Гледај и слушај, Дурбин, Тема на месецот

Со секој здив сме поблиску до заболување!

ДОКОЛКУ ЗЕМЈАВА САКА НАСКОРО ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО, ЌЕ МОРА ДА НАЈДЕ НАЧИН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО 

„Пред пет го­ди­ни имав нор­мал­на бре­ме­ност. Ро­див здра­во мом­че. Но, во из­ми­на­ти­те две го­ди­ни, два­та оби­да на­ше­то се­мејс­тво да се про­ши­ри за уште еден член за­вр­ши­ја не­ус­пеш­но, и тоа на иден­ти­чен на­чин. Со за­пи­ра­ње на ср­це­ва­та ак­ци­ја на пло­дот во де­вет­та­та не­де­ла. Ис­пи­ту­ва­ња­та по­ка­жаа не тол­ку се­ри­оз­ни проб­ле­ми со кр­вта, кои, очиг­лед­но, не би­ле опас­ност при пр­ва­та бре­ме­ност.

Се­га не­што е сме­не­то. Из­ми­на­ти­те че­ти­ри-пет го­ди­ни не­што се про­ме­ни­ло во ат­мо­сфе­ра­та. Над­во­реш­ни­от фа­ктор, ме­ѓукој и за­га­ду­ва­ње­то, се про­ме­нил, па го акти­ви­рал овој на­ви­дум не тол­ку се­ри­о­зен здрав­ствен проб­лем. Тоа бе­ше од­го­во­рот што го до­бив од по­ве­ќе­то ле­ка­ри. Здрав­стве­ни­от проб­лем, кој се нас­ле­ду­ва ге­нет­ски, го има­лe и мо­ја­та мај­ка, мо­ја­та ба­ба, но за не­го во­оп­што не би­ле свес­ни би­деј­ќи ни­ко­гаш не им го за­гро­зил жи­во­тот. Се­га, јас се чув­ству­вам ка­ко тем­пи­ра­на
бом­ба, ко­ја не­на­деј­но мо­же да ја акти­ви­ра за­га­ду­ва­ње­то“.

Ова е бол­но­то искус­тво на на­ша­та со­го­вор­нич­ка, 32-го­диш­на скоп­јан­ка. Таа ве­ли де­ка ста­пи­ла во кон­такт со го­лем број же­ни, на кои до­кто­ри­те, исто та­ка, им го по­со­чи­ле за­га­ду­ва­ње­то ка­ко мо­жен при­чи­ни­тел на спон­та­ни­те абор­ту­си.

Де­ца­та се пр­ви на удар на за­га­ду­ва­ње­то

Ле­ка­рот и еко­ло­шки акти­вист Не­над Ко­циќоб­јас­ну­ва де­ка за­га­ду­ва­ње­то мо­же да би­де по­губ­но за труд­ни­ци­те.
– Вли­ја­ни­е­то на за­га­ду­ва­ње­то на жи­вот­на­та сре­ди­на врз зго­ле­му­ва­ње­то на бро­јот на спон­та­ни абор­ту­си е ме­ди­цин­ски до­ка­жа­но, но и мно­гу ло­гич­но. Мно­гу штет­ни ма­те­рии се та­ло­жат во пла­цен­та­та на бре­ме­на­та же­на, по што до­а­ѓа до неј­зи­но оште­ту­ва­ње и до абор­ти­ра­ње на пло­дот. За­ед­но со де­ца­та и во­зрас­ни­те лу­ѓе, бре­ме­ни­те же­ни се нај­чув­стви­тел­на­та гру­па во за­ед­ни­ца­та. Пло­дот што го но­сат е во по­сто­јан раз­вој и штет­ни­те аген­си од око­ли­на­та нај­сил­но се чув­ству­ва­ат ток­му кај не­ро­де­ни­те де­ца, со абор­тус или кон­ге­ни­тал­ни мал­фор­ма­ции – ве­ли д-р Ко­циќ.

Спо­ред над­леж­ни­те, за­гре­ва­ње­то е нај­го­ле­ми­от за­га­ду­вач

Алар­мот за енорм­ното за­га­ду­ва­ње­ во зем­ја­ва е вклу­чен ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни, од­нос­но уште ко­га Скоп­је, Би­то­ла и Те­то­во се нај­доа на ли­ста­та на де­сет­те нај­за­га­де­ни гра­до­ви во све­тот. Спо­ред си­те сту­дии на Ми­ни­стерс­тво­то за жи­вот­на сре­ди­на и про­стор­но пла­ни­ра­ње (МЖСПП) за­гре­ва­ње­то на до­ма­ќинс­тва­та и на јав­ни­те об­је­кти е нај­го­ле­ми­от за­га­ду­вач, а исто­то твр­де­ње е на­ве­де­но и во вла­ди­на­та „Про­гра­ма за на­ма­лу­ва­ње на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то“.

„Си­те ана­ли­зи и на­о­ди спро­ве­де­ни до­се­га ука­жу­ва­ат де­ка гре­е­ње­то е нај­го­ле­ми­от
за­га­ду­вач на воз­ду­хот и во Скоп­ска­та Кот­ли­на. Ва­кви­те на­о­ди се по­твр­ду­ва­ат и во сту­ди­ја­та изра­бо­те­на од стра­на на Фин­ски­от ме­те­о­ро­ло­шки ин­сти­тут во рам­ки­те на тви­нинг-про­е­ктот со МЖСПП ка­де што е прес­ме­та­но де­ка ду­ри 90 про­цен­ти од вкуп­ни­те еми­сии на ПM че­стич­ки­те до­а­ѓа­ат од за­гре­ва­ње­то (огрев­но др­во)“, се на­ве­ду­ва во вла­ди­на­та про­гра­ма.

От­та­му до­да­ва­ат де­ка, по­крај гре­е­ње­то, и из­во­ри­те на за­га­ду­ва­ње­то од дру­ги­те
се­кто­ри во­оп­што не се за за­не­ма­ру­ва­ње и за пот­це­ну­ва­ње.

„От­па­дот и ди­ви­те де­по­нии, ка­ко и нив­но­то па­ле­ње, по­тоа ин­ду­стри­ски­те ка­па­ци­те­ти, гра­деж­на­та екс­пан­зи­ја и не­по­чи­ту­ва­ње­то на пра­ви­ла­та за гра­де­ње, мно­гу­број­ни­те не­у­ре­де­ни по­вр­ши­ни од кои се кре­ва прав, ка­ко и со­о­бра­ќа­јот ја на­до­пол­ну­ва­ат комп­лекс­но­ста на пре­диз­ви­кот и ги ди­вер­зи­фи­ку­ва­ат при­чи­ни­те за за­га­ду­ва­ње­то и го отеж­ну­ва­ат про­це­сот за негово ре­ша­ва­ње“, ве­лат од вла­да­та.

Илустрација: Зоран Инадески

Спо­ред ин­фор­ма­ции на ор­га­ни­за­ци­ја­та „Еко­ге­ри­ла“ од Те­то­во, кои истра­жу­ва­ле во По­ло­шки­от ре­ги­он, 32 јав­ни ин­сти­ту­ции што се гре­ат на ма­зут за­га­ду­ва­ат кол­ку 6.000 до­ма­ќинс­тва. За­ме­ник-ми­ни­сте­рот за жи­вот­на сре­ди­на и за про­стор­но пла­ни­ра­ње Ја­ни Ма­кра­ду­ли из­ја­ву­ва де­ка по­сто­јат че­ти­ри раз­лич­ни сту­дии за за­га­ду­ва­ње­то, кои ука­жу­ва­ат де­ка во Скоп­ски­от ре­ги­он, во Би­то­ла и во Те­то­во нај­го­лем из­вор на за­га­ду­ва­ње е до­маш­но­то за­топ­лу­ва­ње.

Ако за­топ­лу­ва­ње­то е нај­го­лем проб­лем, мо­же­те да има­те за­топ­лу­ва­њешто не за­га­ду­ва – стру­ја, гас или да се прик­лу­чи­те на пар­но. Си­те ди­ре­кти­ви на ЕУ, се во тој пра­вец – по­се­бен план за прик­лу­чу­ва­ње на пар­но, сти­му­ли­ра­ње суб­вен­ции за ин­вер­то­ри. Не по­стои ме­ха­ни­зам да го зе­ме­те воз­ду­хот и да го од­не­се­те не­ка­де и за­тоа овој план е до­бар за­што тоа е единс­тве­на­та мер­ка да се со­о­чи­те со из­во­ри­те на за­га­ду­ва­ње – ве­ли Ма­кра­ду­ли.

 За еко­а­кти­ви­сти­те глав­ни­от ви­нов­ник е ин­ду­стри­ја­та

Еко­ло­шки­те акти­ви­сти, пак, глав­ни­от ви­нов­ник за за­га­ду­ва­ње­то го гле­да­ат во ин­ду­стри­ски­те ка­па­ци­те­ти, фа­бри­ки­те, кои ра­бо­тат без со­од­вет­ни фил­три, де­по­ни­и­те, но и сом­не­жи­те за увоз на стран­ски от­пад, кој, на­вод­но, не­ле­гал­но се уни­шту­ва во зем­ја­ва.

И до­де­ка си­те си ја пре­фр­ла­ат топ­ка­та на од­го­вор­ност, бол­ни­ци­те се пре­пол­ни со па­ци­ен­ти.

За­га­де­ни­от воз­дух се со­стои од по­ве­ќе раз­лич­ни ор­ган­ски и од не­ор­ган­ски че­стич­ки. Дел од нив се ПМ че­стич­ки­те, ги ви­ка­ме ПМ 10 би­деј­ќи се де­сет ми­кро­ме­три во ди­ја­ме­тар и се во нај­го­лем број. Има че­стич­ки што се од два и пол до пет ми­кро­ме­три со сред­на го­ле­ми­на и има по­ма­ли од еден ми­кро­ме­тар, кои до­а­ѓа­ат до нај­ма­ли­те диш­ни па­ти­шта т.н. ал­ве­о­ли. Тие се штет­ни и пре­диз­ви­ку­ва­ат кар­ци­ном на бе­ли­те дро­бо­ви. По­круп­ни­те че­стич­ки, глав­но, се за­др­жу­ва­ат во но­сот и на слу­зо­ко­жа­та од очи­те, ка­ко и во брон­хи­јал­но­то стеб­ло и кај здра­ви ис­пи­та­ни­ци.
– Не мо­же да го иск­лу­чи­ме вли­ја­ни­е­то на ае­ро­за­га­ду­ва­чи­те за кар­ци­но­мот на бе­ли дро­бо­ви, но има и дру­ги при­чи­ни. Но, тоа што мо­жам да го ка­жам е де­ка кај ва­кви­те па­ци­ен­ти, ПМ че­стич­ки­те, кои се мно­гу ма­ли, се де­по­ни­ра­ат најд­ла­бо­ко во диш­ни­те па­ти­шта, а мо­же и во ал­ве­о­ли­те и за нив по­сто­јат сту­дии де­ка мо­жат да би­дат еден од фа­кто­ри­те за кар­ци­ном – ве­ли д-р Де­јан До­киќ, ди­ре­кто­рот на Кли­ни­ка за пул­мо­ло­ги­ја.

До­кто­рот До­киќ по­јас­ну­ва де­ка нај­под­лож­ни на за­га­ду­ва­ње­то се де­ца­та, по­во­зрас­ни­те и па­ци­ен­ти­те со хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња.
– Ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то е при­чи­на, осо­бе­но ПМ че­стич­ки­те, за вло­шу­ва­ње на со­стој­ба­та кај па­ци­ен­ти со хро­нич­ни рес­пи­ра­тор­ни бо­ле­сти, ка­ко што се аст­ма, пнев­мо­ни­ја, хро­нич­на оп­стру­ктив­на бе­ло­дроб­на бо­лест, гор­но­рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции, на­стин­ки, кар­ди­о­ло­шки за­бо­лу­ва­ња, кар­дио-пул­мо­нал­ни проб­ле­ми, ин­фаркт, кар­ди­о­ми­о­па­тии… Ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, освен што кај здра­ви­те лу­ѓе пра­ви не­кое лес­но вос­па­ле­ние и, мо­же­би, предизвикува не­кои симп­то­ми, де­фи­ни­тив­но ја вло­шу­ва со­стој­ба­та кај па­ци­ен­ти со хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња, а се вло­шу­ва­ат и алер­ги­и­те. Се сме­та де­ка ае­ро­за­га­ду­ва­чи­те вли­ја­ат и на са­ми­те алер­ге­ни та­ка што ја наг­ла­су­ва­ат нив­на­та агре­сив­ност, од­нос­но алер­ге­ност врз чо­ве­кот и за­тоа и ги вло­шу­ва­ат симп­то­ми­те кај овие па­ци­ен­ти – ве­ли До­киќ.

Илустрација: Зоран Инадески

Стап­ка­та на смрт­ност е нај­ви­со­ка во зи­ма

Проб­ле­мот со за­га­ду­ва­ње­то е стар ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни, но во 2016 го­ди­на, ко­га се по­ја­ви­ја шпе­ку­ла­ци­и­те за увоз на стран­ски от­пад за уни­шту­ва­ње, пра­те­ни­кот Ре­џеп Ме­ме­ди, по про­фе­си­ја ле­кар, из­ја­ви де­ка ка­ко пос­ле­ди­ца на пер­ма­нент­но­то за­га­ду­ва­ње на воз­ду­хот, во­да­та и на поч­ва­та, се за­гро­зу­ва жи­во­тот на по­ве­ќе од 7.000 жи­те­ли на оп­шти­на Ба­тин­це, најб­ли­ско­то на­се­ле­но ме­сто до скоп­ска­та де­по­ни­ја „Дрис­ла“.
– Мо­жам да по­твр­дам и да по­све­до­чам де­ка има зго­ле­му­ва­ње на рес­пи­ра­тор­ни­те за­бо­лу­ва­ња кај овие жи­те­ли – ве­ле­ше Ме­ме­ди за ме­ди­у­ми­те.  

До­кто­рот Ме­ме­ди и се­га из­ја­ву­ва де­ка си­ту­а­ци­ја­та не е сме­не­та.
– Трен­дот на за­бо­ле­ни про­дол­жу­ва. За жал, мо­и­те то­гаш­ни сом­не­ва­ња се по­ка­жаа ка­ко точ­ни – ни из­ја­ви Ме­ме­ди.

Гра­до­на­чал­ни­кот на Сту­де­ни­ча­ни, Азем Са­ди­ку, пак, ве­ли де­ка тој не е ин­фор­ми­ран за ва­кви­те алар­мант­ни по­да­то­ци.

Истра­жу­ва­ње­то на Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је, спро­ве­де­но во рам­ки­те на тви­нинг-про­е­ктот под­др­жан од Европ­ска­та уни­ја за на­та­мош­но за­си­лу­ва­ње на ка­па­ци­те­ти­те за ефе­ктив­но спро­ве­ду­ва­ње на за­ко­но­дав­ство­то на ЕУ во об­ла­ста на ква­ли­те­тот на воз­ду­хот, по­ка­жу­ва де­ка три гру­пи бо­ле­сти во зем­ја­ва се во ди­рект­на ко­ре­ла­ци­ја со по­сто­ја­но­то при­сус­тво на ви­со­ки­те кон­цен­тра­ции на ПМ 2,5 че­стич­ки­те во воз­ду­хот.

„Од 30 до 35 от­сто од бо­ле­сти­те се ја­ву­ва­ат ка­ко пос­ле­ди­ца од ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. На­ши­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат де­ка стап­ка­та на смрт­ност е нај­ви­со­ка во зим­ски­от пер­и­од, ко­га, всуш­ност, се нај­ви­со­ки и кон­цен­тра­ци­и­те на штет­ни ма­те­рии во воз­ду­хот. Си­те овие го­ди­ни, во про­сек, го­диш­но се гу­бат по око­лу 1.300 жи­во­ти по­ра­ди ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. Во од­нос на бо­ле­сти­те што се во ди­рект­на ко­ре­ла­ци­ја со за­га­ду­ва­ње­то, ста­ну­ва збор за три го­ле­ми гру­пи за­бо­лу­ва­ња, и тоа: ис­хе­мич­на бо­лест на ср­це­то, мо­зо­чен удар и рак на бе­ли­те дро­бо­ви. Овие бо­ле­сти, кои се пос­ле­ди­ца од ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, се во­деч­ка при­чи­на за смрт на по­драч­је­то на Ма­ке­до­ни­ја“, се на­ве­ду­ва во истра­жу­ва­ње­то.

До­кто­рот и акти­вист Ко­циќ об­јас­ну­ва и де­ка е по­треб­на кон­ти­ну­и­ра­на ак­ци­ја од си­те ин­вол­ви­ра­ни стра­ни за на­ма­лу­ва­ње на за­га­ду­ва­ње­то.

– По­треб­но е 24-ча­сов­но сле­де­ње на ра­бо­та­та на фа­бри­ки­те, кон­тро­ла на гре­е­њена до­ма­ќин­ска­та и ре­дук­ци­ја на со­о­бра­ќа­јот. Бор­ба­та за чист воз­дух е дол­го­трај­на и не мо­же да се ре­ши со вол­шеб­но стап­че, но тре­ба да се вклу­чат си­те и гра­ѓа­ни­те и ин­ду­стри­ја­та и ин­сти­ту­ци­и­те за да би­де ефи­кас­на –  ве­ли Ко­циќ.

Илустрација: Зоран Инадески

Ду­ри 70 от­сто од ср­це­ви­те за­бо­лу­ва­ња се пре­пи­шу­ва­ат на за­га­де­ни­от воз­дух.

Де­ка со се­кој зе­мен здив не го вку­су­ва­ме жи­во­тот, ту­ку сме поб­ли­ску до не­кое
за­бо­лу­ва­ње, кон­ста­ти­ра­ла и д-р Мир­ја­на Ди­мов­ска од Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је.

Неј­зи­на­та до­ктор­ска ди­сер­та­ци­ја „Примена на методите за проценка на ризик во услови на високо урбано аерозагадување во РМ” по­ка­жу­ва де­ка го­диш­но, во про­сек, 1.205 ли­ца во Скоп­је и 265 во Те­то­во уми­ра­ат ка­ко пос­ле­ди­ца на за­га­де­ни­от воз­дух. На овие ли­ца жи­вот­ни­от век, во про­сек, им бил скра­тен за 25 го­ди­ни.За 40 про­цен­ти од лу­ѓе­то што за­бо­ле­ле и што по­чи­на­ле од рак на бе­ли дро­бо­ви при­чи­на­та би­ло ток­му ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то.

Но, штет­ни­те ПМ 10 и ПМ 2,5 че­стич­ки не ги на­па­ѓа­ат са­мо диш­ни­те па­ти­шта.

Ду­ри 70 от­сто од ср­це­ви­те за­бо­лу­ва­ња се при­пи­шу­ва­ат на за­га­де­ни­от воз­дух, а кон­стант­на­та из­ло­же­ност на штет­ни­те че­стич­ки про­пор­ци­о­нал­но го зго­ле­му­ва и ри­зи­кот од мо­зоч­ни уда­ри.

– Не се афектирани са­мо рес­пи­ра­тор­ни­те органи, афе­кти­ра­ни се крв­ни­те са­до­ви на ср­це­то, крв­ни­те са­до­ви на мо­зо­кот, та­ка што мо­зоч­ни­от удар е нај­чест здрав­ствен ре­зул­тат што го сре­ќа­ва­ме во ус­ло­ви на ва­ква дол­го­трај­на из­ло­же­ност.

Во од­нос на кар­ци­но­мот, ду­ри 40 про­цен­ти од тие што за­бо­ле­ле и по­чи­на­ле од кар­ци­ном на бе­ли дро­бо­ви мо­же да се при­пи­шат на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то– ве­ли Ди­мов­ска.

Прес­ме­тки­те ве­лат, до­кол­ку си­те ли­ца што по­чи­на­ле од кан­цер на бе­ли­те дро­бо­ви би­ле из­ло­же­ни на са­мо 25 ми­кро­гра­ми штет­ни че­стич­ки, кол­ку што е и европ­ски­от про­сек, то­гаш би за­чу­ва­ле 4.000 го­ди­ни здрав жи­вот, а тие, пак, со бо­ле­сти на ср­це­то би про­жи­ве­е­ле уште 28.000 го­ди­ни здрав жи­вот.

– Прес­ме­тав­ме де­ка 50 до 60 про­цен­ти од бо­ле­сти­те, од­нос­но од смрт­но­ста што се при­пи­шу­ва на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, мо­же да се на­ма­лат ако се по­стиг­нат гра­нич­ни­те вред­но­сти на Европ­ска­та уни­ја – до­да­ва Ди­мов­ска.

Таа по­јас­ну­ва и де­ка истра­жу­ва­ње­то е пра­ве­но врз по­да­то­ци од 2012 го­ди­на до 2017 го­ди­на, а ве­ќе се под­го­тву­ва и за но­во, но, ка­ко што ве­ли, за жал, по­тра­га­та
по ста­ти­стич­ки по­да­то­ци оди мно­гу бав­но. 

Да се ме­ну­ва­ат на­ви­ки­те и раз­мис­лу­ва­ње­то де­ка друг е ви­но­вен

Во те­кот на зи­ма­ва ре­чи­си не­ма мер­ни ста­ни­ци што го ме­рат ква­ли­те­тот на воз­ду­хот, а да не по­ка­жа­ле зго­ле­ме­ни вред­ност по­ве­ќе од доз­во­ле­ни­те 50 ми­кро­гра­ми штет­ни че­стич­ки.

На 21 ја­ну­а­ри, во Го­сти­вар бе­ше из­ме­ре­на ре­корд­на за­га­де­ност на воз­ду­хот, не­ве­ро­јат­ни 983 µg/m3. По­крај шо­кант­на­та вред­ност, за спо­ме­ну­ва­ње е и фа­ктот де­ка штет­ни­те че­стич­ки поч­на­ле да рас­тат во два ча­сот по пол­ноќ, а не­ка­де во утрин­ски­те ча­со­ви, пред раз­де­ну­ва­ње, се на­ма­ли­ле.

Ако се сле­ди ло­ги­ка­та на по­да­то­ци­те на МЖСПП, де­ка до­ма­ќинс­тва­та се нај­го­лем за­га­ду­вач, тоа би зна­че­ло де­ка си­те го­сти­вар­ци ста­на­ле во два ча­сот по пол­ноќ и ги за­па­ли­ле сво­и­те ќум­би­ња. Се­пак, сом­не­жи­те на жи­те­ли­те на овој град се де­ка ток­му но­ќта, ко­га ре­чи­си си­те се во дла­бок сон, се „раз­ра­бо­ти­ла“ не­ко­ја фа­бри­ка,
или бил за­па­лен от­пад.
И до­де­ка над­леж­ни­те кре­ва­ат ра­ме­на и не се ос­ме­лу­ва­ат да ги ло­ци­ра­ат
глав­ни­те за­га­ду­ва­чи, струч­ња­ци­те од странс­тво апе­ли­ра­ат де­ка за да се по­бе­ди за­га­ду­ва­ње­то, по­крај кон­тро­ла­та на от­па­дот и не­го­во­то упра­ву­ва­ње, тре­ба да се ме­ну­ва­ат и на­ви­ки­те на лу­ѓе­то, мен­та­ли­те­тот, раз­мис­лу­ва­ња­та де­ка не­кој друг е ви­но­вен, да се над­ми­нат пре­дра­су­ди­те де­ка ве­ло­си­пе­ди во­зат са­мо по­си­ро­маш­ни­те гра­ѓа­ни и слич­но.

За да се све­де на ми­ни­мум за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот, во Фин­ска си­те има­ле
актив­но учес­тво, а вла­да­та пре­зе­ла нај­стро­ги мер­ки. Ед­на од тие мер­ки
би­ла исфр­ла­ње од упо­тре­ба на ста­ри­те во­зи­ла.

Во Ир­ска, пак, по за­бра­на­та за пу­ше­ње во за­тво­ре­ни про­сто­рии, се прес­ме­та­ло де­ка про­цен­тот на смрт­ност од ин­ди­рект­но пу­ше­ње пад­нал за 13 про­цен­ти кај це­ло­то на­се­ле­ние, а ср­це­ви­те уда­ри се на­ма­ли­ле за 26 от­сто.

Во 1996 го­ди­на, за вре­ме на Олим­пи­ски­те игри во Ат­лан­та, ко­га по­го­лем дел од гра­дот 17 де­на бил за­тво­рен за со­о­бра­ќај, про­цен­тот на де­ца што по­се­ти­ле бол­ни­ца по­ра­ди аст­ма пад­нал за 40 про­цен­ти. Го­лем пад на бо­ле­сти­те и на ср­це­ви­те уда­ри бил за­бе­ле­жан и во Пе­кинг, ко­га на два ме­се­ца пред по­че­то­кот на Олим­пи­ски­те игри би­ле за­тво­ре­ни го­лем број фа­бри­ки и бил огра­ни­чен со­о­бра­ќа­јот.

ЕУ не­ма то­ле­ран­ци­ја за за­га­ду­ва­чи­те

До­кол­ку зем­ја­ва са­ка на­ско­ро да му се прик­лу­чи на европ­ско­то се­мејс­тво, ќе мо­ра да нај­де на­чин за на­ма­лу­ва­ње на за­га­ду­ва­ње­то. Европ­ска­та ко­ми­си­ја во мај 2018 го­ди­на по­ка­жа де­ка не е то­ле­рант­на кон за­га­ду­ва­чи­те. По де­сет го­ди­ни пре­ду­пре­ду­ва­ња, ре­ши да под­не­се при­ја­ва про­тив шест член­ки на уни­ја­та, ме­ѓу кои беа Гер­ма­ни­ја и Фран­ци­ја, по­ра­ди не­по­чи­ту­ва­ње­то на ре­гу­ла­ти­ви­те за за­га­ду­ва­ње на воз­ду­хот, а по нив сле­ду­ва­ше Шпа­ни­ја.
На Бу­га­ри­ја, ко­ја е ве­ќе осу­де­на за не­по­чи­ту­ва­ње на ре­гу­ла­ти­ва­та за доз­во­ле­на­та ко­ли­чи­на на че­стич­ки во воз­ду­хот, овој пат ѝ се за­бе­ле­жу­ва пре­че­ко­ру­ва­ње­то на гра­нич­ни­те вред­но­сти на сул­фу­рен ди­о­ксид, кој по­тек­ну­ва од со­го­ру­ва­ње фо­сил­но го­ри­во.
Европ­ска­та ко­ми­си­ја ги пре­ду­пре­ди и Хр­ват­ска и Ро­ма­ни­ја по­ра­ди „си­сте­мат­ско не­по­чи­ту­ва­ње“ на сле­де­ње на за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот, до­де­ка Гр­ци­ја е по­ви­ка­на да ја по­до­бри за­шти­та­та на сво­и­те гра­ѓа­ни од еми­си­и­те на га­со­ви­те од ин­ду­стри­ја­та.

Ко­ри­сте­те ма­ска и ан­ти­о­кси­дан­си

Ле­ка­ри­те пре­по­ра­чу­ва­ат гра­ѓа­ни­те да ко­ри­стат ма­ски со ХЕПА фил­тер, кој не ги про­пу­шта кан­це­ро­ге­ни­те ПМ че­стич­ки 10. Ма­ски­те тре­ба да се со сер­ти­фи­кат за ко­ри­сте­ње во ус­ло­ви на ви­со­ка за­га­де­ност на воз­ду­хот. Ва­кви­те ма­ски мо­ра да но­сат ед­на од след­ниве оз­на­ки:

N95 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 95 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. Не се от­пор­ни на на­фте­ни га­со­ви.
N99 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 99 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. Не се от­пор­ни на на­фте­ни га­со­ви.
N100— Ма­ски што фил­три­ра­ат до 99,97 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. Не се от­пор­ни на на­фте­ни га­со­ви.
R95 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 95 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. Де­лум­но се от­пор­ни на на­фте­ни га­со­ви.
P95 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 95 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот.
От­пор­ни се на на­фте­ни га­со­ви.

P99 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 99 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. От­пор­ни се на на­фте­ни га­со­ви.
P100 — Ма­ски што фил­три­ра­ат до 99,97 про­цен­ти од че­стич­ки­те во воз­ду­хот. От­пор­ни се на на­фте­ни га­со­ви.

Исто та­ка, пре­по­ра­чу­ва­ат и да се зе­ма­ат ан­ти­о­кси­дан­си. Во оваа гру­па вле­гу­ва­ат ви­та­мин Ц, ви­та­мин Е, пре­па­ра­ти ка­ко гер­ма­ни­ум 132.

Илустрација: Зоран Инадески

По­ве­ќе од 430.000 лу­ѓе во ЕУ го­диш­но уми­ра­ат пред­вре­ме од за­га­де­ни­от воз­дух
За­га­де­ни­от воз­дух е не­вид­лив уби­ец во Евро­па. Се­ко­ја го­ди­на во ЕУ по­ве­ќе од 430.000 лу­ѓе уми­ра­ат пред­вре­ме ка­ко ре­зул­тат на ди­ше­ње за­га­ден воз­дух. ЕЕБ ра­бо­ти да обез­бе­ди европ­ски­те за­ко­ни на­се­ка­де да го по­до­брат ква­ли­те­тот на воз­ду­хот за­шти­ту­вај­ќи ги лу­ѓе­то и еко­си­сте­ми­те од опас­но­сти­те од за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот.

За­га­ду­ва­чи­те сè уште ги над­ми­ну­ва­ат стан­дар­ди­те на ЕУ

Спо­ред Европ­ска­та аген­ци­ја за жи­вот­на сре­ди­на, за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот е те­шко да се из­бег­не, без ог­лед ка­де жи­ве­е­те. Тоа мо­же се­ри­оз­но да вли­јае на ва­ше­то здрав­је и око­ли­на­та. И по­крај тоа што ква­ли­те­тот на воз­ду­хот во Евро­па се по­до­бри во пос­лед­ни­те де­це­нии, ни­во­то на за­га­ду­ва­чи на воз­ду­хот сè уште ги над­ми­ну­ва стан­дар­ди­те на ЕУ и нај­стро­ги­те упат­ства на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја.

Напишете коментар