Лице в лице со ...

Претставник на генерацијата Z со желба за учење, дружење, вмрежување

Енергијата што ја носат новите продавачи на „Лице в лице“ секогаш, ама баш секогаш, е све­жи­на, нова перспектива и интереси што поттикнуваат доза на натпревар, знаења и пораст. Затоа, тие си се пронаоѓаат во називот микропретприемачи
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО Неџат Камбери, микропретприемач во уличното списание
Фотографии: Томислав Георгиев

Ако се прашувам јас, Неџат е најсоодветниот претставник на генерацијата Z. Кога зборувате со не­го, сфаќате дека сите интереси му се околу технологија, а вниманието и информациите му се од со­ци­јал­ни­те мрежи. „Тик-ток“, „Јутјуб“, „Инстаграм“, блогери, влогери… За некои од нас само по­и­ми, но за оваа генерација значат вмрежување, учење, можеби и работни места од иднината. Ова мла­до момче со огромна жар во очите и љубопитност за сознанието на тоа што се крие зад „огра­да­та“ сакавме да го запознаете на автентичен начин!
Не­џат Камбери е меѓу најновите продавачи на „Лице в лице“, кој заедно со својот тим, се „турка на рака“ со предизвиците на продажба на списанието што ги носи пандемијата. Љубопитен, искрен, зборлив, насмеан, благодарен, полн со позитивна енергија. Покрај него, не можете да не се смеете. Запознајте го, ветувам дека ќе ве инспирира и ќе ви даде позитивна енергија.  ☺

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Ка­ко би се опишал себеси, која е твојата приказна што сакаш да им ја пренесеш на читателите?

– Јас сум трудољубив и се стремам да бидам добар човек. Многу сакам да се едуцирам и не сакам це­ло­то време да го трошам само на игри пред компјутер.  Ми помина времето за тоа. ☺ Се трудам да се едуцирам и да бидам вклучен во многу полиња. Сакам да волонтирам и одам на различни пре­да­ва­ња. Последно бев на обука за правата на детето и научив многу важни нешта.

Што би ти кажал 30- годишниот Неџат денес?

– Учи, не троши го времето залудно. Вклучувај се секаде каде што можеш и собирај животни искус­тва!

А што би му кажал ти сега на 30-годишниот Неџат?

– Ех, Неџат! Има време до 30! :)))

(про­сто­ри­ја­та ја исполнивме со смеа и весела енергија, ја чувствувате преку зборовите, нели? )

На­број три нешта што те прават среќен?

– Друж­ба­та, сонцето и излегување на добра забава! ☺

Кој ти е омилен јутјубер? Зошто?

– Сте­фан Лазаров! (Викна на сет глас и со насмеани очи продолжи да објаснува зошто токму Сте­фан). Многу го почитувам Стефан, неговите видеа ме научија на еден куп вредности! Понекогаш не­го­ви­те влогови ме учат за многу едноставни, но важни нешта. Ме инспирира и ме храни со пре­до­бра енергија! Контентот му е врв!

Неџат Камбери

Ко­шар­ка или фудбал?

– Ко­шар­ка! Последнава година, баскетот ми е многу интересна активност.

„Јут­јуб“ или „Инстаграм“?

– „Јут­јуб“! Следам 40 наши блогери и ги слушам додека се движам, додека одморам, секогаш и се­ка­де кога имам можност. Секој од нив има различен контент. Си блогаат, си влогаат, споделуваат се­којд­нев­ни искуства.

Од досегашната продажба, кој дел од денот и локација ти се омилени за продажба?

– Ку­со време сум во „Лице в лице“, па сакам да истражувам многу што е најдобро за мене. Втор­ник, петок и сабота ми се досега добитна комбинација кога зборуваме за денови, а за локација, ќе ме најдете во реонот околу Млечен ресторан, Карпош 3 и 4 и Влае.

Спо­де­ли ни некоја случка која често  ти е низ мисли.

– Са­кам да раскажам како едно добро дело влијае на тоа да се случат неколку следни по ред. Случ­ка­та беше вака: влегов да продавам во едно кафуле и сите луѓе ме одбија, само една жена не. Ми рече: „Сакам да те поддржам за тоа што го правиш и што работиш!“ Другите, кога го слушнаа тоа, од сите маси во цело кафуле купија по едно списание. Ова ми беше една многу убава и драга случ­ка, која сакам да ја споделам со сите кои ќе го читаат ова.

Ко­го би го повикал во твојот тим за „Лице в лице предизвик“? Со кој би се натпреварувал ти?

– Ова е многу интересно! Би сакал да продавам со Лазаров во мојот тим, а против Мемед и по­е­те­са­та Ана Голејшка. Тоа ќе биде мноооогу интересно! ☺

Кол­ку и што научи од твојата социјална менторка Николина?

– Мо­ти­ва­ци­ја­та! Многу, многу ме мотивира! Некогаш сакам да се шегувам со неа. Ѝ викам: Само ед­но продадов цел ден! Таа грижливо ќе почне да зборува со мене дека е во ред, дека така е на по­че­ток. Потоа ѝ кажувам дека сум продал повеќе и се смееме. Нашите состаноци секогаш ги за­вр­шу­ва­ме со насмевка.

Кој е твојот животен ментор / личност што те инспирира да бидеш најдобрата верзија од себе?

– Бла­го­да­рен сум им на наставниците и на старателот што се грижат за мене! Секогаш ме учат дека е многу важно да се ценам себеси и дека е во ред да не му се допаднам некому.

По­ра­ка што сакаш да ја упатиш до читателот?

Да купат списание секогаш кога можат, затоа што ние работиме!


Забелешка за дизајн: Плс низ текстот да провејуваат смајлиња, карактери кои се специфични за социјални мрежи…. Текстот треба да е што поигриво поставен. Неџат е влогер и јутубер, па да биде блиско и до тоа. Можеби фотката негова ќе е ОК ако ја поставиме како на екран со јутуб…

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар