Како да ја поттикнеме љубопитноста на децата?
Како да придонесеме тие да се изградат во одговорни граѓани кои што ќе придонесуваат во општествениот развој?
Уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ во своето ново, 42. издание дава поглед кон образованието од иднината. Видеото кое го најавува новиот број ќе биде премиерно споделено на 26-ти октомври 2020 година од 18 часот, на профилот на „Лице в лице“ на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Видеото е направено во соработка со иницијативата „Наука за деца“ и со основното училиште „Кирил и Методиј“ од скопско Стајковци, каде и беше снимано.