Зелена република

Ако не го гледаме отпадот, не значи дека магично исчезнал

Време на читање: 5 минути
Позитивно решение е  циркуларната економија.  Наспроти постојниот начин на функ­ци­о­ни­ра­ње, создавање, користење и фрлање, каде што секојдневно се користат про­из­во­ди од земјата, водата и од воздухот, се создаваат производи и потоа се фрлаат, цир­ку­лар­на­та економија е еден од начините на соочување со климатските промени
- банер -

Ка­ко никогаш досега стоиме исправено пред предизвиците на климатските промени. Низ исто­ри­ја­та, консумеризмот и порастот на популацијата оделе побавно, па така и про­дук­ци­ја­та на отпадот била побавна. Денес, кога во светот живеат повеќе од 7,5 милијарди жи­те­ли, има различни начини на кои се загадуваат површината, воздухот, почвата и оке­а­ни­те. Светот генерира 2,01 милијарди тони комунален цврст отпад годишно, но само 33 про­цен­ти се управуваат на еколошки безбеден начин, oстатокот од отпадот завршува на де­по­ни­ја. Во нашата држава, според извештајот на Државниот завод за ревизија, само 1 процент од вкупниот комунален отпад се рециклира, а 1,4 про­цен­т од пластичниот отпадот се селектира, другиот дел завршува на депонија.

Што се случува кога отпадот завршува на депонија?

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Удоб­ни сме во создавањето отпад, така што не ни чувствуваме одговорност за него. А зо­што би чувствувале, па нели тоа е работа на некои служби таму? Нели за тоа плаќаме ко­му­нал­на такса?

За жал, ова е размислување на многумина, можеби и на мнозинството од нас. Ниската јав­на свест и основните познавања за отпадот се многу мали, па оттука и луѓето не го при­фа­ќа­ат проблемот со соочувањето со отпад како многу сериозен.

Се­кој отпад што е создаден ќе заврши некаде. Тоа што граѓаните ќе се ослободат од својот отпад и не го гледаат, не значи дека магично исчезнал, напротив, секој отпад со кој нема да постапиме правилно ќе влијае штетно врз животната средина, односно поч­ва­та, водата и воздухот. [1] 

Де­по­ни­ра­ни­от мешовит комунален отпад, во кој има и пластика, ќе почне да се распаѓа, по што се формираат мали парчиња пластика наречени микропластика. Со тоа влијае на за­га­ду­ва­ње на почвата. Преку исцедокот што се создава, ги загадува и подземните води. Де­по­ни­ра­ни­от отпад испушта и гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина – ме­тан, кој е леснозапаллив и поради кој се создаваат пожари на депониите. Така се за­га­ду­ва воздухот и дополнително се зголемува ефектот на стаклена градина, односно до­а­ѓа­ме до глобално затоплување.

- банер -

Кружната економија – пат до решение

Освен што ќе ја загади животната средина, неправилното постапување со отпад значи и гу­бе­ње вредни ресурси. Има сѐ помалку природни ресурси, а нивната употреба и примена е сѐ поголема. Оттука, неопходен е одговорен однос кон ресурсите со цел нивно ра­ци­о­нал­но користење. Позитивно решение за ова е циркуларната или кружна економија. Нас­про­ти постојниот начин на функционирање, создавање, користење и фрлање, каде што се­којд­нев­но се користат производи од земјата, водата и од воздухот, се создаваат про­из­во­ди и потоа се фрлаат, циркуларната економија е еден од начините на соочување со кли­мат­ски­те промени. Како концепт значи одржување на вредноста. Подразбира по­ве­ќе­крат­но користење на една иста суровина за да добиеме повторно нов производ. На долг рок и со добра регулатива би се отвориле соодветни работни места, компаниите би се фо­ку­си­ра­ле на создавање производи со екодизајн, што подразбираат поголема трајност, по­пра­вка и нивна реупотреба. Ако производите имаа долгорочна цел, тие може да се ко­ри­стат повеќекратно, да се пренаменат или да се распаднат како органски отпад.

Важно е паметно да го управуваме отпадот

Имај­ќи ја предвид моментната ситуација со системот за управување отпад во нашата др­жа­ва, особено треба да се внимава на создавањето на количините отпад. Со процесот на при­ста­пу­ва­ње кон ЕУ, неизбежно е да се осврнеме темелно кон соодветно управување на от­па­дот и да го следиме законодавството на поглавјето 27 – животна средина. Можеби најз­на­чај­на во овој контекст е рамковната директива за отпад, која со промените во 2018 го­ди­на предвидува до 2030 година 65 проценти од отпадот да се рециклира, а 10 про­цен­ти да завршува на депонии. Нашата законска регулатива е добро замислена и усогласена со законодавството на ЕУ. Кога би се спроведувала во целост, нема да имаме улици со пре­пол­ни контејнери, да бидеме рекордери во загаден воздух или да имаме загадени ре­ки и езера.

Со цел да се обезбеди функционален и одржлив систем, потребно е клучните актери во оп­штес­тво­то да ја постават темата за управување отпад и за селектирање високо на аген­да­та. Имајќи предвид дека живееме во држава во развој, со висок среден приход, и дека по­раз­ви­е­ни­те земји создаваат повеќе отпад, се наметнува заклучокот дека во следните го­ди­ни количината отпад ќе се зголемува. Ова значи неопходност од воспоставување по­е­фе­кти­вен систем за управување отпад.


Редуцирам, реупотребувам, рециклирам

Со забраната за користење пластични кеси директно се спречува околу 5.000 тони пла­сти­чен отпад да заврши на депонии

Со последните законски измени и донесувањето на новите закони за управување отпад, при­фа­те­на е хиерархијата на управување како во европските земји, каде што најголем при­о­ри­тет се дава на спречувањето создавање отпад (редуцирање). Колку што помалку от­пад се создава, со толку помал предизвик ќе се соочиме.

Та­ква директна мерка за спречување создавање отпад беше забраната за користење пла­стич­ни кеси.
Зо­што оваа мерка е оправдана? Пластичниот отпад од кесите не се обработува и завршува на депониите поради тоа што процесот на нивно собирање и рециклирање е многу сло­жен и скап, па приватните компании немаат многу интерес и не му посветуваат внимание. Ток­му затоа со оваа мерка директно се спречуваат околу 5.000 тони пластичен отпад од ке­си да завршат на депонии.

Вто­ри­от принцип во хиерархијата во управувањето отпад е повторна употреба (ре­у­по­тре­ба) на производот. Со мали промени во нашите навики можеме да придонесеме некои про­из­во­ди да не станат отпад, како поправка на расипаните апарати, мебел или играчки во домот, продажба или подарување облека, апарати, играчки или мебел што веќе не се ко­ри­стат, употреба на керамичка чаша за кафе место хартиени чаши, повторно користење на кесите за намирници или, најдобро, користење платнена торба, користење батерии што се полнат итн.

До­кол­ку отпадот е веќе создаден и не може да се реупотреби, актуелно решение како трет принцип е рециклирањето. За функционален и ефикасен систем на рециклирање по­тре­бен ни е систем за примарна селекција. Под примарна селекција се подразбира сор­ти­ра­ње на отпадот од домаќинствата. Комуналниот отпад од домаќинствата може да се се­ле­кти­ра во неколку фракции, најчесто хартија, пластика и лименки. Моментно, се­ле­кти­ра­ње­то отпад е минимално, само 1,4 отсто од вкупно собраниот отпад претставува се­ле­кти­ран пластичен отпад, додека во руралните средини речиси не постои селекција на от­пад.

Ресурсите не се лесно обновливи, а се лесно уништливи

До­ма­ќинс­тва­та ја имаат главната улога во процесот на примарната селекција. Тоа што тре­ба да го знаат граѓаните е дека со учество во овој процес директно влијаат врз заштитата на животната средина, а со тоа и врз сопственото здравје. Ресурсите не се лесно об­нов­ли­ви, а се лесно уништливи. Секој придонес е од голема важност.
По­ста­ву­ва­ње функционален систем за примарна селекција и активно учество на граѓаните зна­чи­тел­но придонесува за квалитетот на урбаното живеење и за намалување на вкуп­ни­те количини отпад, носи економски и  финансиски бенефити и ја зголемува свеста и од­го­вор­но­ста на создавачите на отпад.

Освен тоа, квалитетот на отпадниот материјал е задржан и потоа може целосно да се иско­ри­сти за рециклирање, па домашните компании нема да мора да увезуваат отпад за да бидат одржливи. Понатаму, преку активно дејствување се засилува свеста и се при­до­не­су­ва кон поодговорно и проактивно однесување на граѓаните за заштита на животната сре­ди­на.

Се­пак, иако законски и според правото на Европската унија, локалните заедници преку јав­ни­те комунални претпријатија се одговорни за градење и одржување на системот за се­ле­кти­ра­ње, во земјава индивидуалните собирачи на пластични шишиња низ градовите (не­фор­ма­лен сектор) и колективните постапувачи имаат најголем придонес во се­лек­ци­ја­та на пластичниот отпад.

За­тоа, да ја користиме секоја пригода во која со нашето дејствување можеме да при­до­не­се­ме за почиста животна средина, помалку отпад, а со тоа и поквалитетен живот за нас и за идните генерации.

(Авто­рот е програмски координатор во „Гоу грин“ Скопје)

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар