Први асистенти преку интернет во Македонија
Платформата „Best online assistant“ претставува веб-точка за купопродажни дигитални услуги, која на едно место ги поврзува претпријатијата (купувачите) и асистентите преку интернет, квалификувани лица со физичка попреченост (продавачи).
Целта на нејзиното формирање, како дел од најголемата светска организација за инклузија и за подобрување на животот на лицата со попреченост, Zero project, е да овозможи активен ангажман на оваа група наши сограѓани, при што тие ќе напредуваат, ќе го подобруваат својот буџет, ќе придонесуваат во подобрувањето на економската слика.
[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]
Платформата веќе има две номинации за награди во една од најголемите светски организации за инклузија и за подобрување на животот на лицата со попреченост, Zero project во Обединети Нации и признание дека со овој модел се решава проблем за вработување на 5% од вкупното население во светот.
– Со овој модел, ние сме првата земја што нуди решение директно за оваа категорија граѓани – велат од компанијата „Бренд солушн“, автори на платформата.
Оваа платформа, освен што ја зголемува свеста во општеството за инклузијата, пред сѐ, се грижи за промовирање на нивните способности пред компаниите, организациите и јавноста.
Во моментов лицата се обучуваат за примена на дигитален маркетинг, за администратори за социјални медиуми, преведувачи, за пишување текстови за блогови, за производи, за новинарски куќи, истражувања, проекти и сл. – Инфраструктурата во градовите не ни дозволува слободно движење, а компаниите сè уште се тесногради и ретко кој од нас има можност да се вработи или, пак, да напредува вертикално, но тоа не ме спречува да се едуцирам и секој ден да учам повеќе! – вели едно од вклучените лица.
Цел на платформата е до 2025 година да има 40.000 активни даватели на дигитални услуги од сите земји во светот.
Нашата мисија е да му покажеме на светот дека секој има свои вредности, талент и искуство, визија ни е да ги отстраниме бариерите, така што лицата со попреченост ќе може да бидат независни и еднакви во општеството, со избор и контрола над сопствениот живот. Секој заслужува достоинствен живот, нагласуваат од „Бренд солушн“.
[/ihc-hide-content]