Асфалт место зеленило
Климатските промени предизвикани од екстремните температурни разлики во светот доведуваат до топлински бранови, суши и поплави, па затоа градот Арнхем во Холандија направи десетгодишен план за обнова за да излезе на крај со овие проблеми.
Овој град е на врвот кога станува збор за места што се приспособуваат на климата. Постави цел да се намали количината асфалт, односно темниот дел од материјалот што се користи за патишта и за тротоари, кој апсорбира топлина и го зголемува протокот на вода, и тоа за 10 проценти до 2030 година. Избраните патишта ќе бидат заменети со трева, по што ќе бидат засадени дрвја што ќе обезбедат сенка за други патишта. Заменувањето на асфалтот со зеленило ќе помогне и во борбата против поплавите. Арнхем е лоциран на 13 метри надморска височина, така што често има проблем со поплави, но и со суви периоди. Една од целите е да се пренасочат 90 проценти од дождовницата од канализацискиот систем. Секој што има идеја како да го направи градот поотпорен на топлински бранови, поплави и суши, е поканет да аплицира за субвенција преку „Иницијативата за климатска адаптација“. Градскиот совет, заедно со институциите што се грижат за водните системи, локалните корпорации и училиштата, ќе се фокусираат на стратегии за приспособување кон климатските промени. Соединувањето на силите ќе осигури дека Арнхем во иднина ќе биде подобро подготвен во борбата против сè поекстремните временски услови.
Минатата година, градот почна симулации за поплавување пробни улици покриени со разни материјали. Тука, жителите можеа да видат како улиците „излегуваат на крај“ со проблемот со обилните дождови во зависност од асфалтирањето и го избираат типот што го сакаат за својата улица. Градовите низ светот се приспособуваат на климатските промени и осмислуваат начини да се соочат на најдобар можен начин и да се заштитат од природни непогоди на долг рок. Покрај овој пример во Холандија, примери има и во САД. Во Сан Франциско е подигната историска зграда на три метри од земјата за да се спаси од покачување на нивото на морето.