Ретро или њутајмер тинејџер? Во која група си ти? Во која и да си, знај дека љубовта е олдтајмерска. Постои отсекогаш и ќе постои засекогаш, те уверува Венко Андоновски
8 септември
Веќе губам волја. Седум дена бев мирна, а сега пак почна. Денес не беше онакво од куче, беше една мува. Професорката Јовиќ предаваше за Илијада и Одисеја на Хомер, говореше за тоа дека старогрчките јунаци ги краселе витешка чест и достоинство. И само што рече „достоинство“, низ прозорецот влезе таа. Гадот, мувата. Ај погодете на кого застана? На мене. На мојот нос.
Откако влезе низ прозорецот, бидејќи брмчеше како да е млазен авион, сите ја следеа со поглед. А кога го избра мојот нос за аеродром, сите љубопитни погледи ги замени кикот. Јас, пак, не знам зошто, иако мувата ме скокоткаше, се правев дека не ја забележувам, па божем заинтересирано гледав во професорката Љиља, која и натаму говореше како ништо да не се случило. Но само јас видов дека и таа виде: крајчињата на усните ѝ трепереа и јас се исплашив дека пак ќе прсне во онаа смеа. Но таа одлично се контролираше. Решив да не се поместувам. Ми се чинеше дека, ако замавнам со раката и ја избркам мувата, на некој начин ќе признаам дека самата сум виновна за тоа што слетала врз мене. Дека ги „исполнувам условите“ да застане врз мене. Дека мирисам непријатно, иако лицето утринава го измив со најубав сапун од кокосов орев. Или дека воопшто не сум ги испрала патиките од минатата седмица, по оној инцидент со кучешкото онакво.
Содржината е достапна само за претплатници
Секој од нас може да направи промена и да придонесе кон поеднакво општество. „Лице в лице“ те повикува токму тебе, да бидеш дел од таа промена!
Одбирајќи некоја од опциите подолу, се вклучуваш во движење, цела една заедница одговорни и активни граѓан(к)и кои знаат дека, општеството е толку развиено, колку што е и неговиот најранлив поединец!
Сакам годишна претплата
Сакам едно издание
Сакам да купам од продавач
Сакам да донирам
Прочитај повеќе
Благодарни сме на секоја твоја насмевка, поттик, клик и споделување за поддршка на мисијата на „Лице в лице“!