Жива храна – здрав живот!
Јадете растителна храна, овошје и зеленчук, интегрално жито, семиња и јатки и ако имате потреба, посни протеини како риба или домашен јогурт. Избегнувајте храна со додадени шеќери или брашно (како лепчиња, печива, жито и тестенини) и намалете ги на минимум животинските масти, преработените меса и путерот
Живееме во време на пандемија, кога многумина седат дома, а седењето дома предизвикува тага, депресија, меланхолија. Диетата, односно начинот на исхрана, е исклучително важна компонента на менталното здравје што инспирира цело поле во медицината, наречено нутритивна психијатрија.
Здрава храна – помал ризик за развој на депресија
Тоа што го јадеме е важно за секој аспект на нашето здравје, но особено за нашето ментално здравје. Неколку неодамнешни анализи на истражувања потврдуваат дека постои поврзаност меѓу тоа што јадеме и ризик од депресија. Според една анализа, исхраната што се карактеризира со често консумирање овошје, зеленчук, жито во цели зрна, најчесто без глутен, риба, маслиново масло и антиоксиданти е директно поврзано со намален ризик од депресија. Исхраната, пак, што се карактеризира со голема потрошувачка на црвено и / или преработено месо, рафинирани зрна, слатки, млечни производи со маснотии, путер, компири и маснотии, како и слабото консумирање овошје и зеленчук, е поврзано со зголемен ризик од депресија
[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]
Што е прво? Лошата исхрана или депресијата?
Многумина ќе кажат дека токму депресијата нѐ тера да посегнеме по нездрава храна. Ова е точно, па затоа треба да прашаме што доаѓа прво, исхраната или депресијата?
За наша среќа, многу истражувачи се осврнаа токму на ова прашање. Постои анализа на „Харвард“ во која ги разгледувале само потенцијалните случаи. Тие ја поставиле основната диета и потоа го пресметале ризикот волонтерите од студијата да развијат депресија. Откриле дека здравата исхрана (живата храна, како пример) е поврзана со значително помал ризик од развој на симптоми на депресија.
Сѐ во умерени количини!
И сега ќе прашате: што да јадеме? Јадете растителна храна, овошје и зеленчук, интегрално жито (идеално, во необработена форма), семиња и јатки и, ако имате потреба, посни протеини како риба или домашен јогурт. Избегнувајте храна со додадени шеќери или брашно (како лепчиња, печива, жито и тестенини) и намалете ги на минимум животинските масти, преработените меса и путерот. Повременото консумирање на овие „лоши“ јадења е веројатно добро.
Затоа запомнете, сè во умерени количини!
За тие што се обидуваат да изгубат тежина, ништо не може да тргне наопаку ако јадат овошје и зеленчук. Никој не се здебелил јадејќи лубеница или зелка. Квалитетот секогаш нека ви е поважен од квантитетот.
Љубовна врска со храната
Споделувам едно сведоштво на госпоѓа што поминала низ трнлив животен пат. Живеела во чуден свет, а решението за својот проблем, за депресијата, го најде во живата храна.
ОВОЈ ДЕЛ испланиран со поинаков фонт, може да дојде како писмо илустрирано. Може и поситно да е.
Посакав повторно да се самоубијам кога ми ја зголемија дозата на лекот што го пијам за тоа што мојот лекар го дијагностицира како „главно депресивно нарушување“. Тоа беше мојот втор обид, а првиот беше кога бев тинејџерка. Имав „депресија“ од детството, кога ми беше кажано дека, најверојатно, ќе треба да останам на лекови до крајот на животот. Оваа вест само дополнително ја зголемуваше мојата депресија бидејќи длабоко во себе знаев дека само постојам, а не живеам, сонот ми беше постојано бегство во свет што не можев целосно да го доживеам. Не беше лесно патување. Тоа беше најголемиот предизвик во мојот живот. Со сесрдност ја претворив мојата желба за смрт во огромна желба за живот!
Конечно, најдов здравје и среќа во себе. Мојата т.н. хемиска нерамнотежа во мозокот ја снема. Изгубив 20 килограми и веќе немам симптоми на депресија, вознемиреност, напади на паника, хроничен замор, висок холестерол и анемија и јас сум целосно без лекови затоа што одбрав да направам сѐ што е потребно!
Ги сменив убедувањата, го сменив начинот на исхрана, почнав да медитирам за да го сменам условениот ум, го сменив животот и со поддршка на сопругот, моите деца и тие што ме сакаа, го следев своето срце и тоа што го знаев природно, што ме водеше навнатре кон јадрото на моето битие и тоа е меѓусебно поврзан однос со самата природа. Никој не можеше да го стори тоа за мене. Сфатив дека единствената вистинска форма на помош е да си помогнеш сам!
Денес живеам како секој ден да е скапоцен и сум благодарна за ова искуство. Здравјето беше моја мотивација, но, секако, и тежината. Телото природно се грижеше за себе додека доживуваше детоксификација и се врати во рамнотежа. Еве што сторив.
Во еден миг сфатив дека во фрижидерот и во орманчињата за храна сѐ што имаме е рафинирано, обработено, речиси готово за јадење. Помислив и на своите деца. Сфатив дека не смее и тие да поминат низ истото и затоа мора да исфрлам сѐ. И би така. Исфрлив сѐ и побрзав на пазар. Купив сѐ што е растително. Налетав случајно на „Бистро здраво живо“ и ја видов нивната програма за детоксификација. Ми беше како молња. Три месеци јадев само свежа, највкусна храна. Секој ден чувствував како ме враќа од мртвите. Вториот месец ги вклучив сите домашни. Се радувавме на секое дневно пакетче, ни беа како мали подарочиња за Нова година. Од ден на ден бев сè посреќна, ама однатре. Во домот се чувствуваше радост. Денес сум веќе трета година на жива храна. Двапати во годината одам во бистрото и се подложувам на детоксификација со 28-дневната програма на супербогати нутритивни оброци, но другиот дел од годината готвам сама. Повремено јадам морска храна, уживам во испечен сладок компир, тиква или црн патлиџан, но тоа е реткост. Тортите од „Здраво живо“ се мојот избор за благо, а во орманот освен здрави и безглутенски житни плочки секогаш имам месечна резерва на лепчиња и крекери од моите здравоживи пријатели, кои ми станаа семејство.
Денес нема апчиња, нема тресење, не бројам калории … уживам во живата храна! Повеќе немам желба за храна што не додава повеќе „живот“ на моето тело. Развив нова љубовна врска со храната, која ме храни и физички и духовно. Тоа што ме мотивираше да ви ја раскажам својата приказна е да споделам со вас дека секој има иста можност.
Секако, не може сѐ и секој да се излекува, но со сигурност може да го подобри квалитетот на животот.
Рамка: Рецепт за зелено смуди
Рецепт за зелено смуди
Најважниот оброк во живата кујна е смудито, особено зеленото смуди.
Зимски кашест сок,
Потребни состојки (за еден литар смуди):
Китка зелје
2 киви
250 грама бело грозје
2 јаболка
1 лажица ленено семе (свежо мелено)
1 лажица конопово семе (свежо мелено)
800 милилитри сончана, изладена вода (вода што во стаклен сад стоела подолго од 6 часа на сонце)
Постапка
Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте од најслабо до најсилно, најмногу една минута. Може да го испиете целото смуди, а може и да си оставите за подоцна во текот на денот претурајќи во стаклено шише или тегла, складирајќи го во фрижидер. Може да трае најмногу 24 часа
Рецептот е дел од книгата на Маја Платнар „Мојата жива кујна“
(Авторката е основач на „Бистро здраво живо“)
[/ihc-hide-content]