Актуелно

Неделата на продавачи на уличен печат одбележана со ракометари, твитерџии и со инстаграмџии

Про­да­де­ни 1.100 спи­са­ни­ја, вклу­че­ни осум ра­ко­мет­ни клу­ба од ма­шка­та Су­пер­ли­га, трој­ца од за­ед­ни­ца­та на „Тви­тер“ што про­да­ваа „Ли­це в ли­це“ ка­ко под­др­шка на про­да­ва­чи­те и еден куп чи­та­те­ли на „Ли­це в ли­це“, е епи­ло­гот од од­бе­ле­жу­ва­ње­то на Ме­ѓу­на­род­на­та не­де­ла на про­да­ва­чи на ули­чен пе­чат, ко­ја се слу­чу­ва­ше пр­ва­та не­де­ла од фе­вру­а­ри, во Скоп­је, Стру­га, Би­то­ла, Охрид и во При­леп.

Ак­ци­ја­та се од­ви­ва­ше под сло­га­нот „Би­ди фит – веж­бај го умот“, а чи­та­те­ли­те на „Ли­це в ли­це“ имаа мож­ност да го ку­пат спи­са­ни­е­то, да се фо­то­гра­фи­ра­ат со ра­ко­ме­та­ри­те и да до­би­јат авто­грам. Дел од про­да­ва­чи­те за прв­пат до­би­ва­ат под­др­шка од по­пу­лар­ни ли­ца, а дел од нив со оваа ак­ци­ја се за­ин­те­ре­си­раа за ра­ко­ме­тот ка­ко спорт.

– Ни­ко­гаш не сум имал искус­тво ка­ко ова, да про­да­вам спи­са­ни­ја со авто­грам и да им ну­дам на ку­пу­ва­чи­те да се фо­то­гра­фи­ра­ат со нас. Уба­во ми бе­ше да се дру­жам со ѕвез­да ка­ко Ди­син­гер – спо­де­ли  Ту­нан Са­дик.

Ра­ко­ме­та­ри­те, пак, спо­де­лу­ваа де­ка не е ед­но­став­но да се про­да­ва улич­но спи­са­ние, осо­бе­но во ус­ло­ви на пан­де­ми­ја. Тие ги по­ви­каа про­да­ва­чи­те на „Ли­це в ли­це“, ко­га ќе се обез­бе­дат ус­ло­ви, да би­дат на три­би­ни­те и да ги под­др­жат спор­ти­сти­те на­ви­вај­ќи за нив.

Под­др­шка­та од за­ед­ни­ца­та на „Тви­тер“, пак, дој­де и од @ashe_wdc @Vlatko_Werder и @jburgundi, кои им го раз­у­ба­ви­ја де­нот на Ва­лен­тин, Са­мир и на Мех­мед ну­деј­ќи го за­ед­но со нив „Ли­це в ли­це“ во Град­ски­от парк во Скоп­је.

На­ста­ни­те беа одр­жа­ни со вклу­чу­ва­ње на про­да­ва­чи­те од Дне­вен цен­тар за де­ца на ули­ца од Скоп­је, „По­ра­ка но­ва“ од Стру­га и МКЦ од Би­то­ла.

Ак­ци­ја­та ја под­др­жаа: Кри­сти­јан Ди­син­гер (Вар­дар), Не­над Ко­сте­ски, Де­јан Ку­ку­лов­ски и Ма­тео Ма­раш (Еу­ро­фарм Пе­ли­стер), Мар­тин Се­ра­фи­мов, Зла­тко Хор­ват и Мо­мир Рниќ (Ме­та­лург), Ми­хај­ло Мла­де­но­виќ и Ни­ко­ла Да­ни­лов­ски (Охрид), Го­ран Пе­чен­ков­ски, Бо­јан Спа­сов­ски и Јо­ви­ца Мла­де­нов­ски (Бу­тел Скоп­је), Де­јан Пе­ца­ков­ски и Ми­ха­ил Ала­ров (Про­лет), Ни­ко­ла Цве­та­нов­ски, Пе­тар Мар­ков­ски и Вук Ла­ки­че­виќ (Стру­га), Ха­ри Пав­лов, Хри­сти Би­ков­ски и Ха­зе­ин Ру­ста­мов (При­леп).

Под­др­шка стиг­на и од инф­лу­ен­сер­ки­те на „Ин­ста­грам“ Са­ња Ри­стиќ и Миа Ко­сто­ва.

За прв­пат оваа го­ди­на, по­ра­ди пан­де­ми­ја­та, Ме­ѓу­на­род­на­та не­де­ла на про­да­ва­чи на ули­чен пе­чат не­ма­ше офи­ци­ја­лен гло­ба­лен предз­нак, ту­ку се од­бе­ле­жу­ва­ше по ини­ци­ја­ти­ва на улич­ни­те спи­са­ни­ја, член­ки на Ме­ѓу­на­род­на­та мре­жа на ули­чен пе­чат (ИНСП) со се­ди­ште во Глаз­гов.

На­ша­та зем­ја овој на­стан, кој ја сла­ви ра­бо­та­та на про­да­ва­чи­те, го од­бе­ле­жа по де­вет­ти пат, при­тоа по­чи­ту­вај­ќи ги си­те про­то­ко­ли на за­шти­та. Гра­ѓа­ни­те што ги про­пу­шти­ја овие дру­же­ња, мо­же да си обез­бе­дат спи­са­ние пре­ку ди­ги­тал­на­та пла­тфор­ма ста­ну­вај­ќи дел од за­ед­ни­ца­та на „Лице в лице“.


Напишете коментар