„Твитер“ со опција за пријавување лажни вести
Социјалната мрежа „Твитер“ објави дека тестира опција што ќе им овозможи на корисниците да пријавуваат содржини базирани на лажни вести.
[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]
„Тестираме опција што ќе ви овозможи да означите известувања за кои мислите дека содржат лажни вести, во моментот кога ќе ги видите“, велат од компанијата.
Некои корисници во Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и во Австралија засега можат да ја изберат опцијата „ова е лажно“, а „Твитер“ наведува дека почнува во помал обем за да процени дали е тоа ефективен пристап. Прашањето за дезинформации за ковид-19 и за вакцините достигна такви размери што американскиот претседател Џозеф Бајден во јули дури оцени дека „Фејсбук“ и другите платформи „убиваат“ луѓе со тоа што дозволуваат да циркулираат лажни вести за болеста и за вакцинацијата.
[/ihc-hide-content]