Лице в лице читална

Среќата ти е пред носот, само треба да ја видиш

Време на читање: 3 минути
Ретро или њутајмер тинејџер? Во која група си ти? Во која и да си, знај дека љубовта е олд­тај­мер­ска. Постои отсекогаш и ќе постои засекогаш, те уверува Венко Андоновски

8 сеп­тем­ври

Ве­ќе губам волја. Седум дена бев мирна, а сега пак почна. Денес не беше онакво од куче, беше ед­на мува. Професорката Јовиќ предаваше за Илијада и Одисеја на Хомер, говореше за тоа дека ста­ро­грч­ки­те јунаци ги краселе витешка чест и достоинство. И само што рече „достоинство“, низ про­зо­ре­цот влезе таа. Гадот, мувата. Ај погодете на кого застана? На мене. На мојот нос.

Отка­ко влезе низ прозорецот, бидејќи брмчеше како да е млазен авион, сите ја следеа со поглед. А кога го избра мојот нос за аеродром, сите љубопитни погледи ги замени кикот. Јас, пак, не знам зо­што, иако мувата ме скокоткаше, се правев дека не ја забележувам, па божем заинтересирано гле­дав во професорката Љиља, која и натаму говореше како ништо да не се случило. Но само јас ви­дов дека и таа виде: крајчињата на усните ѝ трепереа и јас се исплашив дека пак ќе прсне во онаа смеа. Но таа одлично се контролираше. Решив да не се поместувам. Ми се чинеше дека, ако за­мав­нам со раката и ја избркам мувата, на некој начин ќе признаам дека самата сум виновна за тоа што слетала врз мене. Дека ги „исполнувам условите“ да застане врз мене. Дека мирисам не­при­јат­но, иако лицето утринава го измив со најубав сапун од кокосов орев. Или дека воопшто не сум ги испрала патиките од минатата седмица, по оној инцидент со кучешкото онакво.

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Ка­ко и да е, таа постојано се враќаше на мојот нос. Броев: за дваесет и три минути, колку што оста­наа до крајот на часот, гадинката се врати 14 пати: тоа е, во просек, на 24-25 секунди, што е многу агре­сив­но за една обична мува со чесни, природни, а без некои скриени намери.

Ѕво­не­ше, часот заврши, а јас намерно се влечкав да останам последна, со класната. Таа, исто така, бав­но ги собираше своите работи од катедрата: беше јасно дека и таа сака да остане со мене. Кога оста­нав­ме сами, таа се засмеа, ама брзо сопре.

„Зна­еш ли дека одвај се воздржав“, ми рече и јас забележав дека помина на „ти“ со мене.

„До­бро, во што е проблемот со мене, професорке?“ прашав. „Зошто малиот гад ме одбра токму ме­не?!“

„За­тоа што си слатка“, рече. „Штом твоето носе е привлечно за малиот гад, како што велиш, тогаш ќе биде многу, многу привлечно и за некој мал принц“, рече таа. Ја погледнав прашално, а таа ре­че: „Знаеш, Стела, повеќето луѓе мислат дека гнасите одат на гнасни нешта. Но воопшто не е така: се­кој гад сака да грабне од тоа што не е тој, од убавото, од тоа што не го заслужува; мувите нај­че­сто се дават во мед“.

Тоа малку ме потсмири, но не го разбрав најдобро следното што го кажа класната: дека е добро што мувата слетала на мојот нос. „Тоа е лекција“, рече. „Лекција за видливоста на несреќата, а не­вид­ли­во­ста на среќата“, додаде и продолжи: „Луѓето секогаш ја гледаат несреќата, а никогаш не ја гле­да­ат среќата што ја имаат. А понекогаш им е пред носот, дури и на врвот од носот. Еден ден ќе ти слета и пчела на носот, не мува. Мувата ќе ја сетиш, оти те плука и скокотка, ама пчелата не, за­што е мирна, и без да сетиш ќе пушти капка мед на тоа твое чпртаво носе.“

И јас се сетив дека еднаш и тато ми рече: „Мојата мала Херкула Поаро треба да знае дека ре­ше­ни­е­то ѝ е најчесто пред носот и токму затоа не го гледа!“

Клас­на­та го зеде дневникот и тргна да излегува. Но пред да излезе, се сврти и ми рече: „Не по­вто­ру­вај ја мојата грешка. Две години се немам насмеано поради еден човек, кој замина очаен во странс­тво зашто не ја препознав неговата љубов. Пет години сум имала пчела на носот, а не сум ја се­ти­ла. Да беше мува, гласно ќе се жалев и ќе протестирав, сите ќе знаеја. А вака ми е срам да ка­жам некому. Само ти знаеш“.Оста­нав во училницата како од гром погодена. Кој ли е тој човек? И како оваа моја прекрасна про­фе­сор­ка не ја видела неговата љубов? Зар навистина често се разминуваме со среќата, токму за­тоа што ни е на носот, а не ја гледаме?

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар