Лице в лице зачин, Магазин

Жива храна – здрав живот!

Време на читање: 5 минути
Јадете растителна храна, овошје и зеленчук, интегрално жито, семиња и јатки и ако имате по­тре­ба, посни протеини како риба или домашен јогурт. Избегнувајте храна со додадени ше­ќе­ри или брашно (како лепчиња, печива, жито и тестенини) и намалете ги на минимум жи­во­тин­ски­те масти, преработените меса и путерот

Жи­ве­е­ме во време на пандемија, кога многумина седат дома, а седењето дома предизвикува та­га, депресија, меланхолија. Диетата, односно начинот на исхрана, е исклучително важна ком­по­нен­та на менталното здравје што инспирира цело поле во медицината, наречено ну­три­тив­на психијатрија.

Здрава храна – помал ризик за развој на депресија

Тоа што го јадеме е важно за секој аспект на нашето здравје, но особено за нашето ментално здрав­је. Неколку неодамнешни анализи на истражувања потврдуваат дека постои поврзаност ме­ѓу тоа што јадеме и ризик од депресија. Според една анализа, исхраната што се ка­ра­кте­ри­зи­ра со често консумирање овошје, зеленчук, жито во цели зрна, најчесто без глутен, риба, мас­ли­но­во масло и антиоксиданти е директно поврзано со намален ризик од депресија. Ис­хра­на­та, пак, што се карактеризира со голема потрошувачка на црвено и / или преработено ме­со, рафинирани зрна, слатки, млечни производи со маснотии, путер, компири и маснотии, ка­ко и слабото консумирање овошје и зеленчук, е поврзано со зголемен ризик од депресија

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Што е прво? Лошата исхрана или депресијата?

Мно­гу­ми­на ќе кажат дека токму депресијата нѐ тера да посегнеме по нездрава храна. Ова е точ­но, па затоа треба да прашаме што доаѓа прво, исхраната или депресијата?

За наша среќа, многу истражувачи се осврнаа токму на ова прашање. Постои анализа на „Хар­вард“ во која ги разгледувале само потенцијалните случаи. Тие ја поставиле основната диета и по­тоа го пресметале ризикот волонтерите од студијата да развијат депресија. Откриле дека здра­ва­та исхрана (живата храна, како пример) е поврзана со значително помал ризик од раз­вој на симптоми на депресија.

Сѐ во умерени количини!

И сега ќе прашате: што да јадеме? Јадете растителна храна, овошје и зеленчук, интегрално жи­то (идеално, во необработена форма), семиња и јатки и, ако имате потреба, посни протеини ка­ко риба или домашен јогурт. Избегнувајте храна со додадени шеќери или брашно (како леп­чи­ња, печива, жито и тестенини) и намалете ги на минимум животинските масти, пре­ра­бо­те­ни­те меса и путерот. Повременото консумирање на овие „лоши“ јадења е веројатно добро.

За­тоа запомнете, сè во умерени количини!
За тие што се обидуваат да изгубат тежина, ништо не може да тргне наопаку ако јадат овошје и зе­лен­чук. Никој не се здебелил јадејќи лубеница или зелка. Квалитетот секогаш нека ви е по­ва­жен од квантитетот.

Љубовна врска со храната

Спо­де­лу­вам едно сведоштво на госпоѓа што поминала низ трнлив животен пат. Живеела во чу­ден свет, а решението за својот проблем, за депресијата, го најде во живата храна.
ОВОЈ ДЕЛ испланиран со поинаков фонт, може да дојде како писмо илустрирано. Може и по­сит­но да е.

По­са­кав повторно да се самоубијам кога ми ја зголемија дозата на лекот што го пијам за тоа што мојот лекар го дијагностицира како „главно депресивно нарушување“. Тоа беше мо­јот втор обид, а првиот беше кога бев тинејџерка. Имав „депресија“ од детството, кога ми беше кажано дека, најверојатно, ќе треба да останам на лекови до крајот на животот. Оваа вест само дополнително ја зголемуваше мојата депресија бидејќи длабоко во себе зна­ев дека само постојам, а не живеам, сонот ми беше постојано бегство во свет што не мо­жев целосно да го доживеам. Не беше лесно патување. Тоа беше најголемиот предизвик во мојот живот. Со сесрдност ја претворив мојата желба за смрт во огромна желба за жи­вот! 

Ко­неч­но, најдов здравје и среќа во себе. Мојата т.н. хемиска нерамнотежа во мозокот ја сне­ма. Изгубив 20 килограми и веќе немам симптоми на депресија, вознемиреност, напади на паника, хроничен замор, висок холестерол и анемија и јас сум целосно без лекови затоа што одбрав да направам сѐ што е потребно!

Ги сменив убедувањата, го сменив начинот на исхрана, почнав да медитирам за да го сме­нам условениот ум, го сменив животот и со поддршка на сопругот, моите деца и тие што ме сакаа, го следев своето срце и тоа што го знаев природно, што ме водеше навнатре кон ја­дро­то на моето битие и тоа е меѓусебно поврзан однос со самата природа. Никој не мо­же­ше да го стори тоа за мене. Сфатив дека единствената вистинска форма на помош е да си помогнеш сам!
Де­нес живеам како секој ден да е скапоцен и сум благодарна за ова искуство. Здравјето бе­ше моја мотивација, но, секако, и тежината. Телото природно се грижеше за себе додека доживуваше детоксификација и се врати во рамнотежа. Еве што сторив.

Во еден миг сфатив дека во фрижидерот и во орманчињата за храна сѐ што имаме е ра­фи­ни­ра­но, обработено, речиси готово за јадење. Помислив и на своите деца. Сфатив дека не смее и тие да поминат низ истото и затоа мора да исфрлам сѐ. И би така. Исфрлив сѐ и по­бр­зав на пазар. Купив сѐ што е растително. Налетав случајно на „Бистро здраво живо“ и ја видов нивната програма за детоксификација. Ми беше како молња. Три месеци јадев само све­жа, највкусна храна. Секој ден чувствував како ме враќа од мртвите. Вториот месец ги вклу­чив сите домашни. Се радувавме на секое дневно пакетче, ни беа како мали подарочиња за Нова година. Од  ден на ден бев сè посреќна, ама однатре. Во домот се чувствуваше ра­дост. Денес сум веќе трета година на жива храна. Двапати во годината одам во бистрото и се подложувам на детоксификација со 28-дневната програма на супербогати нутритивни обро­ци, но другиот дел од годината готвам сама. Повремено јадам морска храна, уживам во испечен сладок компир, тиква или црн патлиџан, но тоа е реткост. Тортите од „Здраво жи­во“ се мојот избор за благо, а во орманот освен здрави и безглутенски житни плочки се­ко­гаш имам месечна резерва на лепчиња и крекери од моите здравоживи пријатели, кои ми ста­наа семејство.

Де­нес нема апчиња, нема тресење, не бројам калории … уживам во живата храна!  Повеќе не­мам желба за храна што не додава повеќе „живот“ на моето тело. Развив нова љубовна вр­ска со храната, која ме храни и физички и духовно. Тоа што ме мотивираше да ви ја рас­ка­жам својата приказна е да споделам со вас дека секој има иста можност. 

Се­ка­ко, не може сѐ и секој да се излекува, но со сигурност може да го подобри квалитетот на животот.

Рам­ка: Рецепт за зелено смуди

Рецепт за зелено смуди

Нај­важ­ни­от оброк во живата кујна е смудито, особено зеленото смуди.
Зим­ски кашест сок,
По­треб­ни состојки (за еден литар смуди):
Ки­тка зелје
2 ки­ви
250 гра­ма бело грозје
2 ја­бол­ка                                                                           
1 ла­жи­ца ленено семе (свежо мелено)
1 ла­жи­ца конопово семе (свежо мелено)
800 ми­ли­ли­три сончана, изладена вода (вода што во стаклен сад стоела подолго од 6 часа на сон­це)

По­стап­ка
Си­те состојки ставете ги во блендер и блендирајте од најслабо до најсилно, најмногу една ми­ну­та. Може да го испиете целото смуди, а може и да си оставите за подоцна во текот на денот пре­ту­рај­ќи во стаклено шише или тегла, складирајќи го во фрижидер. Може да трае најмногу 24 ча­са

Ре­цеп­тот е дел од книгата на Маја Платнар „Мојата жива кујна“

(Автор­ка­та е основач на „Бистро здраво живо“)

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар